Пишувајте, испраќајте слики и коментирајте комбинации и мода од вашите омилени филмови. Мој фаворит е Енди од Ѓаволот носи Прада, изгледа софистицирано, градски и шик.
Serena van der Woodsen - Blake Lively oд серијата Gossip Girl. Само поради неа ја гледам серијата. И прочитав некаде дека нема стилист туку сама си ја комбинира облеката. Преубава е.
Блејк Лајвли нема стилист надвор од Госип Грл, изјави дека сама се облекува за разни манифестации и забави. Нормално дека сама не си ги бира парчињата за во серијата, кога си имаат сите стилист. Мене ми се допадна модата во 60-тите во Factory Girl. И накитот беше преубав.
Мене ми се допаѓа Хана, од Убави Мали Лажливки. Не и е баш совршено убав стилот, но ме фаќа око. Прекрасна насмевка има.. Уф
Како врв без кој неможам да набројувам помодерни филмови. Морам од овој филм да почнам... Breakfast at Tiffany's Убавина и мода која ќе биде запаметена уште неколку векови. Совршенство од Одри, совршенство од женствени комбинации, грациозност, луксуз, елеганција.
Rear Window - познат трилер на Хичког го гледав на некои 12-13 години. И додека сите во тој период го следеа стилот на Мадона од Барајќи ја Сузан, јас бев фасцинирана од Грејс Кели, незината безвременска убавина и стил кој сеуште ме воодушевува
Фустаните и накитот Уф, уф само ради нив го гледам филмот Штета што сите слики и се во еден ист фустан, неможам да најдам други. Денес фатив некоја реприза и носеше прекрасен бел фустан со нешто сино, сон беше ! А накитот , уф мераци
Clueless Е многу си го сакам филмов и како се облака Шер. Сакам средношколски комбинации, затоа и Госип Грл си ги обожавам, осбено првите сезони, ама ај има тема за тоа. Moulin Rouge ах бе милинааа
За тоа колку ми се допаѓа облеката на Блер во Госип Грл веќе пишав во темата за нејзиниот стил па да не се повторувам. Кога го гледав филмот Atonement се вљубив во овој зелен фустан на Кеира Најтли. Прекрасен е . Исто преубав е фустанот на Кејт Хадсон во How to lose a guy in 10 days.
Кога веќе одиме на ретро, јас го обожавам Grease, поготово костимите. Вечна инспирација за 1-ви Април.
Сликите од Блејк што ги ставате не се од филм. Скоро сите се од нејзиниот прватен живот, од појавување на настани. Или ставајте само од серијата, или не ставајте воопшто, зошто тоа не е смислата на темава.
Убедливо една од најдобро обчечените во филм/серија за мене - Belle ака Hannah / Secret diary of a call girl Дел од накитот
Истиов фустан ми падна на памет само што го видов насловот на темава. Штета што на фотографија не се доловува колку совршено изгледа Грејс Кели во него, кога ќе се земат предвид елегантниот став и одмерените гестови. Безвременски.