здраво девојки. Денес ми падна телефонот samsung galaksy mini 2, тачот работи и е брз како порано, ама кога прашав ми рекоа сепак се менува и екранот, дали некој би знаел колку би чинела поправката? Го пазев и сега срце ме боли.. ви благодарам
Девојки не земајте Алкател OT-902 дефинитвно е канта мобилен, за ништо не чини. Дури и на сервис не можат да го поправат.
Здраво! Ме интересира дали андроид телефон може да биде пронајден доколку е загубен. Пошто си најдов еден телефон во друго населено место па не можев да го вратам , а и ми се допадна така да неќам да ми го пронајдат
Секој моб телефон може да се пронајде по имеи бројот .Бидејки е пронајден телефонот законски никој ништо не ти може останува на тебе и грижата на совест дали сакаш да го вратиш или не .Поз
Секој телефон може да биде најден по она GPS мислам се викаше , без разлика дали е од друго населено место......Инаку за враќањето стави се ти на местото на тој што го загубил па тогаш одлучувај дали ќе го враќаш или не
Да знам за тоа дека не ги наоѓаат секогаш.Не дека неможат туку не се замараат мн мн со мобилните.А како опција може да се најде телефонот веднаш штом ке се стави сим каричка во него ( од проверени извори го кажав ) .На изгубен телефон не го ни бараат,само ако е украден и пријавен во полиција ..
Досега сум нашла 2 телефона и сум ги вратила, но кој и да е убав телефон не би вратил доколку не ја познава личноста што го изгубила. Мене ми е повеќе за тоа да не си имам проблеми ако го пронајдат. Секако нема веднаш да почнам да го користам, ќе почекам малку
Ке те посоветувам да го вратиш,сите сме луѓе и некогаш знаеме да изгубиме нешто.Зарем нема да те гризе совеста да знаеш кој е сопственикот а да не го вратиш ?Извини несакам да те навредам само малце гласно размислував и искажав мое мислење.Немора да се има проблем со законот но човечноста мора да работи во нас .........
велиш дека е убав телефонот па најверојатно со помош на gprs сигналот ке го лоцираат кога ке ставиш сим картичка во него Значи да се разбериме ако се пријави телефонот како изгубен него го бараат и не се замараат а ако се пријави во полиција како украден тогаш се следи по сигналот ке ти дојдат дома на врата остај што кети го земат та и ке те гонат кривично оти си го украла ке речат ако си го нашла оти во полиција не си го однесила ке си ставиш бела на вратот и ке си имаш проблеми со законот мислам дека најпаметно ти е да го однесеш во полиција они ке го дадат кај што треба
Во последно време мобилниот телефон е постојано со мене инаку порано не преферирав да го носам со мене
од 500 до 1000че. Зависи од мобилара до мобилара, секој може различно да ти земе. Јас такви работи завршувам или во Мобил шоп кај веро во тафталиџе, или кај еден дечко кој живее исто во таа близина од дома си работи, он по 500че зима за такви работи а со навигација плус- мапа на цела Македонија е 1000ка. Јас од пазар3 го најдов, и да ти кажам ме изненади колку поштен дечко е, кога имав проблем со првиот ајфон што го земав, не можеше да фати мрежа, работеше 2 саати и на крај не успеа не ми зема ни денар, дури и ми советува да го вратам зашто не бил исправен. http://www.pazar3.mk/mk/Listing/AdDetai ... -5-4S-4-3G Јави се за конкретно цена да ти каже, може и е поефтино
Девојки денеска ми падна мобилниот Самсунг Галакси Фејм и ми се скрши стаклото на екранот. Мобилниот ми е подарок за роденден и не сум полнолетна така да е на татко ми а нему не можам да му кажам. Дали да одам во Т-мобиле и дали ќе може да ми го поправат без да биде известен татко ми или да одам кај некој приватно да ми го смени ???
Физички оштетувања не спаѓаат во гаранцијата никаде .Можеш да го однесеш во некоја мобилара да го заменат дисплејот (доколку е само тоа оштетено од падот ) .
Знае ли некој како на овој телефон да му го исклучам гласовното кажување точно време ? Ни мајка ми не знае како се пуштило и на секој саат само тоа дрдори
Јас имам huawei harley 8180. Трактор не му е равен! На моменти како ми иде да го зашамарам... уф. Ама капа му симнувам, колку е издржлив. Колку пати ми паднал... алал му вера, стварно. На асфалт, на трева, на плочки, на пархет. Поплавен беше со вода, неколку пати... Ама затоа кочи... ненормално. Еднаш ми се испразни батеријата и му требаа цели 25 минути за да се уклучи. Сам си се исклучува, кога ќе му текне. Кочи нон-стоп. Ретко кога чита мемориска, треба 20 пати да ја вадиш-ставаш, за да ја прими. Кога ќе му текне, се брише именикот. Кога ќе му текне, пак ќе се врати именикот. Откако ќе пронајдеш вифи, ти требаат 15 минути, за да ти се уклучи фб. На моменти сам ќе светне наеднаш екранот, а ниту сум го чепнала-нит ништо. Не дај Боже да ти притреба нешто на брзинка да видиш... има да се изначекаш. Дури и тешко му е да влезе во менито. Треба уште да набројувам? Иначе, не е ваков ради тоа што сум го треснала. Он е потресен уште од кога го купив. Ај, ќе терам со овој до декември, додека истече договорот. Те куравте техника. Не го препорачувам на никој! Ова не е само мое искуство. Таков е едноставно-ТУП и ГЛУП.