1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобинг на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од Klara007, 1 септември 2010.

  1. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Мислам дека сите знаеме што значи овој поим. Дали на вас ви се има случено ова некогаш или пак тренутно ви се случува? Не сум многу упатена дали кривично се одговара за тие што вршат мобинг врз одреден колега на работното место :^) Мене не ми се случило до сега, иако сум имала непријатни ситуации, во кои ме довеле колегите, намерно исл. Но, мобинг е нешто сосема друго...Се надевам дека оваа тема ќе поттикне добра дискусија. :)
     
  2. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    По дефиниција мобинг е притисок врз вработените, или психолошки терор на работното место. Се состои во непријателска и неетичка комуникација, најчесто врз поединец, кој е ставен во состојба на беспомошност, без можност да се брани. Состојбата може да се одреди и како систематска и организирана кампања, со цел одредено лице да се избрка од работа.На многу вработени намерно им се скратуваат важни информации, ги исмејуваат и се шегуваат на нивна сметка, без оглед дали е за говорот, држењето, одењето или однесувањето. Најтешко за жртвите е кога ги оптоваруваат со измислени сексуални интриги, им се закануваат и физички, па и сексуално ги напаствуваат. Но, правниците укажуваат дека во согласност со законските одредби, еден од условите за тортурата да се оквалификува како мобинг, е таа да се одвива во подолг временски период од најмалку шест месеци.
    Сметам дека кај нас е застапен мобингот во големи размери,но луѓето сеуште немаат храброст да го пријават. Или пак се плашат да го изгубат работното место,до кое денес навистина тешко се доаѓа.
     
    На Mina-aniM, Summerbaby, Colors и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.562
    Пол:
    Женски
    Мобинг кај нас има колку што сакаш. Поготово кај приватниците. Се изживува на тебе, си лечи фрустрации, како божем за тоа да те плаќа. Оди на психијатар бре човече :!:
    Трпиш додека можеш, кога ќе ти прекипе ќе напуштиш, па ќе одиш кај друг малку да си ги полечи фрустрациите. Па оди пријави го :^)
     
    На ku4ence, Meckicja, FineChina и 4 други им се допаѓа ова.
  4. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Еххх мобинг има и во државните работни организации...Ете пример и кај мене има, само не се осмелувам да пријавам, не сакам да излезам таква голема идиотка.. Што мислите вие?
     
  5. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    :rock: :rock: :rock: :rock:
     
    На sweettwist му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.020
    Допаѓања:
    66.562
    Пол:
    Женски
    Па ако е нешто сериозно нема зошто да не пријавиш. Што си ти должна да трпиш некој да те малтретира? Ако постои можност тоа да се среди, треба да пријавиш.
     
    На Meckicja, Cinderfakinrella, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ах не сакам да изгледам како некоја лигушка, но често пати коментарите оние непотребните и навредливите од колегите не можам да ги трпам, ме доведуваат до лудило... :@ :@ :@ :@
     
  8. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Ова го има и кај мене да ви кажам, не е само во приватните фирми. Јас сум во државна администрација, ама шефицата што ја имам е катастрофа, само се дере, вика, наредува!
    Демек со викање сака да постигне авторитет, што не е така :devil: :devil:

    ...Дури стигнав и на невропсихијатар да одам, ама знаете тој што ми рече: Донеси ја прво шефицата твоја да ја лечам, па после тебе... е така!

    Ама се плашам да ја пријавам, оти треба да и прогласам војна....а она е на власт....па замислете.....

    П.С. заборавив..... треба прво да ја мажиме.... па после....
     
    На ku4ence, malifesent, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  9. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    659
    Допаѓања:
    4.620
    Пол:
    Женски
    Жртва на мобингот е мојот сопруг. На работа од сабајле од 8 до вечер до 8, 9 10 ч... Плус викање, дерење и вечно нездовлоство на газдата од сработеното - ете таква е ситуацијата во нашата мала држава. Мојот сопруг веќе 3 год. работи и како личност многу се промени и разочара. Често се прашувам зошто ме школувале моите родители - за да седам дома без работа, а и откако ќе се вработам да се дерат врз мене , да викаат ли газдите, да не можам да си го видам детето по цел ден, затоа ли ? Зашто тоа му се случува на маж ми овие години... Истото му се случуваше на татко ми... и немојте да кажете да ја промени работата зашто денес тешко се доаѓа до неа, еве јас 4ипол години сум без работа.
     
