Ретро шамија за дожд Добра вест за модните зависници кои не сакаат да влечкаат голем чадор - бабините шамии се враќаат во мода. Еден од есенските трендови е помалата сестричка на чадорот, водоотпорниот хибрид меѓу капче и шамија што одлично ќе одговара со гумените чизми од ланската сезона. Основните модели што личат на најлонска ќеса не се многу примамливи, ...но за среќа постојат шик варијанти во различен стил. Откако ќе преврне само ставете ја стилизираната шамија во лименото кутивче и вратете ја во чанта. Стара реклама за купи чипс земи капче http://www.youtube.com/watch?v=o_VPAcThY50 Ви фати око нешто?
Јас ќе носам што ми душа сака. Нема мене ни модна индустрија да ми диктира трендови, што треба да носам, а што не, ниту јас ќе се плашам или срамам да облечам нешто шо ми се свиѓа заради тоа што ќе речеле луѓето општо или некој особено. Освен тоа, нема ни од што да се плашам или да се срамам кога имам потполна доверба во сопствениот вкус... мислам... без лажни скромности сега Се шалам
Не, нешто слабо се инвентивни сезонава . Ме потсетуваат на забулена жена па во каков и да биле принт. Мислам дека е непријатно да се носи на глава тој материјал од пластика а и флизурата ја уништува Не ми е приемчиво за око, чадор си е чадор и ми е по сехи а освен главата ја штити и облеката ( јакната колку толку)
Јеах се се враќа коа тогаш со мали модификации. Мене не ме потсетуваат на забулени, мене ме потсетуваат на бабите од соседството. На баба Ратка! А другиот вид ме потсетува на капуљача од монтка, извадена и ставена на глава. Глупости у боја, мож и црно бело, по желба.
Мене па баш ми се симпатични чадорчињава, можат и уште подобри да ги направат, да не бидат до толку старински. Ама пак не се особено практични, чадорот спречува да ти наврне и капутот/јакната, а ова не. Eве малку поинаков модел
Ништо од ова не би носела па колку сака нека е ИН, ќе го носам тоа што мене ми се допаѓа и не ме интересира колку и дали е модерно
Само неколку дена пред новогодишната ноќ, модната индустрија ги израдува дамите со нов тренд, кој според мислењето на многу стилисти е идеален за изгледот на најлудата вечер во годината. Имено, станува збор за шминкање на усните во две различни бои, при што едната боја на кармин се нанесува на долната, а другиот кармин на горната усна. Шминкерите советуваат да се одбираат бои кои не се разликуваат многу една од друга, но истовремено и да изгледаат добро во комбинацијата. Тие истакнуваат дека најдобрите комбинации се со светло розева, портокалова, црвена, циклама и виолетова боја. Дополнителен совет за оние кои што сакаат да го освежат својот изглед е изборот на мат кармини, за да се избегне размачкувањето на боите, а пред нанесувањето на карминот, усните се исцртуваат со моливче во боја. Јас ова тешко да би го направила
Така се шминкам единствено дома кога испробувам кармини и сакам да видам кој ми стои поубаво а не можам да се одлучам . Нема шанси вака да излезам од дома
Оххх колку само ги жжалам овие кукли наречени манекенки ... значи може да кажам дека и куклит пофино поминуваат од нив!!! да не сум оффф ...Никад не би го сторила ова
Иако многумина кај нас се обележуваат самостојно со етикети дека се модерни и дека се во тек со модата , читајќи по коментарите по форумиве и не може баш да се рече.Точно е тоа дека турбаните се модерни и дека се ин , и дека е дискутабилно на кој му се допаѓаат а на кој не. Според мене тоа е супер моден додаток кој може да го смени тотално вашиот изглед и да изгледате помодерно , доколку правилно изберете турбан и правилно го искомбинирате. Познавајќи го менталитет на нашиве сограѓани не верувам дека многумина би се решиле на некој ваков аксеосар, поради тоа што ќе следува низа на коментари и осудувања , особено од личности што незнаат ама баш ништо за модата. Браво за оние храбрите , кои се доста креативни и можат да го вметнат овој специфичен моден додаток во секојдневна комбинација. Мене ми се допаѓа , но не треба да се носи пречесто , едноставно некогаш пробајте нешто шик и различно.
Јас па имам видено низ град девојчиња со вакви чизми. И една моја другарка имаше. Плус различни модели има. Мене лично не ми се нешто лоши меѓутоа не би ги носела. А за карминот .. ноу комент Никогаш не би излегла така од дома
^^ мене ме густа идејата за карминот, можно е некад да пробам со ускладени нијанси. Тренд: Фризури со шишки Новата сезона во поглед на фризурите ќе ја одбележат враќањето на шишките со кои ќе можете да го освежите изгледот. Ако сте подготвени за нов стил во новата година, во прилог неколку фризури со кои најлесно ќе можете да го промените стилот и да бидете во тренд. сте за?