секогаш не се придржувам до моменталните модни трендови,пратам и следам тоа што е моментален хит во текот на сезоната,но го купувам само тоа што добро ми стои и што би го носела, не ме интересира дали е 100% трендовски или не е,затоа што подобро е облеката или накитот да одговараат на конструкцијата и воопшто на стилот и стајлингот кој го претпочитаме,односно да бидеме свои и креативни да знаеме како да ги комбинираме парчињата облека тие што се моментален хит со тие помалку трендовските и така да создадеме некој стил на облекување,а не секогаш секоја сезона да трчаме само по актуелните модни трендови,а притоа да не запазуваме дали тоа нас ни одговара,дали добро ни стои таа боја и сл,но сепак нетреба и воопшто да се занемарува модата и актуелноста затоа што со целосно занемарување би делувале демодирани.
Кожата добива нова димензија оваа сезона. Моден хит се кожните панталони (вештачка кожа) и тоа во интензивни бои. Јас си имам едни кафени, а би сакала и некои со интересна боја. Интересни се и фустаните, капутите и модните додатоци. Спојлер
Јас не сум нешто водушевена од кожните панталони, ама во добра комбинација може да бидат фантастични. Факт е дека треба да умееш да носиш нешто вакво, бидејќи не секоја нога влага во ова! Видов едни интересни кожни шорцеви денес во Гтц, и баш ми делуваа шик.Такви можеби би носела во комбинација со хулахопки, ама панталони или фустан не. Ташни, јакни и остали акцесорис, секако дека би носела.
Ох кожени панталони! Едвај чекав да се вратат во мода! Имам едни црни и едни кремови ,ама скроз се обични ,немаат ни џебови ни ѕунѕурки - ништо. И кремовите ми се големи ,плус ко ѕвонарки ,така да ,не идат во предвид. Ионака не ми иде кожено ,а кремово ,не би го облекла со овој разум сега ,па колку сака нека е модерно. Да најдам црни ,кожени ,со патенти и синџири - ги земам без двоумење и којзнае дали ќе излезам од нив. Инаку ,прифаќам тренди гардероба која ми се вклопува во стилот и воопшто не ми е битно дали тоа што го носам на себе е последен моден крик или од некоја претходна сезона . Битно ми е да си бидам оригинална и да го имам на себе она што го нема никој.
Почитувам кожни панталони, но баш кожни, еко кожа а не оние пред некое време најлонскине хеланки кои ги викаа кожни побогу И пред се шема ми се кожните шорцеви и ако би купувала тоа ќе е мојот избор. Кожни фустани не ги љубам и ми изгледаат некако непрактично, ко стегнати да се цурите и да вријат во таа кожа во сред лето Исто и на кожниот мантил не сум фан, но тоа е веќе вкус. Биг лајк за акецсорис кожен. Нешто што би носела
http://karmakasha.mk/moda/revii/ite...nvin/1300-pariska-modna-nedela-lanvin?start=3 Oва никогаш не би го носела ....... И се прашувам каде отиде светов и што се случило со КРИТЕРИУМ УбАвИнА???
Дојдаѓа зима и стигнаа кај нас моделите кај нас лани што беа тренд, јакни со крзно и капути во жолта, кафена, крем боја. Но оваа година светски тренд е пончо и се враќаат долгите капути до глужд. Би носеле? Пончо (јес да реално од лани почна да се носи) Долги капути
Баш ја гледав есенската Бурда и сите модели за капути и мантили се како овие, со такви ракави. Мене ми се интересни, би ги носела. Имам едно сиво пончо и планирам да го носам. Јас се сеќавам дека и порано се носеа долги капути, имам неколку складирани во плакар. Би носела долг капут ама само струкиран, тие балонестите не ми се допаѓаат.
Многу ги сакам овие капути до глужд. Елегантно и женствено ми делуваат. Ама многу ми се непрактични. Партал ќе ги сторам на врнежливо и калливо време. А пончо НИКОГАШ нема да облечам. Ми личат на ќебенца со процеп за глава на средината. Лошо спред мене. А и фури од сите страни. Јас сум си зимурлива и си сакам зaтворено од сите страни, до врат и задникот обавезно да е покриен
Кожни пантолони можеби и би носела, не знам, зависи како ќе ми стојат. Капути до глуждови, не. Никогаш. Ниту пак почно. Грди ми се, посебно во ракавите...
Ovie asimetricni fustani fuj ne bi gi nosela,ne mi se ubavi ic,ili kratko ili dolgo vaka izmesano..ne
Премногу ми се допаѓаат овие асиметрични фустани и во план ми е еден да си сошијам, а може и повеќе. Ми се допаѓаат и оние капутчињата погоре со чудните ракави, би ги носела.
имам ваков црн асиметричен фустан од позади подолг а однапред краток.. не го имам облечено цели 3 години и баш се радувам што сега се во мода.. во првиот најпогоден момент ќе си го облечам..
Отсекогаш ми биле убави асиметричните фустани. Би носела, зошто да не. Пак посебно некој црвен, мерак штета што немам некој таков. Би можела да сошијам И капутчињата не се лоши. А вртев наназад по темава, менѓуши со пердуви. Интересни се, би ги носела, ама да се некои убави, со повеќе пердуви, убава боја... бидејќи пред некое време видов едно девојче носеше такви, ама жолта боја, пердувот еден беше, како оскубан. Не ми изгледаше убаво
Вљубена сум во фустаниве со „опашки“. Ептен ми се убави. Добро, не се баш најнов тренд, се носат уште од летото, ама океј. Да, би ги носела...
Пелерина и пончо многу сакам, и планирам да си купам набрзо Капути до глужд не се мој стил, а овие асиметрични фустанчиња хмм што знам не ме привлекуваат некако . Ми се допаѓа асиметричноста но не кај фустан, јас имам такви блузи подолги (туники) и си ги носам ама вака како фустан не би носела
Кревам раце за пелерина и пончо! Баш вечерва си го носев белото плетено пончо и сите ми го пофалија, а верувале или не го имам веќе 4 години и ретко го имам облечено. Овие пелериниве ми се многу шизички и би носела во крем варијанта. Капутите до земја, не. Не се мој стил. Што се однесува до асиметричните здолништа и сукњи, и тоа имам. Неодамна со помош на мајка ми, сошив еден прекрасен сив фустан, со едноставен топ без прерамки, од еден многу убав лелеав материјал. Размилсував мудро и го напрвив да можам да го носам како што е прикажано на сликата, на страна, а можам и да го префрлам на рамо и да го носам како мини. 3 во едно Сеуште не сум го носела вака како на сликите, ама изгледа инема да стигнам да го носам, зошто залади, а материјалот е прилично тенок.
Епа да, моден тренд што ја зафати цела Америка а и пошироко тататаааам таканаречените creepers shoes Спојлер Значи сериозно, чудово од циркузантска патика - кондура ми е многу грдо Загрижувачки ми е тоа што веќе сите омилени блогерки гледам како ги носат со воодушевување! искрено се надевам дека е ради "тренд", дека не се работи за вкус Спојлер Чисто сумњам дека на некој ќе му се допадне "трендов", ама ај за вкусови не се расправа Слободно искажете си се дали ви се допаѓаат или не?