Ах, обично пред спиење сум на форумов...Ама, од темава ќе се расонам за цела ноќ! Се имам консултирано со двајца видни адвокати на темава.Нивно мислење е дека оваа појава кај нас е се уште многу нова,судиите имаат многу отпор и е речиси невозможна за докажување со веродостојни докази.
Јас работам во државна институција, мобинг имаш по сите основи, лични, несимпатизирање од женски претпоставен, или симпатизирање од машки, политички, итн. Јас сум жртва на мобинг подолго време, и веќе дојдов до работ. Бидејќи веќе ме доведоа до ситуација да размислувам отказ да си дадам, сериозно планирам да поднесам тужба за мобинг, и тоа на двајца претпоставени. Еве сега и бремена сум, и наместо барем нешто човечко во нив да проработи они уште повеќе се засилија. Неможам да истрпам веќе, или ќе убијам некој или отказот не ми бега.
Јас работам во многу строга фирма, која што има околу 100 вработени, фирмата има сопственик, три директори и околу сто вработени. Јас сум единствен што е специјализиран за една одредена струка таму. Техничкиот директор после три месеци од моето вработување вршеше мобинг на мене, и јас трпев трпев и трпев. Доаѓаше кај моето работно место и со дерења и навредливи зборови заминуваше, исто така и кога ќе ме повикаше во канцеларија исто морав да трпам. Еден ден експлодирав и му ја превртив неговата работна маса на него и го фатив за гуша. тој се стопе и мислеше дека ќе го удрам, ама тоа не го направив, побледе од страв. Му ги фрлив клучевите од мојата работна просторија и отидов со писмено барање за отказ следниот ден директно кај сопственикот. На прашањето зошто сакам да напуштам му објаснив све на сопственикот. А бидејќи сум единствен кадар специјализиран за таа струка, сопственикот рече да се смирам и да се вратам на работа и ми гарантираше дека никој мене повеќе нема да ме малтретира. Мислам дека тоа беше заради тоа што конкурентните фирми што имаат таков кадар им замина во пензија и тешко се справуваат со некоји проблеми и јас би можел одма да пребегам кај другите. Од тогаш помина една година и директорот не е влезен во мојата просторија, а и останатите шефови секогаш се смирени со мене. А јас секако дека професионално си ја завршувам работата и навремено без стрес. Јас сум секогаш смирен човек и многу треба за да пукнам, ама ако пуканм не може ниедна војска да ме сопре п.с. Мојата струка и претпријатието во кое што работам не би сакал да ги откријам
Мене ме интересира,чисто онака,колку луѓе имаат добиено на суд,тужејќи го работодавецот на суд? Слушнав дека тешко се докажува,скоро невозможно.Секогаш го имам на ум овој збор,во случај некој да се обиде против мене. А мобинг има секаде,само ние трпиме.Борба за парче леб,знаеш дека е така ,ама никој не се осмелува ништо. Така се научени и работодавците,дека молчиме во оваа голема немаштија,па уште толку напнуваат.
Секаде го има и нема да се искорени.Мене ми пречи кога тоа се случува тивко без мн врева а очигледно е кога некој напнува.За моја среќа газдата не работи туку само ја менаџира фирмата и нема притисоци големи.Ги жалам луѓето кој се принудени да работат со газда или некој негов близок роднина ,тука нема спас или ке трпиш и мочис или на време ке се разреши секој проблем .Да не се дозволи да се фрлаат проблемите под тепих .Колку и да се нема работа ,по важно е здравјето одколку да си постојано под пристиок и неровзи кој што ке се одразат и на нашите блиски.А нај пак мизерно е сумата на платата.Разбирам стресни работини позиции и трпење на идиоти но барем мотивиација се парите ... Во МКД не познавам некој што е срекен со својата плата колку толку .
Се зачленив на Фемина само за да си ја олеснам душичката и да раскажам за тортурата и мобингот низ кој јас поминав. Значи се работи за тотално неизживена, дебела, немажена личност која со искуство но без соодветно високо образование е поставена за главен менаџер на марект, и тоа станува збор за познат ланец на маректи во државава. Жената ги вреѓа сите вработени и според неа сите ние сме неработници, мене лично ми се дерела пред колеги и останатите шефови до таа мера што дадов отказ. И кога и кажав дека прифаќам и да ми вика но под затворени врати и во канцеларија а не пред сите да ме срами , погодете што ? Ми вика: Па ти ќе ми кажуваш како јас треба да се однесувам. Едно сто пати ми кажала да го сменам односот но мене ме чуди што треба да направам. Секогаш коректен однос со неа , персонал, муштерии и на крај кој однос треба да го поправам? Ми краде слободни денови и не ми ги враќа, платата ми беше минимална во однос на другите колешки кои земаа по 50 евра плус како стимул и награда , но погодете пак, не дека беа повредни, едноставно беа побликси со неа. Многу пати сите вработени ги држела прекувремено и а еднаш дојдов до точка да паднам во несвест од исцрпеност од плус саатите што морав да останам на работа со сила. Често пати ме исмејувала а да не зборам дека ако чукнев на врата од канцеларија за муштерија кој бара шеф за да се пожали, неретко ме праќаше долу со дерење дека јас сум тој што треба да му објасни на муштеријата и да се извини ако на пример видел друга цена. Муштеријата си сака шеф а не јас да му објаснувам зашто цената е друга на рафт а друга во компујтер. Исто така не дај боже да се направиш културен и да чукнеш да врата од канцеларија ако ја бараат. Ми вели да не сум те видела уште еднаш да чукнеш на врата , нема да влезеш внатре. Од говеда до неспособни , се по ред се изнаслушавме.
