1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мобинг на работнотo место

Дискусија во 'Правни совети' започната од PRK, 22 мај 2012.

  1. PRK

    PRK Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ke ve molam dali nekoj ke moze da mi dade praven sovet vo vrska so mojot problem?
    1.Inaku vrabotena sum vo proizvodstvena firma vo administracija vo koja sto ima poveke od 20 vraboteni a edinstven nacin za evidencija na rabotnoto vreme e tetratka vo koja site vraboteni se potpisuvame a nedelno rabotime po 10 casa prekuvremeno za koi sto ne si se plaka i me interesira dokolku sakam da ja tuzam firmata za neisplateni casovi dali taa tetratka koja sto ja skenirav ke ima vaznost?
    2.Isto taka sopstvenikot na firmata e vo penzija megutoa i ponatamu sekojdenvno doaga vo firmata i bukvalno psihicki ne maltretira i ne navreduva, sto mozam da storam vo vrska so toa? Dali mozam da go prijavam bidejjki veke e vo penzija ili da go tuzam?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Според Закон секоја фирма која има од 20 и нагоре вработени МОРА да има оние читачи за раб. часови а бидејќи твојата фирма има над 20 вработени...јасно е
    Во таа тетратка што се потпишувате како стои во колку часот дека си одите дома? Тоа е најбитен детал, ако стои дека доаѓате во 08 на пр. а си одите во 18 часот на пример тогаш е неминовно дека треба да се пресметаат и прекувремени часови. Само пази, тука може да ти рачуна и пола час до час пауза за ручек. Како и да е таа тетратка си има важност и е задолжителна евиденција која ја признаваат инспекторите.
    Газдата кој е во пензија не му можеш ништо. Си има друг назначен Управител а тој можеби само фигурира на решение од ЦР дека е сопственик. И да се пожалиш кај шефот т.е Управител не ти значи ништо. За жал така е по мали приватни фирми. Може само да те казни или истера од работа под изговор дека не сакаш да работиш а др. да го тужиш или било што не ти се исплати да се докажуваш и малтретираш а и од кај знаеш утре можеби ќе ти треба препорака од него или пак ќе те разгласи дека си неколегијална, несовесна, несакаш да работиш....
     
  3. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Со овие работи тешко дека ќе излезеш на крај во приватна фирма. Тоа е возможно само во државните и јавните институции. Како што кажа и славица, фирмата треба да има електронски читач за евиденција на работно време, а со таа тетратка нема да докажеш многу, вие сигурно не пишувате и час кога се потпишувате за излез. Ако работите прекувремено, сигурно не пишувате на пример ако треба да излезеш во 15, дека си излегла во 16 часот и сл. Ако навлезеш од таа врата, ќе заглавиш во лавиринт.
    На денешно време кога постои толкав голем процент на навработеност, би ти советувала да не мислиш многу на тој психички мобинг, се додека е само психички и можеш да го истрпиш, се разбира ако немаш подобар избор.
     
  4. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Сега морам малку да прокоментирам спротивно на другите.
    Не е дека не може да се тужи за мобинг кој се случува на работното место. Потребно е да се обезбедат соодветни докази и да се собере доволно храброст за да се почне оваа постапка. Секогаш има решение, без оглед дали и како изгледа на почетокот. Инаку, имам посетувано обука за анти-мобинг советник.
    За делот кој се однесува на прекувремената работа, тетратката може да послужи како доказ, само треба да се види и да се разгледа понудениот материјал (скенираното). Тоа вака на интернет за жал не може да се направи.
    Поздрав до ПРК .
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Аман бе доста со напори за прибирање на муштерии по форумот :wasntme:
    А, још на каква обука си бил (ме интересира)?
     
  6. PRK

    PRK Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Blagodaram za dogovorite inaku da pojasnam deka vo tetratkata se pisuva realnoto rabotno vreme pr. od 7-16 casot i sabota od - do a inaku vo dogovorite ni stoi 8 rabotni casa dnevno odnosno 40 casa nedelno
     
  7. PRK

    PRK Активен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Se izvinuvam za greskata, blagodaram za odgovorite.
     
