1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модата се враќа

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 28 април 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Реченица позната на сите, модните трендови или парчињата облека кои биле многу популарни во минатото за неколку години некогаш може и децении се враќа повторно во мода. Ама баш се :) Едноставно модата кружи и ги врти модните трендови во круг.

    Со тоа што темава е склоп на неколку прашања.
    1. Што би сакале да се врати во мода?
    Ова не значи дека носиме само модерни работи, туку она што е во мода го има во изобилство во продавниците, па кога е модерно ни е и попристапно. Да речеме чипката не беше апсолутно во мода со години, па наоѓањето чипкано парче беше реткост. А последниве 2-3 години има изобилство од чипкани работи. Или некој ако сака мачкини очила годинава може да се изнакупи бидејки конечно се вратија во мода, до лани беше речиси невозможно да се најдат низ продавниците.
    2. Кој моден тренд ви е мило што се вратил во мода?
    Имате нешто што ептен ви е мило што го гледате на луѓето? Нешто што и вие го носите и сакате засекогаш да е модерно и да го има низ продавнициве, а не во некој период да исчезне од модните рафтови.
    3. Што не би сакале никогаш да се врати во мода? :)
     
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Моја тема Роси. :)
    Знам порано баба ми ми' кажуваше дека модата се врти во круг, она што било во мода кога мајка ми била дете а таа била возрасна сега повторно е модерно ама јас се чудев и не и верував. А сега сватив дека навистина било така. :)

    1.Во моментов немам некое конкретно парче облека или додаток што би сакала да се врати во мода, ама во глобала сакам да се врати модата/стилот од осумдесетите/деведесетите. (ретро стилот) Осумдесетите се годините на новиот бран на музика а со тоа и на облека, од тој период ми се допаѓа оној рок или edgy стил. Пример светли тексас фармерки со висок струк, може да се и побелени и искинати, асиметрични маички, масивни кожни јакни со нитни на нив..
    2.Ми се допаѓа што се врати трендот на чипка, цветните дезени што биле застапени во плакарот на мама, па и на баба, а мислам дека и енимал принтот спаѓа тука иако него повеќе го сакам на аксесорис и чевли отколку на облека. Ах, и корсетите, како можев да ги заборавам. Едно предобро и класично женствено парче. Потоа сакоата со потпунки или пак набраните ракави. И шалварите, предобри се. :) Сега имам заприметено дека има и панталони во јаки дреч бои со висок струк како што се носеле во осумдесетите и деведесетите и сум многу среќна поради тоа. Голем плус од мене. :up:
    3.Во мода не би сакала да се вратат ѕвонарките :puke: ,уфф поодвратно нешто од тоа немам видено. Незнам како се носеле порано воопшто. :x Потоа тие комбилизоните или како и да се нарекуваат, тексас панталони со горен дел поврзани заедно.. Така можам да носам тексас шорц со горен дел, многу ретро и убаво ми изгледа ама вака не. Шпиц кондура. Маички со реси. Тексас јакни. (иако за ова може тексас јакна, ама во некоја изменета форма да биде, посветла, со нитни или некои др. ситници.) Кожни елечиња, блузи и слично. Јас кожно прифаќам само ташна, јакна, обувка и евентуално панталона.

    Минатото година стана актуелен винтаж стилот што мене лично многу ми се допадна, сега незнам што бидна, изгледа сега не е веќе толку модерен.. Ама многу ми беше смешно што се по продавниците беше цветичи,цветичи и.. цветичи! Па луѓе, винтаж стил не се состои само од цвеќиња! И кога ќе видев некоја девојка низ град која очигледно нема ни ронка вкус а сакала да се облече по последна мода, па искомбинирала некои смешни работи, или мешала многу принтови, или била цветичи од горе до долу и сите и се смееле, а она самоуверена со тоа што го носи и терај брате! 8) Значи се треба да биде со вкус и со мерка.