За сите кои се засегнати на темава: Излегоа првите 2 пресуди за МОБИНГ во Македонија - едната докторка, другата од ЕВН. Се надевам 3та ќе сум јас. Држете ми среќа!
Зарем симптоматично е ова со шефовиве? Секојпат без соодветно образование и однесување за своето работно место, а секојпат крајно некултурни и спремни за навредување. Се додека се молчи од наша страна ќе си трпиме. Бев во слична ситуација пред неколку години, човекот буквално и фирмата ја крадеше и едноставно како никој ништо да не му можеше. Се чудев што е со газдата, како да беше хипнотизиран дека тој вработен му носи профит, а во суштина беше се максимално обратно од тоа. Од друга страна пак, и јас бев еден период еден од претпоставените во поголема фирма кај нас. Се трудев да поставам максимално коректен и до одредена мера пријателски однос со вработените. Но, увидов дека повеќето од вработените тоа го злоупотребуваа. Така да... не може крај со крај да се фати. Инаку, многу ми е чудно прозападњачково работење што дојде кај нас... во фирмата каде ми е работново место во мојов сектор се 50-тина вработени, инаку е голема фирма, има едно 20 шефа + директор (зборам само за овој сектор со 50 вработени), што за мене лично е глупо. Скоро испаѓа дека на еден вработен има по еден шеф.
^ Jас знаеш како велам? Најголема казна за газдите им се токму таквите вработени.Вчера и дадоа отказ на мојата најблиска колешка,заради таквите газолижачи кои си филуваат убави приказни кај шефовите ,собират поени и нормално "доверба".Значи колешка ми работеше како коњ,остануваше и прекувремено,беше 100посто посветена на работата,ама откако откри една грешка на шефицата,која чинеше и профит и сето тоа го кажа на директорите,по само два дена си доби отказ таа а не шефицата.И мене не ми е јасно ,стварно како да се хипнотизирани од неа,а таа не работи буквално ништо. Мислам дека кругот с еврти,и дека НЕКОГАШ ќе им стане се јасно.Затоа реков,нека не избркаат сите,нека им остане најголемиот неработник- е тоа им е најголема казна Во прилог на следново,една многу убава паралела.Штета што нашите шефови се баш шефови а воопшто не лидери,и никогаш нема ни да бидат ! Зошто кај нив фрустрациите и желбата за докажување ги водат,а не паметот или интелегинцијата(за жал ја немаат,или се мама и тато,или новопечени богаташи,кој сега стекнале нешто,па нели мора да за покажат ) Секоја чест на исклучоците,ако ги има .