  10. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Мобинг има секаде, и во државни и во приватни фирми. Во државна кога работев, бев сведок како шефицата се изживува на една колешка, ја исмејува и навредува, а некои колеги (полтрончиња) дури и помагаа во тоа. Жената на крај даде отказ.
    Јас доживеав мобинг од колега во приватна фирма. На секое поминување крај него, маче, срцка, душо, па као случајно допирање, постојано алузии за секс, кога ке поминев крај него извици, оооох, уууф, дури и на уво, одвратно. Го игнорирав, ама кога почна да збори демек лошо сум работела (знаете, кога нема да успее на интимно, ке поцне да те малтретира на работно поле) и откако еднаш се осуди да ме штипне за подлактица (многу силно), е кога ми пукна филмот, првин отидов кај шефот, се му кажав, после истото го пратив на меил и на шефот и на директорот, со детален опис на се (исто ги напишав и изразите кои сите жени ги слушавме од него) и ги запрашав дали би сакале нивните жени да имаат таков колега, и така да им се дофрлува и вознемирени да доагаат дома. Меилот го напишав за да имам доказ дека сум се жалела, ако отиде работата далеку. Среќа шефовите брзо реагираа, го опоменаа, дури ме прашаа дали сакам да го избркаат (реков не, зашто има жена што не работи и деца, ама за тоа тој треба да си мисли, сепак реков ајде тие да не страдаат) и после стана како бајче. Навистина ако некој претера, реагирајте. Најдобро е да ги игнорирате ама тоа често не помага. Исто, мислам дека во државна институција е потешко зашто нејчесто никој не реагира и мобингот продолжува. А во приватна ако директорот не е тој што врши мобинг, има спас. Ама ако директорот е тој, тешка работа. Баш ми е жал за тие погоре што напишале дека мора дури на психијатар да се оди, или тој маж што го малтретираат а тој трпи за леб да им однесе на дечињата. Ама мора да се бориме против ова зло.
     
    На srcekrsacka и shadow74 им се допаѓа ова.
  11. FridaKahlo

    FridaKahlo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    181
    Пол:
    Женски
    Побарав низ гугл во врска со мобингот и открив интересен податок.
    Една психолошка анализа на моберот и жртвата.
    Моберот (душевадникот) е лик (шеф или колега) кој има ниско самопочитување, неспособен и непоседува квалитети за обавување на работата, нeма сочуство и разбирање за туѓите проблеми, злопамтило, и својата суета ја храни од омаловажување на другите луѓе кои се конкурентни, а спротивно на него, жртва на мобингот се работливи, способни луѓе кои се сериозна конкуренција да го извади моберот од игра или преосетливи на критики, повлечени и неосамостоени. Па нападот кај моберите кои се здружуваат во чопор и ја исфрлаат најконкурентната тоест најслабата карика е одбрана на нивната слабост и малодушност.
    Тактиката им е дерење, урлање, омаловажување во смисла не си способен за работа, мало дете би се снашло повише, исмевање пред другите и да не боројам, разни други облици) и тоа го трпиш со месеци, години и те мава во психа и желудник, па денес покачен крвен притисок, утре шеќер, после 6 месеци холестероли, и на крајот адиос работа со пореметено здравје и нерви. Кој нормален би го издржал тоа ладнокрвно. Никој.
    Заклучокот би бил, дека слабите, малодушни луѓе се раководители, на добри позиции, а способните ги бркаат од работа или ги ставаат во немилост самите да се откажат и да го напуштат работнот место, затоа што предизвикале љубомора, завист и страв од конкуренција.
    И се прашував, може ли и како ќе го докажеш пред суд психолошкиот терор кој констатно ти се врши на работа. Сведоци има. Секој знае за секој, колегите не се слепи и глуви, а и некои гарант не се поштедени, но не би сведочеле од проста причина што грчевито се држат за работата до која тешко дошле, а и кој би и гарантирал дека нема да си го окркаат после или да ги шутнат од работа, а дополнителен проблем е што до 2009 не постоеше законска регулатива.
    Како би се штител?
    Конечно на виделина се новите членови од Законот за работните односи, од читање овие ми останаа, со свои зборови разбрани : ако покренеш пред суд разрешница, работодавецот е тој ќе докажува дека не го вршел мобингот, а не жртвата. Потешко е обратното.
    Друго, заштитен е секој сведок и за тоа што ќе го каже пред Суд, не смее да влијае ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување.
    Демек се во насока на отварање и ослободување на луѓето отворено да зборуваат и да се борат против мобингот.
    Во пракса не знам дали штима Законот, досега не сум слушнала за случаи на мобинги и нивни исходи пред Суд, се е читање теорија.
     