    Толку од мене. :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Сакам вакви панталони/фармерки да се вратат во мода, оти од овие цигаретниве-аман веќе...
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur, Peppermint и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    1. Што би сакале да се врати во мода?
    Искинатите фармерки. Многу сакам такви фармерки, кои се умерено искинати посебно кај колениците.
    [​IMG]

    Тексас јакни, јес да тоа е парче што не излегува од мода, но последниве години е прилично неактуелен.
    [​IMG]

    2. Кој моден тренд ви е мило што се вратил во мода?
    Mногу сакам линии, многу сакал колоритни комбинации, колоритниот џинс, многу сакам гладијаторки. Но ете сакам и чипка ама е претерано досадна па веќе и не ми е интересна, со исклучоци на некои парчиња. А цветовите ги има толку во изобилство да и тие ми стануваат антипатични.
    Ах да и поткренати раменици обожавам и мило ми е што се во мода па можам да си ги купувам во изобилство.


    3. Што не би сакале никогаш да се врати во мода?
    Шпиц чевлите, грди се, копита големи, како ладно оружје. Сакам полушпиц, ама оној огромен шпиц кој гледам го имаше во новиве колекции на дизајнерите го мразам!
    Мразам и кратки јакни, посебно дебели а кратки, бљак, не ја сваќам поентата да носиш дебела јакна а да ти смрзне половината. :puke:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Phyramide, rainlover и blueeparadise им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    1. Сакам да се вратат во мода, секако во поголема експанзија шапките и капчињата во стилот на 20-тите години од минатиот век.
    Прекрасни женствени додатоци.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Tочкаст принт.
    Ептен ме расположува. :)
    [​IMG]
    [​IMG]


    2. Мило ми е што се вратија во мода носењето бисери и чипка. Со второво нормално се претера, но јас сум сакала отсекогаш чипка и додатоци од чипка.
    Хеланки (кои не се носат како панталони, нормално). Мило ми е што уште опстојуваат. Удобни и лежерни.
    Tуту сукњички од тул.
    Ептен слатки. :inlove:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    3. Шалварите посакувам никогаш да не се вратат повторно во мода.
    |(
    На што ми асоцираат?
    Здраво, имам џиновска пелена меѓу нозе и сум покакана!

    Коментари од страна:
    "Многу се секси..." say whaaaaat? :^)
    "Не знаеш колку се удобни..." (и пижамите ми се удобни, не знам зошто нив не почнеме да го носиме низ град).
    [​IMG]
    [​IMG]

    M.C. Hammer pants.
    Крај. |(
    [​IMG]

    Натапирана коса во стилот на 80тите години.
    Тренерки со натписи на задникот, како подвижна реклама.
    Вакви стегачиња, понекогаш и сами ги правевме.
    [​IMG]
    Ништо од ова да не се врати во мода, сега и за вечни векови, амин.
     
    На Strumfeta93, 1209 и anabel-a им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Се враќа, да, ротира. И баш ми е мило за тоа, затоа што ако ништо друго, можеш да заштедиш пари, повторно да извадиш некое старо парче кое ти се допаѓа, да го подновиш, да се вклучиш креативно во својот надворешен изглед.

    Инаку многу од работите кои ги кажавте девојки се носат ;) Или да бидам прецизна, се продаваат во новите колекции.
    Ѕвонарка панталона, со висок струк - се носи, особено за на работа.
    Скината фармерка, исто ги носат, барем јас ги загледувам.
    Сукњички пуфлести, сега си купив таква не одолеав :D Ги имаше секаде по овие Бершки, Мершки и други ШКИ.
    Е сега не знам како да ја носам, ако дувка малку, ќе правам слики апарат :D Ама битно си ја купив затоа што ми е преубава.

