1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модата во Македонија

Дискусија во 'Мода и стил' започната од sajmoni, 2 јануари 2013.

  1. sajmoni

    sajmoni Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Секој град си има свои карактеристики по кои се издвојува од останатите,па така и следењето на модните трендови е различно како и среденоста на девојките.
    Дали македонските девојки ги следат модните трендови за секоја сезона,дали веднаш ги прифаќаат модните најави за тоа која боја ке биде актуелна,какви типови на модни додатоци ќе бидат нагласени ,каков материјал,какви модели на капути,панталони,сукни,блузи и слично?
    Дали внимаваат во комбинацијата на модните парчиња,усогласеноста во боите како и целосниот аутфит проследен со соодветни акцесоари ?
    Што мислите ?
     
  2. Sexy-Lady

    Sexy-Lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2012
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    16
    Па јас мислам дека во секој град има луѓе кои се облекуваат според најновата мода и луѓе кои воопшто не ја следат модата. Сепак во нашиот град по чести се луѓето кои ја следат најновата мода од секоја боја што излегува во мода па се до најновите чевли кои се актуелни :)
     
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.538
    За македонија незнам дали ја следат модата баш како што треба ,ама за Битола знам :D нема некој да туку така без везе облечен ,сите се скоцкани капка направени од 7 часот на сабајле :D .Широк сокак е претворен во модна писта зима лето ,сите што ја посетиле нашава државичка најповејке впечаток за модата ете му оставила Битола.
     
    На sajmoni и Sexy-Lady им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Модата во македонија е вака
    што излезе ново сите го имаат и коа ќе излезеш низ центар како близнаци да гледаш... :D :D :D
    Али не се сите такви.. :)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мода во Македонија слабо... Ептен ретко да видам некоја жена облечена по најнова мода, но тоа е оправдано затоа што модата некако станува се по кичеста и по невообичаена, а македонските не се толку смели. Обично кога ќе искочи нешто ново во мода како на пример морнарски стил, или дреч бои, најново обувките без потпетица а ла Лејди Гага мора да го поседуваат 90% од македонките. И тука настанува униформираност, секоја втора девојка ги носи они патиките со скриена полна пета, секоја втора девојка носи асиметрична маичка, зимата тие зимските хеланки со елени, а наредната сезона секоја втора девојка ќе носи фармерки ѕвонарки без разлика на тоа колку се грозат од нив сега.
    Немаме толку голема куповна моќ ниту пак некој голем избор на продавници за да ја пратиме последната мода но, има девојки кои стварно знаат да се облечат и имаат изградено стил, се гледа од километар, и јас се вртам ко попален муж по такви девојки, секоја чест на исклучоците. Стилот е вечен, а модата се менува. Умешноста е во тоа да тековната мода ја вметнете во вашиот стил, а се додека една сезона сте во рок фазон, а друга носите ретро крагњички ќе бидете само едни од толпата.
    Јас не сум тип што следи мода, ниту пак секогаш знам што е во мода,а што не, а и не ми е битно искрено затоа што се облекувам класично и обично работите што ги купувам ги носам по неколку сезони без да се приметува дали им „поминала модата„ :lol:
     
    На eloves, CoverGirl10, ocila и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Охриѓаниве се тежок народ.... многу време треба нешто ново кога ќе излезе да го сварат...но кога ќе го сварат-Е ТОГАШ СИТЕ СЕ КАКО ПОД КАЛАП....ретко некој да не е облечен во исто :devil:
     
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    ^^ и тука е речиси така. Летото имаше едни белезици и на нив пораки, немаше девојче со помалце од 6 такви белезици на раката, па после имаше мустачиња белегзии па ајде сите пак такви, па на почетокот на зимава немаше некој шо нема вакви чизми (на сликата), само во жолта боја. Мене тоа не ми се допаѓа.Некои па дури мислат и дека е страмота сите да имаат ти да немаш |(
    [​IMG]
     
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.647
    Допаѓања:
    6.151
    Дали постои мода во македонија...на прво ќе речев апсолутно Не, но кога малку ке подразмислам сваќам дека сум во потполна заблуда, затоа што мода во Македонија има- но она што недостасува е стилот.

    Тргнувајки од дефиницијата дека Мода е се она што е во тренд , ултра популарно во моментот, во магазините, на ТВ , на свтеските модни писти, мислам дека и те како ја поседуваме. Можеби со мало задоцнување ,повеќе се чека да станат ултра трендовски па да ги прифатиме и ние, и повеке со слични -прилични исти и ефтини парчиња, кои се бледа но успешна копија на оригиналите барем за нашите простори. Но ние македонците ги прифакаме трендовите и тоа доста брзо како за земја која има просечна плата од 200-300евра.
    еве неколку примери, дали поседувате фустан со чипка, дали поседувате некави детали за на коса или подобро кажано накит за коса, дали си купивте шубара, си купивте чевли со платформа во боја, ноктите ви се во хипи стил(зелена, жолта,виолетова, плава) или ви се златни ,сигурно поседувте туш за очи, црно бела комбинација или пак цветна,...Ако имате барем 3 од овие работи , купени во последниве 2години вие дефинитивно ја пратите модата. Можеби не веднаш но онолку што ви дозволуваат можностите.

    Но сепак ако ме прашате дали македонците имаат стил, е на ова прашање без двоумење и без второ мислење ке речам дефинитивно Не. Секоја чест на искучоците, но и тие сигурно ке признаат дека во нашата земја добри 70% немаат дефинирано стил.Денес сме хипици со драчливо бои, утре сме роматичарки-нежни и цветни, задутре класични деловни жени. Се зависи од денот и од расположението.
     
    На pamelche и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.429
    Допаѓања:
    47.571
    Пол:
    Женски
    Во Македонија нема мода,има Униформираност.
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.