Да започнеме со чевли: *Ugg -Ги обожавам! Не е некој најнов тренд ама во 2011 многу се популаризираше! Јас си имам едни дури од пред две години и кога тогаш ги носев сите викаа Мене не ми се свиѓаат, како папучи се, ова она, а сега и они си купуваат *Oxfords -Ми се допаѓаат. Немам вакви.. Многу ми се свиѓаа едни кафеави од Пикокс и вчера бев да видам колку пари се и дали се на попуст, ама не најдов *Jeffrey Campbell Litas -Лелелелелелеле најмногу ги сакам!!! Низ Скопје.. уствари низ цела Македонија не сум видела ниту една девојка со вакви, а не сум видела ни негде да се продаваат! Ама дефинитивно сакам да си купам... можеби за неколку години *Isabel Marant sneakers -Баш се убавки Посебно ми се засвиѓаа кога ги видов на Бијонсе во спотот Love on Top и кога блогеркава Сиара од TheBlondeSalad.com си ги купи и стави слики од нив! Сега нешто поразлично: *Off the shoulder tops -Мнооогу ми се свиѓаат! Го имаат тој laid back стил. Имам една таква маица на долги, ама многу е тенка за во зима, па ке ја носам во пролет *Nerd glasses -Хммм, незнам не ми се нешто посебно... Освен ако не ти требаат навистина наочари тогаш не гледам причина да ги носиш... *Thigh-high socks -Love, love loveee!!! Обожавам вакви над колената чорапи! Мислам дека баш се слатки!!! Имам два пара од Еуроазија си купив. Сеуште ги немам носено ама ќе ги носам оваа пролет дефинитивно! *Studed things -Ахх господ нека ја благослови феминката што ми кажа каде можам да си купам вакви нитни! Бев и си купив две пакетчиња нитни и се што ми изгледаше досадно или не сум го носела долго време, го подновив со овие! Имам подновено фармерки, кратки панталони, сукња... не ми текнува др. *High waisted shorts -Имам едни и доста ми се! Уствари порано беа фармерки ама ги скратив и ги однесов на шијач да ми ги подврати и зашие! Сега ми стојат amazing! *High waisted skirts -Друг тип на сукњи не носам! Имам ама не носам! Преубави ми се Женствени, слатки, неодоливи!
1. Шамиите за дожд ми се одвратни. Можеби ако живеам во некоја муслиманска земја или ако сум муслиманка. Само тогаш би ги носела зошто на шамии ме потсеќаат. Навистина не преплавија со муслиманка мода: шамии, марами со коцкест принт(оние кои беа актуелни пред некоја сезона), шалвари, долги здолништа... Не мора да значи за сите модели, ама коренот е тој. Не велам дека не ми се допаѓаат и дека не носам бидејќи и јас имам таква карирана марама и шалвари(не долги!). 2. Кармин во различна боја- единствено ми се допаѓа тој со 2 црвени нијанси: посветла и потемна. И јас би нанела така, но секако со мала разлика помеѓу нијансите. 3. Шишки делумно ми стојат, но не рамни туку оние настрана. Имав пред неколку години ама ми претставуваа огромна мака. Многу ми се мрсеа, ми се двоеја, ми се виткаа, цело време ги пеглав, ги фенирав, ги прскав со лак, ги чепкав.. Едноставно ми беа единствена преокупација. Тоа ми беше една од поголемите глупости што сум ги направила на мојот изглед. Не дека не ми стоеја, ама беа претерано напорни. Конечен одговор-НЕ! 4. Угг би носела иако немам купено. Ако ми дојде мерак некогаш ќе купам. 5. Оксфордките- би ги носела иако порано мислев дека се многу грди. Но кога видов во какви комбинации можат да се вклопат, а и впрочем да ја разубават целата комбинација се воодушевив. Би ги носела, но некако ми се скапи. Односно да беа некоја универзална обувка за секоја сезона би ги купила бидејќи инвестирам во обувки најмногу од се и купувам скапи чивтови. Ако најдам некои со пристојна цена би ги купила. 6.Jeffrey Campbell Litas - мене лично ми се одвратни иако убаво изгледаат на слика. Неможам да ги замислам на девојка во град, едноставно не можам. Како копита ми се. Едно големо НЕ! 7. Isabel Marant sneakers- не се нешто уникатно или некоја смела обувка. Најнормален модел на патики. Незнам зошто се толку популарни. Би ги носела, но не ме привлекуваат толку. 8.Off the shoulder tops- Дефинитивно да, прекрасни се. Сите. 9.Nerd glasses- мене ми се супер, тренди, стилски... Едноставно кога ќе видам машко со овие..супер. Преубаво се вклопуваат во машкиот стил. Се вклопуваат и во мојот, имам со бели рамки. 10.Thigh-high socks- Супер се, мене ми се океј. Иако ова е класика.
