Една моја другарка го има истиов, задоволна е од него , брзо работи и не и кочи затоа што има помалку апликации , само неа уште втората ден и падна (свртен од задната страна кај батеријата) а и пукна екранот Многу осетлив му е екранот а и кој и да го видам со ваков телефон му е распукан екранот, затоа ако земаш пази го како очите во главата
Во глобала сите телефони од асортиманот на experia кочат, кој повеќе кој помалку. Ама ќе се навикнеш. Ние сме цела фамилија , како претставници на Сони сме Мојот е со дуал кор процесор па пак си кочи, не многу ама пак се осеќа. Е сега зависи и какви алпликации имаш , се разбира колку помалко апликации толку подобро работи телефонот. И точно е тоа што напиша феминката над мене за екранот, ептен ама ептен е нежен и треба многу пазење. А на изглед мене ептен ми се симпатични Инаку овој што си го постирала е Сола. Oвој е Миро. Ептен се слични на изглед.
ова болдираново ти се тарифите, а ова со italic и underline ти е колку треба да се доплати за да го земеш тој телефон. ти викаш имаш уште една година, а за една година можеби ќе се намали цената на телефонот во што сум сигурна 100%. а инаку телефонот е одличен. се надевам ти помогнав
Многу брзав кога го оставив мислењето, дури не сум ни ја приметила грешката. Јас одлучив ќе си го земам телефончево, уште утре Па ќе земам и маска, вајда колку толку ќе заштити. Ма ќе го чувам како очите, премногу му имам мерак на телефонов. Ви благодарам на инфо duffi, levely, butterfly-girl
Само што си земав нов телефон. Како што знам,батеријата треба да ја испразнам целосно па потоа да го полнам. Прашањето е дали да го полнам додека се наполни до 100 % или треба да го полнам 12 часа? Спојлер Можеби е смешно прашањево но татко ми е таков специфичен човек па сакам да знам дали навистина треба 12 часа да ми се полни телефонот?
Дали некој го има LG OPTIMUS L 5 и како е задоволен? http://www.vip.mk/telefoni/gsm-advisor/lg/698/optimus-l5#ad-image-0
Ако ти е на нов телефонот, првите 3 пати остави го да се испразни до крај и да го оставиш да се полни по 12 часа. Тоа е некое непишано правило, за секоја техника мене ми го кажуваат, и за телефони и за таблети и тн... Значи првите 3 пати по 12 часа, после колку што му треба за да дојде до 100%. Тоа било за продолжување на векот на батеријата, колку што е моево скромно познавање од технологијава.
Само што земав нов телефон Sony xperia E,задоволна сум сега за сега, инаку сакав да земам Samsung Galaxy S4 ама некако не ми се даваат толку пари за телефон бе
Имам ZTE Blade 3, проблемот е што дисплејот сам светка од време на време, чепкав нешто инсталирав некои апликации (играта Пу, ако тоа нешто значи, живи позадини и слично). Претходно кога го купив си беше ок. Значи пробав и сетинг, исклучив и автоматско заклучување на екранот и пак исто. Помош?
Ај јас пак,кој друг ако не мене,купив самсунг галакси с4,си лупнав парички,јака пара фрлив и сеа си идам дома и пробувам да се јавам,не идет. Ми го вклучија таму уште,ми ја наместија картичката,пошто овие користат нели мала картичка,се ок и си идам дома пробувам да вратм,и не се слуша ништо кога јас зборам,а кога од другарата линија ќе ми зборат јас слушам добро,ама мене не ме слушаат.Се испревртев и се испобарав,ај женски ако имал некој ваков проблем со овие паметниве демек телефони,поготово ако има галакси 4 го молам да споедели ускуство.
Kiki провери да не случајно стискаш мјут кога збориш со некого на телефон, па затоа они не те слушаат а ти ги слушаш, на теч е осетлив да не случајно допираш со образот? Ако не е тоа, оди одма да го рекламираш и да го вратиш, штом ти е нов, мора да ти го средат или во краен случај нов да ти дадат. Ма да мислам дека не ти се има случено само за тебе, ако е најновиот самсунг овој мој познаник во замени во брзо време заради некои нерешливи проблеми.
Ништо не е што светка. На сите светка така чат пат, ќе си прекине сам. И јас имам ЗТЕ Гранд Х ин, и си светкаше така од време на време, и си прекинуваше. Сега еве со месеци нема светнато.
Не,не е тоа,пробав јас уште одма на тоа,и пребарав секаде во phone settings незнам само колку пати проверив и се е во ред,мислам се нагодени опциите како што би требало да бидат и пак не го бива. Јас да можев уште веднаш ќе отидев,ама вчера сабота си дојдов доцна,а денес недела тек утре треба,па ми ја пресекоја и картицата и неможам на друг телефон да ја ставам,тоа е најлошото,а неможам пак да зборам,живци си искинав.Ништо,утре ќе појдам,ако е фабрички недостаток,би требало да го рекламираат,два дена едвај,ако е користен.Инаку да,најновиот од самсунг галакси е,тој во април што го донесоја кај нас.
дали во Т-мобиле прават декодирање на мобилни и колку кошта? Имам телефон што работи само на нивна картичка, а бројот ми е на Вип па сакав да го декодирам мобилниот.