    Уствари, се нервирам и отсекогаш сум се нервирала, кога ќе се рече - не е тоа во мода, не се носи.
    Ја како да не! И секоја година да ги фрлам ли тие работи?! Има безвременски ствари кои се носат во секое време, има и такви кои не се носат повеќе - фала богу, пораснав во фармерки збутани во г’з, дигнати до под града, camel toe фуче, Беверли Хилс стил :D

    Ама модата отсекогаш е и ќе биде за мене она што
    - ти стои
    - во што се чуствуваш комотно
    - изгледаш убаво.

    Знам еднаш во модни критики не знам која цура пиша - тоа беше времето кога уште не се носеше сако. Ми остана во сеќавање. Како тоа не се носело сако? :?:
    Дека сега е прифатливо сите ко армија да сме со балетанка и сако? Пардон салонка? Па сакото се носело отсекогаш и мене ми е баш севременско парче облека. Со потпунки, или без, кратко или долго, не е битно, се носело и ќе се носи.

    Како и да е, се надевам дека никогаш нема да ме натера ништо на светов повторно да носам кремче или тулумба во косата, ви текнува тие кои ги правевме со вода и сапун :D Кратки широки маици со веќе спомнатата фармерка дигната до над половина, не сакам да носам!

    А што сакам да се врати? Сеедно ми е, она што сакаш да го носиш, ќе го носиш, не мора нитуедна модна куќа да ти го диктира стилот, ако тебе баш сега ти се носи хаљина во австриски Хајди стил, на пример.
    Мене лично најмногу ми одговара опуштен стил, широки работи, спортска елеганција, а таа дозволува многу парчиња на лагер и во оптек.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.763
    Си носам што ми е по ќеф, ми се допаѓа како ми ои, и се чуствувам удобно, ај да не се повторувам со Пирамида.

    Сакам да носам тапирана коса, како мајка ми у средно, само не ми стои, на главава моја. Уф.


    Инаку ми е смешно кога мајка ми вика: Кога си со мене искинати фармерки, маица со натписи, тексас палто да не ниосиш (заедно, какао комбинација) а коа гледам нејни слики од средно истото го носела и ми вика па тогаш сите носеа, јас да не се двојам. :D
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Многу би сакала модата од Ranjni Orao да се врати :)
    Ти сукњи,шешири, панталони со висок струк...мн се убави
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    1.Нема нешто пособно што би сакала да се врати во мода.
    2.Цветните модели,оние со чипката.
    3.Широките панталони.
     
  10. The Last Pharaoh

    The Last Pharaoh Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2022
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Би сакала да се врати египетски стил на мода и шминка.
    Мило ми е што се вратија модните трендови од 90-те
    Фармерки со висок струк, кроп-топ, широки и долги маици и блузи, all star патиките.
    Модата од 2005 до 2016 исто и 70-те биле тежок fail :D
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Ми се допаѓа тоа што модата се враќа..особено стилот од 80те а исто парчиња се носат и од претходни децении, како модернизирани корсети кои се доста популарни сега..исто долги фустани кои воопшто не беа ин претходни години освен за формални настани..
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.926
    Пол:
    Женски
    Исто.
    Опседната сум со маиците и фармерките од 80те.
    Сепак Конверс старките никогаш не излегуваат од мода.
     
    На The Last Pharaoh и Caramell им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    1. Што би сакале да се врати во мода?
    - Да се носат шапки и шешири. :D

    2. Кој моден тренд ви е мило што се вратил во мода?
    - Носење поширока облека и долгите фустани. :inlove: Враќање во мода на долги фустани и широки панталони со висок струк е најубаво нешто што се десило во последните години. :D

    3. Што не би сакале никогаш да се врати во мода?
    - Модата што беше до пред 5-6години. Ужас невиден беше. :D
     
    Последна измена: 30 јули 2022
    На drugarka, mal.ecka, Snowflake99 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Исто. Кога ќе ми текне на тие цевка фармерки што ги носевме пред неколку години, сега добро е.
     
    На Caramell му/ѝ се допаѓа ова.