  8. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Значи, кој си знае тој си пишува толку колку што треба. Сите други кои не се разбираат филозофираат надолго и на широко. Посебно за оваа материја има многу работи кои не се за на нет. И по дефиниција за тоа се виновни правниците ! Е не е така.
    Ако подобро се прочита јас во мојата порака кажувам повеќе од сите претходно што кажале заедно. Е па ако некој од незнаење или неупатеност се нервира „како ова мене не ми текнало“ за тоа јас не сум виновен.
    Славица999 ако навистина те интересира за мојата обука повели кај мене во канцеларија (е ова е рекламирање, а не тоа пред малку).
     
  9. Advokatot

    Advokatot Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    6
    Значи, тетратката може да послужи како доказ. Се* едно дали има или нема реално работно време. Има и други начини да се утврди вистината, не е само еден доказ. ;)
     
  10. Hellokity12

    Hellokity12 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите, вака , сестра ми има проблем со работното место, односно со бившото работно место.работеше во една приватна фирма во која беше пријавена и се беше ок.тоа беше минатата година и самата напушти од фирмата поради х причини и оваа година во март повторно ја викнаа на работа и работеше до средина на јуни до кога доби инфаркт.проблемот е во тоа што овие четири месеци работеше непријавена зашто газдата ја лажеше денес утре, и и ја исплати платата за овие месеци три на рака и една преку трансакциска,она што е проблем е дека сега не сака газдата да ја врати на работа и дека не сака ништо да и плати за оштета.од кои пари сега сестра ми ќе купува лекови?
    дали може да се тужи газдата и колку е веројатноста да добие сестра ми.ВЕ МОЛАМ ЗА ПОМОШ
     
  11. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    За жал работела на црно и тоа е голем проблем.Да била пријавена секако дека газдата би морал да и даде оштета , три месеци да и го плака боледувањето. Сега нека се обрати вом центарот за социјални работи .
     
  12. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    и јас си работам во приватна фирма,единствен вработен сум си другите се ортаци,и ние исто си се потпишуваме во тетратка демек од 8-15 сме на работа и во недела,за државни празници и прекувремено не работиме демек,а вистината е дека јас работам од 7 и 30 до 15 и 30часот,за време на сите државни празници работам освен 1 јануари,7јануари,1 мај и прв ден велигден,значи само 4 дена годишно не се работи,прекувремено си останувам понекогаш кога ке им повели кефот,а недела работам 13 часа еднаш месечно а на тетратката пишуваме демек следниот ден,понеделник ни е слободен а нема врска
    а одмор само 10 дена годишно добивам и се живо се брои тука и недела и празник некој се во тие 10 дена а во договорот пишува 21 ден.
    Инаку работам во здравството и не ми е мака што работам,си ја сакам работата,ама криво ми е што не земам ни бедни 200 евра,а за неделите и празниците не добивам никаков бонус,ништо,а најжално е што сум сама вработена и што ми е прво работно место,да бевме 2 или повеке подруго ке беше ке се поддржувавме една на друга,а газдите ми се многу арогантни си го барат своето,дури размислувам и да си барам на друго место ама тешко за работа на денешно време
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Македонија добива закон против мобинг кој е во интерес и на работниците и работодавачите

    Владата на минатата седница го усвои Предлог законот за заштита од вознемирување на работното место или популарно наречен Предлог закон за заштита од мобинг, кој ќе застане во заштита и на работниците и на работодавачите.

    „Овој Закон се носи за прв пат во нашата земја. Тој е на директно барање на синдикатите кое беше разгледувано и е прифатено и овозможено од страна на Владата. Со овој закон се истакнува јасната политичка волја на Владата за сериозно подобрување на работничките права, и за достигнување на повисоки стандарди во нивната промоција. Тој е конкретен и позитивен резултат на меѓусоцијалниот дијалог“, рече владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, додавајќио дека Законот има примена на работодавачите, вработените, кандидатите за вработување, како и на лица ангажирани со договори, а со него се врши јасно дефинирање и опис на ситуациите на психичкото и полово вознемирување.

