Jaс пробав со најпростото дека некогаш најпростото го забораваме... Али очугледно не си единствена, прочитав 10 статии на нет со истиов проблем. Рекламирај одма, гаранција мора да имаш.
Го користи некој овој телефон? (Сamsung i8190 galaxy s iii mini) Ај кажете мислење,сакам да си го земам.
Не мора во т-мобиле да ти го декодираат. Може во било која мобилара. Мене во мобилара ми земаа 300ден.
Стварно ли на ајфон 5 многу брзо му се расипувало копчето за отклучување така слушнав, и сакав да прашам кој е подобар ајфон 4с или 5? уште си се мислам јас дали ајфон или галакси с4 планирам да купам телефон од т-мобиле, од таму можам најевтино да земам за било кој да се одлучам.
Нема да згрешиш ако земеш самсунг с4 ти гарантирам, го има брат ми, земи самсунг кој ајфон, самсунг број еден се од секогаш во светот сепак изборот е твој
Копче за отклучување нема, имаш за заклучување и тоа е едно горе, а се одклучива со лизгање по екранот, некој не ти објаснил убаво. Дали се расипува многу не знам, има две копчиња само на ајфон, тоа горе за заклучување и за исклучување сосема и едно во средина за мени и за сите функции. Со оглед што се две и само тие се користат има шанси да се расипат, ама толку брзо не, не верувам, не е толку нежен телефонот. Мене самсунг галакси и сите андроиди можат да ми бидат подобри од ајфон и иос само во некој паралелен универзум, али тоа е лично мислење и преферирање, треба да споредиш па за да можеш да донесеш заклучок.
Првпат слушам вакво нешто. Не дека сум пристрасна и дека не признавам друг OS освен iOS, ама стварно ваков муабет само Андроид фановите може да измислат. Не сериозно, не може да се случи такво нешто, освен Бог да чува да ти падне многу силно па да оштетиш нешто, еве не знам за тоа. 5-ката е понова верзија од 4S и нормално дека ќе биде подобра. Инаку, од денес во Т-Mobile официјално во продажба ги има и iPhone 5S и 5C.
Галакси С4 дефинитивно,машина е.Од Ајфоните,5 има подобри спецификации а и потенок е од 4С,други некои разлики нема.
Фала девојки, веќе се збудалев со телефониве сите на памет ги научив, нема клипче на јутуб што го немам гледано па што да правам телефон купувам еднаш а овој што го имам ми е 3 по ред, првиот што го имав беше lg многу си го сакав како количе ми беше, дури и такви музики имаше го зеде татко ми да го користи, а мене ми купи ваков Кој незнам дали нажалост или за моја среќа ми падна во веце и последен телефон кој го користам веќе 2-3 години е овој и сега морам да си се почастам со нов телефон, кој ќе си го купам сама со мои пари ама кој ќе бидеее за жал сеуште не сум сигурна 100% а ти сенза.пароле ајфон 5 имаш така? како си задоволна? Камерата како е?
^^ Да, iPhone 5 имам. Еве скоро 11 месеци го имам (лани на 14 Декември го зедов). Презадоволна сум и од него, и камерата конкретно што ме прашуваш - топ слики вади. 8 мегапиксели е, ама со подобрени леќи од 4S моделот. Не велам дека Samsung Galaxy S4 не е добар телефон, таман работа, ама јас лично сум Apple фан и плус не преферирам толку големи телефони.
Се мислам помеѓу iPhone 5s и iPhone 5c имаат само три разлики iPhone 5s има Touch ID сликање фотографии додека се снима и детекција на лица се друго е апсолутно исто разликата е 6000 денари навистина не знам што да правам вие да бевте на мое место што ке изберевте И таму пишува дека постојаните корисници на TMobile имаат попуст јас имам број од нив но телефонот не е од таму дали ке ме рачунаат како постојан корисник?
Кој и да го земеш нема да згрешиш. Преубави се и двата. Инаку да, имаат минимални разлики: во блицот, нешто од слики, видеа и процесорот. И надворешниот дизајн секако, 5S е изработен од еден вид на метал, 5C е пластичен, ама не заостанува во квалитетот. Прекрасни телефони во секој случај. Инаку, нема врска ако немаш претходно земено телефон од T-Mobile, ама ако си пост-пејд корисник ќе те рачунаат како постојан, а ако си била при-пејд досега, а сега земеш телефон на претплата ќе те рачунаат како нов корисник.
Дали има разлика од батерија што се вади и таа што не се вади? Дали таа што не се вади во случај да се расипе може да се поправи? И која е разликата помеѓу ли-по и ли-он?
Што е разликата меѓу iPhone 5S и iPhone 5C? Денес татко ми бил во Т-mobile и му кажале дека iPhone 5C е поефтин од 5S. Зошто е поефтин? Има помалку опции од 5S или како?
Па ете погоре имаат напишано Ја ќе се убијам,овој братучед ми е смотан,дефинитивно.Уште нема купено,а ни ја незнам,како бе како да се одлучи човек измеѓу ајфон 5/4с и галакси с4 Од една страна,многу е убав галакси с4 ама па цигла бе цигла,а ајфонот,па и ајфонот е убав аман бе
Пред се, 5с е пластичен, економик клас, затоа не се исти.и е по ефтин. А 5s Е супер телефонче. Јас го купив пред месец дена и искрено сум мн задоволна