1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моден хит - тренд... Би носеле или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од la-chicka, 19 јуни 2011.

  1. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Ајде да дискутираме за тоа што моментално е хит - тренд и дали би го носеле поради тоа што ви се допаѓа или само поради тоа што е моментално тренди, или пак воопшто не би го носеле...

    Еве летово моден хит се турбаните...

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Модните блогерки, модните писти, модната индустрија се е преплавено со турбани. На големо се збори дека турбанот е новата федора
    [​IMG]
    :lol:

    Некои неможат ни да ги гледаат а не па да ги носат :D на некои им делуваат симпатично, мислењата дефинитивно се поделени...

    Вие феминки, би носеле турбан, што мислите за овој тренд? :)

    Јас да се изјаснам, за на плажа и некои такви опуштени места може и би носела, не ми изгледа толку неубаво :D

    **И нормално темата си проложува со тоа што моментално е хит и наши мислења околу тоа. Би носеле, не би носеле итн (се што мислите да си кажете :D )

    Да не се отвара за секое нешто (нов тренд) нова тема мислам дека темава е океј, и плус многу често се мешаат мислења и се ставаат во други теми, пр. Во новости од модниот свет се пишувани мислења околу (моментални) трендови, во Must haves... исто. Затоа мислам да имаме ваква слободна тема кај што ќе пишуваме слободно што мислиме без да биде оф топик) Може е малце слична со Must haves, ама не е иста , тука целта е да дискутираме за одреден тренд, кој како го прифаќа и слично. Ако мислат модераторите дека не е во ред темава ок [​IMG] :D
     
  2. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Не , никогаш не би носела вакво нешто па колку сака нека биде модерно и тренд ;)
    Едноставо никогаш не ми се допаѓале , а ниту пак ми стои убаво ...
     
  3. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Немам друга работа, турбан ќе носам. Кој како сака нека се носи, ама јас не би ставила турбан на глава ни за на плажа. Стегачи онакви набрани што наликуваат на турбан можеби и тоа тесен, ништо повеќе од тоа. И освен за на плажа, со никоја друга комбинација не ми одат.
    На ваков стегач мислам, црвениот:
    [​IMG]
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Епа вака..прво..тренд..Мене ме нервира тоа што сите ќе носат турбан сега,знам дека тренд всушност тоа и значи,ама ете неможам ме нервира самата помисла дека сите тоа ќе го носат само да се ин! :D
    Ако е дел од нечиј стил и го носи без разлика што е тренд,го оправдувам.
    Мене ми изгледа супер,посебно со пуштена коса,но јас незнам дали би носела.
    Не ми се допаѓа кога горниот дел од косата ми е така прилепен за главата,не ми се допаѓа како изгледам тогаш. :D :D
    Само дека е тренд НЕ би носела.Инаку за на плажа или некое опуштено журче би размислила :wasntme:
     
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас си носам турбан веќе 20 години.
    После бањање со пешкирот стално си правам турбан на главата :D :D
    Шала на страна мене интересен ми е.
    Видов девојка во градов носеше класичен турбан и нормално сите чудно ја гледаа :lol:
    А јас си реков браво девојко :)
    Мене на турбан пред годинава не ми ни текнало, а уште помалку да го носам.
    А сега не би го носела со исклучок на еден вид на турбан, кој е полутурбан додуше.
    Овој е сосема ОК.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    А волкав турбан на глава? Не не фала :)
    [​IMG]
     
    На PinkPrincess, easyyyyy, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  6. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Не би носела на главата турбаниште туку некое изгубено турбанченце или нешто слично на него доколку доволно ми се допаѓа или го искомбинирам за некоја прилика. Пример нешто слично како првите 2-3 слики од Рассонерка. :)
    Не би го носела и тоа "нешто" што потсетува на турбан само за да бидам во мода. Незнам каква е таа приказна ако ставиш она што е моментално во мода и модна икона си или одма коментари како одсекогаш следиш мода? Што ако не ми се допаѓа ич и не носам? Не следам мода така? Глупости. |(

    И кога прочитав турбан ми текна на Сека Алексич. Баш читав како папараците ја сликале и имале доказ дека имала коса на главата, а таа зборувала како е келава па затоа носела турбаништа а воедно си следела и мода. Српските "диви" се чудо невидено. Наеднаш сите станаа зависнички од ЛВ, Гучи, пред Гучи, зад Гучи.
     
