Моден дуел: Ријана vs Мајли Сајрус Од претходните дуели Ева и Ријана без размислување, а дуелов помеѓу Бјонсе и Шакира малце е потежок, но ќе кажам Шакира
Моден дуел: Ријана vs Мајли Сајрус Да и јас имав на ум Бијонсе и Шакира да бидат во дуел за следната недела, па и јас еве се согласувам за нив две, ама има време до недела.
Моден дуел: Ријана vs Мајли Сајрус Ријана , затоа што нема споредба помеѓу Ријана и Мајли особено не во светот на модата
Моден дуел: Ријана vs Мајли Сајрус Ријана, зошто Мајли воопшто не ја сакам, и се облекува многу грдо.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира За Мајли има 0 гласови, а за Ријана има 10 гласови, значи фактички Ријана е победничка за оваа недела. За следната недела беа предложени во моден дуел да бидат Парис Хилтон вс Ирина Шеик и Бијонсе вс Шакира. 2:2 е, а јас одлучив да бидат во моден дуел Бијонсе и Шакира. Гласањето трае до следната недела т.е до 23/24 март. Јас гласам за Шакира, иако изборот е доста тежок помеѓу нив две, а гласам за неа, бидејќи за нијанса има подобар стил од Бијонсе и е доста разновидна во стилот, знае да е секојдневно облечена, а знае и да заблеска.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира А може и двете? Според мене и двете имаат префинет и одличен вкус.Им се воодушевувам и на двете
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира Дали мислите дека е интересно да се чита редење на имиња? Темава е во мода и стил, значи кога гласате за некој напишете зошто, ставете некоја слика, дадете причина зашто тој стил ви се свиѓа повеќе. Не се гласа за пејачки или актерски или било какви способности, затоа образложете зошто така гласате.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира јас гласам за Бијонсе.. прво ја сакам нејзината музика, секогаш знае да изненади со добра песна, а и стилот на облекување и е добар, посебно во некои спотови ме воодушевува со изборот на облека ова последното баш ме воодушеви... за следни може penelope cruz вс angelina jolie
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира ШАКИРА ! Многу ми е пошармантна, поприродна, неоптеретена со облекувањето и позирањето како Бијонсе. Бијонсе веќе ми е опседната со себе покажувањето и промовирањето. Има многу утки, си мисли што ќе облечи е супер. Шакира и во обични фармерки и бела маица ми е супер.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира Бијонсе! Покрај моќниот глас и сценски движења, ми се допаѓа тоа што знае да ја износи облеката. Зрачи со премногу самодоверба, без разлика на тоа како е облечена.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира Бијонсе. Затоа што секогаш шета во еден стил,додека Шакира меша стилови.Никогаш не направила утка,барем според мене.Особено ми е убав нејзиниот street-style.
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира Queen B се разбира. Има подобар стајлинг..Не дека и Шакира не е добра во облекувањето, ама кога треба да бирам меѓу нив двете секако ќе ја изберам Бијонсе
Моден дуел: Бијонсе vs Шакира И двете ги сакам како личности а најмногу затоа што се двојат, посебни се и уникатни.Стиловите им се различни и интересни но ете за нијанса подобра ми е Бијонсе.Причинате е што ми е поженствена, со некој комбинации ме има оставено без здив.