Чевлите на Џефри Кампбел баш се стилски! Ако вака ги гледате само чевлите не се нешто привлечни, ама во некои навистина убави комбинации се БОМБА! Кога видов блогеркиве како ги комбинираат се заљубив . Еве некои стилови... бидете отворени за нови идеи и стилови... За љубителите на Литас: -Колку се слаткиии
Дајен Кругер, Блејк Лајвли и Каролина Куркова најавија нов моден тренд - СУКЊА НАД ФУСТАН. Мене ова ми изгледа ужасно.
лелеееее и ова ли измислија што мода ке беше море немој гаки да почнат врз панталони па да личиме на супермен и бетмен
Ако живеам во Сахара, каде што никој не ме гледа може и би го облекла, ама и тоа е под знак прашање. Гроуз.
А мене не ми прават мерак. Вака на сликиве, девојкиве фино дотерани, тоа све, не излгедаат лошо. Ама не би носела. Премногу се гломазни за мој вкус, некако неженствени. Како чевла интересно делуваат, прифатлив модел, ама јас сум дефинитивно за грациозно и што помало стапало. Пример имаш убава фина и лелеава хаљина, во розева боја, и оп на нозете гломазните Литас. Зошто, кога може со убави и нежни потпетци? Преисфорсирани се. Не ми штима 90% од блогеркиве да имаат идентичен вкус, делува како со сила да ги вметнуваат во својот стил. Прашањето е дали вам ви се допаѓаат затоа што на другите им се допааѓаат? Може вакво нешто би проџвакала, ама овие затворените модели јок.
Оние на Џефри Кемпбел ми беа грдички, гломазни, груби, ама во некои комбинации се добри. АМА ОВИЕ ГРОЗНОТИИВЕ МЕ ПОТСЕКЈААТ НА ТОПУЦИ НА ВРЕМЕТО ШТО БЕА СТРАШНО ГРОЗНИ. ЕДНО ГОЛЕМО НЕ!
Модерни се и металик штиклите, исто и шпицастите модели, во така да кажам "ново руво". Како и да е, шпицастите не ми се допаѓаат и не би ги носела, макар биле и позлатени, едноставно не ми се убави за око. А од оние металик, се наоѓа по некој солиден модел што ми фаќа око.
Леле девојки, дај бе не ставајте едни исти ствари по пет пати...Мислам што е фората да отидеш 5 страни уназад и да ископираш демек нов моден тренд во ново мислење?Еднаш се поставени,кој што има ќе си искоментира за нив. Иначе шпиц штикли би носела да.Баш ми се шик и ми се следни на листата штикли Мисалм нели на овие модернизираниве,као пократок шпиц што се.А и плус обично таквите штикли се и пониски ,па според некоја логика би требало и поудобни да се. А и металик штикли ми се сосем прифатливи..Уствари кога ќе размислиш ја од сите штикли би сакала да имам,сите варијанти,бои,модели ...Ма шта чу кад немогу да им кажем не . Класичен штиклохолик сум си.
Јас во кинескиот си бендисав едни преубави шпиц штикли и сакав да си ги купам,ама штиклата воопшто не беше убава,пола црна пола метална и не си ги земав...башка и евтини беа,200 ден,само штиклата да беше поубава.
Ако нешто не ми стои не хит, не бренд, не тренд... ма и тотем да е не го ставам на мене за да ги засмејувам лугето со несвесноста за облекувањето.