  7. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.635
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    Само уште турбан ми фали на глава...ја не би носела не сум роб на модните трендови на кој му е убаво нека си носи :!:
     
    На maleckataa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    мене ми се ОК не заради тоа што се тренд туку онака ми се допаѓале од секогаш(кога ги гледав оние од арапските држави) а само еднаш имам носено-во египед(а не памтам зошто)требаше да шетаме некаде и ни дадоа на сите.....значи би носела ама доколку некој ми го намести како што треба ...јас малку коптава сум за такви стварчици
     
  9. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Не би носела, ме потсеќа на индијците и арабите, на нивната култура и стварно ми е жал што се повеќе и повеќе почнавме да се облекуваме како будисти и муслимани(со исклучок на оние кои се :) )

    Во тренд беа шалварите(ги носат жени и мажи од муслиманска вероисповест како дел од нивната вера и култура)-сега сите ги носат!
    Во трент беа марамите со црно-бели коцки(марама која ја носат оние во арапските земји)-не верувам дека некој нема дома(секоја чест на исклучоците).
    Во трент се турбаните(можеби не се само будистите, но најголем процент тие ги носат и најмногу на нив не асоцираат)-Почнуваат да се носат!

    Не секогаш го следам трендот и не го менувам мојот стил според модата.. Ако нешто ми се допадне што е во мода ќе го носам, ако не па макар сите нека го носат, јас нема ;)
     
    На MissCupcake и lackygirl им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    ^ Ни шалвари, ни турбани, ни црно-бели коцкести марами имам во мојот гардеробер и сметам дека немам потреба од нив, ниту сум ги носела, ниту ги носам, ниту ќе ги носам :)
     
    На maleckataa, love.edward и Hopeful им се допаѓа ова.
  11. la.parisienne

    la.parisienne Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    172
    Секоја чест на храбрите девојки кои би ги носеле големите турбани на глава за низ град. Секогаш гласам за различност и смелост при носењето на некоја облека. Јас лично би ги носела оние полутурбаните, како марами што се. :)
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Никогаш не би носела турбан на главата, не доаѓа во предвид :!: :geek: турбан |( :D не ми се допаѓа ова како моден хит, не следам мода, што незначи дека незнам што модни трендови излегуваат :D вообичаено ако нешто ми се допадне и знам дека ќе ми одговара веднаш го купувам,а ако не ми се допадне, не го ни погледнувам,а не па да го купам :D таква сум одма знам дали ми се допаѓа нешто или дека ќе го носам :)
     
  13. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Не, не би носела турбан...
    Приметив дека се носат некои шалвари, една колешка купила, убаво и стоеја, ама јас не би купила, сигурна сум дека не ми стојат убаво. Ни таа марама со коцки што спомна Лин, не носев, некако... глупаво ми изгледаше, не дека ме асоцира на некоја култура (тоа не би требало да е причина за да се носи нешто или уатевер), ама... ако не ми се допаѓа-нема да носам, особено ако сите носат, панделките и цвеќињата што се носат-не сум купила такво нешто, не сум јас sweet, innocent, natural beaty-na-aahh... :shake:
    И да ми се допаѓа нешто што се носи, сепак би побарала некоја поинаква верзија, колку да се разликувам од другите. :wasntme:
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Geez,не.Не би носела.Интересна е замислата,свака част на оние што ги носат,ама катастрофа е.

    Марами,или стегачи како што кажаа Плавуша и Роси пред мене,би носела,изгледаат шик,и ретро.

    Ама турбан човече...не.Ем не сакам да бидам иста како пола женски во град,ем не ме интересира што е во тренд,ем турбан...АБЕ ТУРБАН БЕ. :fubar:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MaciMiay

    MaciMiay Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Леле турбан! |( ТУРБАН? :^)
    Какви ли не трендови...
    Жално е :|
    Никогаш не би ставила татво чудо на глава не ли па да се шетам со него.
    Мене лично не ми се допаѓа, не ми смета кога некој го носи се додека не ми го нуди мене :D
    Увствари прв пат слушам за турбаниве :tmi:
     
  16. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Нема шанси да носам турбан. Уште тоа ми фали. Не сум некој што слепо следи мода и трендови туку секогаш го носам тоа што ми се допаѓа, макар и да не е во тренд, а вакво нешто на глава кај мене-не!
     
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Боже ми прости,ко болни без коса...
    Не би...
     
  18. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Не би носела вакво нешто :)
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Па не ги пратам многу модните трендови, односно ако нешто сега е во мода а мене ми се допаѓа ќе го носам затоа што мене ми се допаднало, не затоа што е во мода. Исто така, ако е во мода а не е по мој вкус, па колку сака нека биде модерно па нема да го носам.

    Исто и за ова, не би носела турбан во никој случај. Мислам и ја како росоњерка си носам турбан кога се бањам :D ама за по дома :!: ама ваков, за надвор, нема шанси!

    Оние полутурбаните посимпатично ми изгледаат, него класичните :wasntme:
    Секако ако некој носи нема да ми смета, баш напротив :) Ама на главата моја (умна :P ) не би ставила турбан :) :lol:

    Всушност и мене ме потсетуваат на овие :nod: :)
    [​IMG]
    ___________________________________________________________________________________________

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    P.S Ми се допаѓа темата :)
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Би носела, само не кај нас...ќе ме гледаат како од Марс падната :D :D
    Е сега, факт е дека не би стоело на секој и дека треба да се знае како да се искомбинира.Како и да е, мене ми се допаѓа, особено на некои од сликите што се тука постирани.