    Психичко вознемирување согласно овој Закон, е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, а претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното место.

    „Полово вознемирување во смисла на овој Закон е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост. Вознемирување на работно место претставува и поттикнување или наведување на однесување на вознемирување“, појасни Ѓорѓиев.

    Се дефинира, како што рече тој, и местото и времето на вршењето на вознемирување кои се третираат со законот. Како место се смета работното место на кое вработениот кој е изложен на вознемирување вообичаено работи или местото на кое вработениот е упатен да работи, но може да се смета и местото/местата низ кои минува вработениот кој е изложен на вознемирувањето при неговото вообичаено доаѓање и заминување од работното место, во случај кога вознемирување го врши негов колега кој патува или се движи заедно или во непосредна близина со него.

    „Како време на вршење на психичко и половото вознемирување на работно место, се смета времето во рамките на работното време и времето на патување до и од работното место, кога е извршено вознемирувањето“, рече Ѓорѓиев, додавајќи дека заради подобра заштита и промоција на правата, но и заради заштита од злоупотреби, се дефинираат и однесувања и активности кои не се сметаат за вознемирување на работно место.

    Според владиниот портпарол, се дава и заштита од злоупотреба на овој Закон преку нормата дека злоупотреба на правата на заштита од вознемирување на работно место, врши вработен кој знаел или морал да знае дека не постојат причини за поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место, а повел или иницирал поведување на ваква постапка, со цел за себе или за друг да прибави материјална или нематеријална корист или да нанесе штета на трето лице.

    „Она што е многу значајно за ова законско решение е прецизното утврдување на постапка за заштита на правата, која предвидува соодветна повеќестепена заштита, можности за мирно решавање на настанатите спорови, но и можности за правни дејства против одлучувањата во пониските фази на постапката. Пред да се поведе постапката за заштита на правата, се предвидува можност за мирно решавање на спорот, која во исто време е и услов, во случај на негативен исход, за поведување на постапката“, реќе Ѓорѓиев, додавајќи дека доколку едно лице смета дека е изложено на вознемирување на работно место од друго лице, тогаш треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане.

    Доколку ова дејство не вроди со плод тогаш се поведува постапка.

    „Лицето кое смета дека е изложено на вознемирување од страна на друг вработен, пред поднесувањето на тужба пред надлежен суд, поднесува писмено барање за заштита од вознемирување на работно место, до работодавачот. Доколку пак лицето смета дека е изложено на вознемирување од страна на работоводен орган во правното лице или физичко лице како работодавач, може да поднесе тужба пред надлежниот суд, по претходното писмено предупредување до вршителот на вознемирувањето“, појасни Ѓорѓиев.

    Рок за поднесување на барањето е шест месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место.

    Законот предвидува и глоби кои се предвидени заради обезбедување на полна примена на Законот, насочување на посебно внимание кон заштита и промоција на правата, и реализација на соодветна средина за вршење на работните задачи.

    Глоба во износ од 5.000 до 6.000 евра, во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на работодавач - правно лице, за повеќе ситуации.

    Дополнително глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот. Доколку работодавачот е физичко лице глобата изнесува износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.

    По донесување на законот од страна на Собранието, работодавачот ќе има обврска во рок од 30 дена да ги информира вработените за правата, обврските и одговорностите кои се предвидени со законот, и да ја изготви листата на посредници.

    Овој закон е во интерес, како што потенцираше владиниот портпарол, и на работниците и на работодавачите и на целото општество, обезбедува силна промоција на работничките права и нивна заштита, но и на демократските и универзални принципи и вредности. Со него се обезбедува и средина за ефикасно, ефективно и продуктивно извршување на работните задачи и целите на организациите.
     
  14. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    1.738
    Се сооччувам со тешка врска на мобинг која може да биде проследена со отказ, ако може некој лп.. за совет