    На srcekrsacka и interesna им се допаѓа ова.
  12. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Ехееее...

    И мобинг и робинг и после неколку години лексилиумче дробинг :D

    Си има кај нас од се по нешто!

    Ако, ако нека има, дал Господ :lol: :lol: :lol:
     
    На sweettwist, Teresa94 и interesna им се допаѓа ова.
  13. Colors

    Colors Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    Мобинг има кај нас и тоа на голема врата е и си ужива, многу невработени и многу луѓе желни за доминација, исплашени од поспособни и тн. има ред причини и изговори но, крајниот исход е или ќе си одите од таму (ако имате друг избор) или ќе си лечи некој комплекси (ЈАС СУМ голем овде), а вие немате избор и трпите. Да се пријави мобинг кај нас е како сам себе да се обесиш на плоштад, прво треба да го докажеш и поткрепиш со сведоци. Ајде да речеме може да се докаже, едноставно ќе го снимаш ама сведоци , е тука е замката, ниту еден колега (нека е и исто така малтретиран) нема да застане и јавно да се изјасни, ќе лета од работа, а секој има семејство, нема шанси да го ризикува работното место.
    Кој е излезот од таа стапица-мобинг освен отказ, навистина не знам,можеби подигање на свестта и погласно зборување на оваа тема зошто ова не е едноставна работа, може некој ни крив ни должен да настрада, не се малку тие што би го злоупотребиле мобингот како форма на психичко малтретирање, во секој случај не е така едноставно, ова е осетлива тема.
     
  14. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Jas licno doziveav mobing koj traese celi tri godini. Koga se vrabotiv vo golema kompanija bev pri kraj na studiite i imase eden kolega koj drzese mesto na sef a bese so sredno. Neznaete niz sto pominav, od krienje znaenje, od podmetnuvanje greski koi gi prikazuvase kako moi, potoa otvoreno vreganje.Sum placela po celi denovi od nego. I na kraj go nacekav kako mu zbori na direktorot deka sum retardirana, nesposobna i ... I mi pukna film pocnav da vikam pred sefot kazi mi vo oci koj e retardiran, koj podmetnuva defekti. Togas direktorot me vikna vo kancelarija i mi rece znam sve, deka te mrazi, se plasi da ne mu go zemes mestoto i deka namerno taka zbori. Ti diplomiraj i kuti. Koga diplomirav, kupiv torta i site gi viknav na castenje i toj ne dojde. Sledniot mesec si izdejstvuva premestaj vo drug sektor i se kurtuliv.
    [mod-kirilica:vybp2itx][/mod-kirilica:vybp2itx]
     
    На mizerija му/ѝ се допаѓа ова.
  15. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    има многу примери, има кај нас една екипа тие толку можат да го направат еден има стар ерген и толку го имале земено под нозе што веќе му е срам да иди на работа стално го исмејуваат оти е неженет и слични работи, многу се некогаш лоши
     
  16. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    не ти се потребни сведоци доколку имаш докази, знам еден случај кога една судијка вршела мобинг врз дактилограф незнам колку години по ред, но таа се сетила да ја снима се што и кажувала и правела, така покренува постапка пред надлежни органи за нив и замисли судијката ја разрешија.

