моментално ноктите ми се налакирани со истава боја и ја обожавам од секогаш сум ја сакала бојава елегантна, мрачна и женствена
Не беше вино боја и пред некоја година, лани, прехлани? Пречесто се повторуваат небитно де ама ми падна во очи зашто буквално пред 2 години беше истава боја. Сеедно ми е која ќе биде боја на годината искрено се обидувам да не ја носам баш таа зашто обично сите се или ќе бидат пак во бургунди облечени од глава до пети и ќе бидеме ко велигденски јајца. Убава е бојата, лично не ми е омилена иаку иам неколу бургунди работи во плакар, ама не планирам да купувам нешто посебно бургунди. За пролет лето гледам ќе биде модерна каки бојата, и претежно комотно широки модели, хипи стил, долги широки фустани и здолништа, комбилизони (jumbsuits), тексасни комбинации, нежни чипки, КИМОНА, nautica стил, доста проѕирни креации, леферни фустани во стил балерина, polka dots (не пак:/), Androgynous tailoring, POP ART, мрежасти фустани, пердувести креации, монохромарски парчиња, и други http://en.vogue.fr/fashion/fashion-...spring-summer-2015/20647/image/1104399#!khaki Зимава која веќе е почната у тренду би требало да се на велико ХХЛ капути, екцентрични крзна, пончо, наметки, принтови од 60тите итн... http://en.vogue.fr/fashion/fashion-...nciaga-prada-saint-laurent/17922/image/987160 За накит веќе години уназад се носат гломазни и помалку ектравагантни парчиња, така и годинава.
Преубава боја.Ја обожавам.Мн ми е моќна и елегантна истовремено. И баш убаво што ќе биде уште поактуелна годинава,иако јас ја носам уште од поодамна.Имам доста парчиња во оваа боја,кармини..А и фустанот за матура ми беше во оваа боја исто така . Од др.трендови за оваа година ми се допаѓаат шеширите,кои беа доста актуелни и минатата година,но и оваа ќе продолжат да бидат.Сакам да ги носам и комбинирам во различни комбинации. Исто така кожните парчиња облека кои беа во тренд и есен/зима 2014.Било блуза,фустан,панталони,сукња,јакна. Карираните парчиња,пепито,пончото,ресите на ташни,јакни,блузи ... Knee High сандалите. И минатото лето се носеа,но за ова исто така ги најавуваат.Мене лично мн. ми се свиѓаат и ова лето дефинитивно сум во план да купам еден пар. Црно-белите комбинации,кои според мене не само оваа сезона што ќе се актуелни,како што беа и минатата година,туку секогаш и ќе бидат. Асиметрични парчиња облека,shirtdress,jumpsuits и мн. други. Јас лично сакам да ги следам трендовите,но секако под услов истото навистина да ми се допаѓа и да се чувствувам пријатно во него.
Така е Hipster, пред 2/3 години беше многу актуелна, дури и капутите ташните во таа боја беа мн актуелни