користам мобилен имам LG на тач ама не сум зависна од моб. тоа е само по потреба кога теба да се јавам и тоа краток разговор,а пораки немам пратено веке 7 години,уште пред да се омажам,тогаш со маж ми си пишувавме пораки
Jaс сум слушнала Во One го немаш тој али имаш Samsung I9100 Galaxy S II - http://one.com.mk/mobilni_privatni/prod ... -s-ii.html и Samsung Galaxy SII Plus - http://one.com.mk/mobilni_privatni/prod ... -plus.html А за во мобилара незнам баш зашто не сум земала од таму ама не верувам дека е сигурно
300 денари Да,различен е вака,ама на Compare Phones страната имаше различни работи,ес тројката има појака камера,понов блутут,ама затоа ес двојката има појака предна камера,слични се во некои работи дури и ес двојката има нешто и подобро,јес да ес 3 си е ес 3 ама мене и с2 ми е убав Еве ви и линк,па видете - http://compareindia.in.com/comparison/2 ... 3-i9300/23
Ми го собраа телефонот пред три дена во Стоби вечерта, во комплет со картичка на ВИП, заедно со футроли, глупости и се пропратно. Утре дента одма отидов во ВИП, нели преку GPRS да ми го лоцираат некако и беа буквално незаинтересирани и ми рекоа само не можеме ние никако да ти помогнеме. Муабетот ми беше, дали може некако да се лоцира телефонот, а нормално картичката и се друго е извадено? Било каков одговор би ми бил од корист, затоа што спопиздив веќе, и буквално не знам како го извеле чинот за да го земат мобилниот, секоја им чест.
Анабела, не во ВИП, туку во полиција ќе одиш да пријавиш. Таму ќе те распрашаат и ќе ти побараат еден број што го има на кутијата на мобилниот (сега да ме утепаш не ми текнува како се викаше тој број ) и ваљда преку ГПС ќе ти го најдат, нема врска картичката, битно треба да е упален, а не изгасен, е сега ако е изваден надвор од државава (продаден и сл.), збогувај се со телефонот . Совет плус!! - На толку украдени телефони и пријавени во полиција ни еден не ми најдоа АМА знаеш зошто? Зашто отидов ко обичен смртник во полиција и си пријавив. Епа не, ќе мораш да потегнеш врски од негде и тоа со првото одење, зашто не се замараат ама ич, освен ако не им каже некој дека стварно треба да се најде мобилниот. На другар со врски му го најдоа одма! А има и една друга страна, ако немаш врски, а одиш да пријавиш, ако е телефонот појак модел, ќе го најдат и си го зимаат за нив
Тогаш обавезно одам и во полиција, не знам зошто овие од ВИП не се потрудија барем да ми посочат каде да се обратам, ме изигнорираа како ништо... Не верувам да е изнесен од државава, а во случај да е - нека ми е на здравје. Фала ти за одговорот многу, а на мене ми преостанува сега за чудо да се молам. Телефонот беше Samsung Galaxy s3, не знам колкави се шансите да си го зачуваат за себе од полиција, затоа што беше прилично нов и ептен добро сочуван.
^ Никој со ништо не се замара, во тоа е и целата работа. Да, видов од сликата што модел ти е, ама верувај ми тој муабет дека си ги земаат ни беше кажан од цајкан И баш за такви и се тепаат да ги најдат, да си ги присвојат, што ќе им е ако е по прост.. Си знаат они што сакаат Не озбилно фаќај врски и со среќа А, и да, досаѓај им, цело време оди и прашувај до кај е работата.
Јас во 2004-та година имав Alcatel OT331,но морав од одредени објективни причини да го фрлам и во 2006-та година за 3500 денари си купив еден убав Black knight Alcatel OT576(мислам дека така беше бројката,не сум баш сигурна,но тоа не е премногу ни битно,битно е што сега за помали пари,првиот го платив 5000 денари,си купив многу поубав мобилен телефон)! Не сум претерано зависна од мобилниот,колку имам потреба толку зборувам,пораки не знам да пишувам,тоа едноставно на мене не ми оди,на припејд сум,така што помалку трошам според мене,бидејќи на постпејд секој месец се плаќа претплата,зборел,не зборел! Новите мобилни се можеби поинтересни,но се многу поскапи како за мултимилијардери,така што јас барем моментално не сум во можност да купам некој од полуксузните,но јас сум скромна и не се жалам,задоволна сум со овој мојот актуелен! За мене мобилниот не е луксуз,туку потреба бидејќи е мој личен телефон и имам број којшто е само на мое име и на никое друго!
е мене ми се случи истово пред 3-4 години само јас бев на космофон(оне) телефонот беше добар и имаше гпрс ама од оне ми рекоа ние ништо неможеме да сториме и не ми рекоа дека можам да се јавам во полиција и јас се збогував со телефонот, среќа по некој ден една девојка(се познававме) го нашла и чесно ми го врати
Мене во Охрид пред недела дена ми се случи исто , само што не загубив јас телефон туку најдов телефон , IPhone на една клупа на шеталиштето некој го заборавил и одма заѕвонив во именикот што најдов најмногу бирани броеви и поштено му го вратив на човекот, многу ми беше благодарен пошто службен му бил телефонот. Инаку ова за врските во полиција арно ти велат , ако имаш некој поблизок таму уште поарно бидејќи што до сега не ти го вратиле тие што го украле изгледа не ни им е во план....
Го има ли некој АLCATEL ONE TOUCH 991? и дали камерата му е толку темна како мојата а блицот баш и не помага многу или јас незнам да го направам
Имам на план да си купам мобилен телефон ама ми требаат некои страни од т-мобиле или вип да видам отприлика со какви телефони располагаат,додека не отидам до таму да видам.Она што досега успеав да го најдам беше нешто минимално и се на рати да плаќаш,а јас во готово планирам да го земам затоа ми треба да видам со што располагаат на припејд.Ако некој нешто најде нека ми прати да поразгледам да видам отприлика што како е па од понеделник ќе одаам по град да гледам.Фала однапред
Другар ми го има и мене истото не ми беше јасно , сите слики се многу темни , а недај Боже да те слика навечер у темница , ќе те заболат очите од што е јак блицот а сликата пак е темна...
anabel-a девојко што направи со телефонот беше ли во полиција? Не ти одговорив ништо ама те читав и немав што друго да ти кажам за совет бидејќи феминките ти ги кажаа сите опции, па еве сега ми текна да прашам што и како.
Ништо, зиро, нада... Го однесов у полиција кутивчето од мобилниот за тие бројките да ги видат, ми пристапија и они апсолутно незаинтересирано, и не можам да се надевам веќе на чудо. Додуша, скроз цела вина си ја префрлам на себе само, затоа што сум крајно негрижлива, ова не ми е прв пат да ми се случи некоја незгода од големи размери со некој уред, никогаш нема да си простам на глупоќата, никогаш...
уф леле разочарувачки,сепак фала на одговорот да не редам мислења едно по друго,овде да прашам Како се прави роаминг на поспејд на вип?