Moira, Известувај не до каде си со постапката, ти пуштам едно чудо среќа, и секасо се надевам дека ќе не поучиш и нас останатите како да постапиме за да замре овој мобинг еднаш засекогаш. Секое утро се борам сама со себе да најдам причина зошто да станам и да отидам на работа, а штом стигнам, неможам да дочекам да си одам. Се скапувам од работа, има неколку месеци во годината кога работам по најмалку 12 часа, и не да нечинам, туку незнам. На раб на живци сум, незнам уште колку ќе издржам. А барам друга работа, барам и дење и ноќе... :'(
Имав претходно еден таков Лидер, странец беше, ама невиден човек! Од него научив, измеѓу другите работи, дека за било каков проблем, кај шеф не се оди БЕЗ РЕШЕНИЕ за истиот. Ама, како што и бидува секогаш, после тоа налетав на „Шеф“, па кога ќе кажев решение, ми велеше „Не мора да се замараш ти со тоа, јас ќе ти кажам како треба“. И на крај престанав да се замарам, што е право , ама НИКОГАШ нема да се откажам од она што ме научи Лидерот. Само ми треба „плодна почва“, за тоа да се развива.. Еленамак, обавезно ќе ве информирам, процесот е во тек и сега за сега се` оди по планот. Ако на некого му треба било каква информација или совет на ова поле, слободно контактирајте ме, се` што можам ќе ви помогнам
Јас работам во приватна фирма, финансовиот директор ја донесе и својата сопруга на работа и од тогаш јас повеќе немав никаков мир. Таа почна толку да ме малтретира што бев готова да полудам,дома кога децата ме прашуваа нешто јас не им одговарав бев целосно опседната од неа. Ми фрлаше документи на земја,(као не биле добро сработени) а потоа следниот ден ќе ми го бараше назад документот бил добро сработен...Ужас,малтретирање по телефон од утро,работното време ми почнува во 08 часот, а таа 10 до 8 се јавува, до 08.20мин. може се јавила веќе 20 пати,ме полуде начисто. И мојот предпоставен како да имаше страв од неа па никогаш не застана во одбрана.Само се прашував како ќе издржам па треба со години да се работи. Не помина ни една година, таа се разведе од сопругот и набрзо ја напушти фирмата,а по кратко време замина и нејзиниот сопруг. Од кога замина таа кога влегував по другите канцаларии сите ме викаа да ме частат затоа што таа заминала. Тогаш сватив дека не сум била само јас жртва туку таа ги малтретирала сите вработени.Дознав дека таа била мажена неколку пати и сватив дека таа наоѓала начин на нас да го истура бесот што нејзиниот приватен живот не бил среден. И јас имам живот со проблеми, но тоа не значи дека маката,бесот и лутината треба да ја истурам на недолжни луѓе кои и не знаат за мојот живот.
За да си ја олеснам душата еве нов член на фемина.Работам во маркет.Прометот пага секојдневно.Газдата е во небрано,сака да сме помалку за да има за него повеке ама :.НЕ.Не дозволуваме никој од колегите да добие отказ.Бара невозможни работи.Ние сме сложни и не може да не малтретира нема соучесник сега за сега и се е лут. Мисли со пари се се купува.Ако пропаднеме како маркет сите ке си одеме и он со нас . Врши мобинг врз сите.Притисоци секој ден ама ние сочуствуваме еден со друг и испага дека ние нему му вршиме мобинг или сам на себе си врши. Нема дека и денеска вика ,КЕ МИ СФАРЕ ЛИ НЕКОЈ КАФЕ.А ние Дере се .Местеме на рафтофи по цел ден.Се не е наместено.И така се кршат производи не е намерно не сакајки од што е ладно или од работа и раце отказжуваат. Затоа ве советувам бидете сложни . Не и се плашете на газдите. Сепак мнозинството победува. Газда е еден а ние сме десет.
Прочитав во дневен весник, дека никој вработен кој пријавил мобинг, не го имал добиено случајот досега. Се прашувам, од толку случаеви (а, знаеме уште колку многу ги има кои не се пријавени), како е можно ниту еден да не се добие?
Да, мене психијатарот кој ми го правеше вештачењето ми кажа дека 2 негови клиенти му се јавиле и му рекле дека ја добиле парницата. Да не се поднесени жалби по тие одлуки, па затоа не се сметаат за конечни?
Судиите бараат докази и затоа тешко се добивааат овие парници.Треба да се издржи додека да се најде доказ.Писмен, аудио, видео па дури тогаш на суд. Ама ние прости одма на суд. Море трпи и најди му доказ. Дури тогаш и судиите нема да може да ги потплати . Нема да му вредат ни врски ни пари. Ке си плати и другите ке се позамислат малку,дали ке го следат неговио пример.Дознав дека еден газда барал на место на хендикепирана мајка, да работат нејзините девојчиња. Таа сирота немала превоз и секој ден одела пешки за да ги школува.Можела да ги прати да работаат и да го пријави ама и било жал за колегите оти не му бега затварање кога ке му дојде инспекторат. Му рекла маж ми ке дојде на мое место.
^ Аудио,видео за жал нема.Кога мојата колешка им опна тужба за неоснован отказ,директорот и се закануваше по телефон.За втората тужба го очекуваше пак да и се јави-патем им поднесе 3 тужби ,па сакаше да го сними и да го даде како доказ,меѓутоа адвокатот и кажал дека законски не смее да го снима,можела да одговара Нејзе многу и помогна што се си имаше писмено,секое барање,секој разговор,се што имала до нив усно им пишуваше и официјално на меил па и беше добар доказ и ја доби првата тужба
Што треба да стори мајката на девојчињата во овој случај . Да продолжи да оди пешки, да трпи на работа потсмев,да се чуствува бедно, секој ден да плаче.. Вели не ми се оди на работа , тој негов поглед не се поднесува .Што советувате за неа ..Ко бајаги не му работила а он да не ја плака .Државата нему му плака .