Гледам стигнаа и кај нас би носеле вакви штикли со ептен дебела штилка не baш Јeffrey Campbell, туку обична салонка со екстремно дебела штикла? Баш ги гледав денес во Шевињон мене лично ич не ми се допаѓаат, ама ич... Неможам да најдaм таква иста слика, ама сличи на овие кои ги постирав. Штиклата е како дебел квадар, доле кај флекницата дури се и малку како поголеми. И се чудам дали некој би ги носел или не
Сигурно се поудобни ама ич не ми се свиѓа како изгледаат, штиклата е како трупец. Можеби има и некои убави модели, ама тие на коишто јас сум налетала ама баш ич не ме воодушевиле. Се надевам дека нема да преплави градов со вакви модели, па да се намали изборот уште толку.
Мноооогу сакам вакви, особено оние од типот сандала. Прекрасни се и совршени за во лето. Заљубена сум во овие Дени од колекциата на чевли на Џесика Симпсон.
Wow, едно дефинитивно не за овие.. Ич не ми се свиѓаат.. Старински ми се некако.. Не се па ни убави.. Јас лично не би ги носела!
Дебела штикла може многу убаво да изгледа на добра комбинација. Е сега добро овие сосе платформата напред несомнено потсеќаат на копита, на око воопшто не се убави. Ама салонки на дебела штикла би носела, особено дрвена штикла. па на крај краева немора да е 3спрата висока
Би носела потпетици со дебела штикла. Пред се, ми се допаѓаат затоа што се стабилни, а и има некои ептен фенси. Баш гледав едни класични црни салонки со дебела штикла во Peacocks и многу ми се допаднаа. ...нешто вака, но црни. Ми се допаѓаат и некои од чевлите на Jeffrey Campbell со дебела штикла:
Eве ми ги љубовчињата со таква штикла,кои за некој ден ќе бидат мои А имам и едни на попуст во Бершка што ги земав зимово. Штиклава е специфична,мала е границата меѓу тоа да изгледаат грубо и неженствено штиклите или тренди и интересни. Овие се оние кои веќе ги имам. Исто во Пикокс има убави салонки со ваква штикла,ги имаат ставено погоре. Дефинитивно дали е океј штиклава или не,зависи од модел до модел.
Би носела мене ми се допаѓаат многу , само не Miu Miu . Скоро сите модели кои ги постирала Хипстер ми се супер иако на неа не и се допаѓаат ххх. Еве некои и од мене
Јас ги меркам овие два модела од Аванти, ете баш имаат подебела штикла. Овие би ги носела, зошто не делуваат гломазно од напред. Дилемата ми е дали црвениве или шарените....
Леле и јас ги меркам истите ама од црвените нема број за мене, а шарените бидејќи се со ремче можам малку поголемки да земам Да купуваше чевли ретко би ти рекла да ги земеш црвените, но бидејќи купуваш често сум за шарените. За темата- Би носела, имам и чизми со дебела штикла, а и ми се допаѓаат дека се постабилни и мислам дека може и преку ден да се носат. Добро не баш сите модели ама повеќето може.
Jас не би носела дебела штикла, едино вакви како на Cтарфиш се трпат Aма тие со дебела штикла дрвени, ма не бре инаку Cтарфиш и 2та пара се убави, па не знам, размисли си, кои и да ги земеш нема да згрешиш Спојлер A која цена се?
мене црвените ми се поубави, а колку пари се? затоа што аванти и немаат баш квалитет па не би дала мнг пари за нив ?
1600 пишува на страната, ама мајка ми во Кисела Вода ги видела за 1400 Не ми се брза баш, до крајот на Март 1000-че ќе бидат. Тогаш ќе ги земам. Муахахахаххаха
Сум носела и ќе носам Веќе имам едни чизми на дебела штикла, а сега им го имам фрлено меракот на едни салонки, сон се. Се надевам во скоро време ќе бидат мои.
Во новата колекција на Зара ги забележав здолништава, ги има и кај други брендови, кратки од напред- долги од позади. Кое е вашето мислење? Би носеле ли нешто вакво? Мене баш интересно ми изгледаат
Кремастава не е многу лоша,ама незнам дали би ја облекла јас. Инаку за штикли на дебела штикла би носела,т.е. носам имам едни од лани од Страдивариус што си ги земав
незнам,искрено мене ова ми личи како марама да имаш врзано и не ми се свиѓаат баш многу,не би ги носела,ама би носела како што е должината од напред и од позади истата без тоа подолго од позади,да
Баш ми се допаѓаат, но на мене не би ми стоеле. Некако не ми се вклопуваат во стилот, ама покрај тоа боженствени се