    ако можеш да снимиш ќе ти упали нема потреба од сведоци, кој будала ќе сведочи, аудио или видео запис е најјакиот доказ, пред него и Боговите молчат. ;)
     
  17. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    мобинг во Македонија имаме за извоз :rofl:
     
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.652
    Пол:
    Женски
    Кога станува збор за мобинг товарот на докажување паѓа на оној кој го вршел мобингот. Значи не треба ти да докажуваш дека ти бил вршен мобинг, туку оној кој го вршел треба да докаже дека не вршел мобинг. Мобингот не мора да биде вршен од работодавачот, може да го врши одговорното лице, може да го врши и обичен работник. Но за да постои мобинг тоа психичко малтретирање треба да трае т.е да се повторува, не помалку од 6 месеци. Во законот постои една одредба која ги заштитува работниците или кандидатите за вработување кои пријавиле мобинг, со тоа што законот изрично забранува да на лицето кое повело постапка за правна заштита од мобинг забранува да му се влошат условите на работа, да биде преместено на друго работно место, да му биде намалена платата итн.

    Е сега ова во закон е пропишано, ама во пракса друга песна се пее, па затоа и ретко кој пријавува мобинг.
     
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.856
    Допаѓања:
    122.893
    Ako некаде не е застапен мобингот,нека се пофали :bow:
    Па и во државното,само што таму ај не се секираат до толку си имаат решение и чао пријатно :hai:
    Ама во приватна фирма,трпиш и молчиш.Си велиш-Господе зошто?Зошто кога се правам како што треба и пак не чини!На крај си велиш-па што е шефот повеќе од мене?Ништо-имал само СРЕЌА која сум можела и јас да ја имам,а наследам фирма и да ги истресувам своите фрустрации врз вработените.Т.е. фрустрациите слободно можам да ги наречам како буквално иживљавање :puke:
    Место релаксирана,напната.Секој ден со главоболка :@ Се прашувам само што ќе станам за 10години ако ште сега на 26 доживувам вакви работи :x

    п.с. многу ме интересира дали некој некогаш пријавил мобинг?Чисто се сомневам.А и докажување-тешко :|
     
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.006
    Допаѓања:
    135.984
    Не ми е шеф, само колега кој е близок со првиот ешалон, и сите го провалија освен тој што треба.
    Ме доведува до лудило, ми ја цица енергија, почнав да ја не ја сакам работата за која сонував само заради него. Ми буди чувства како никој во животов до сега. До сега не сум мразела никого, никој не ме довел до лудило, ама ете него почнува да му успеава.

    Да е најтрагично не е насочен кон мене, туку кон мојата шефица која ми е и пријателка, ама и јас сум во приказната. Цело време јаде вафли како ништо не е сработено како што треба, и џабе е насочено кон неа, кога јас сум таа што треба да го сработи.

    А нема врска, бара игла во сено, и за работи за кои се договарал и тој и рекол дека е ок така, и за тие работи пак јаде вафли на страна, и на сите им збори како ние сме биле катастрофа.

    Реално, мене не ми може ништо, не ми е претпоставен, а претпоставените мои знаат каква е ситуацијата. Во јули ми истекува договорот, можно е да има мали шанси за продолжување, ама кога знам дека пак треба да работам со него - ми се повраќа.

    И се повеќе размислувам да го пријавам, ама кој ќе се замара со тоа, имаше фирмата наша и таква историја, па дојдоа милион луѓе да ни солат памет, сега пак да биде така би било премногу. Сепак ќе размислам.

    Бев и на раб да дадам отказ, ама решив дека нема да се откажам заради него, инает ме фати. Не сега кога конечно го добив местото што го сакав, и со сосема солидна плата. Ама не сум среќна, а не се ни другите. Во блага депресија сме.