Ми се допаѓаат јакиве сакам да си направам една Ги сакам и траките за на глава, но не ги сакам оние ко индиски стил со на патецот лента, тоа не би носела, другиве одамна си ги носам. А овие чанти се носат доста долго, ви се допаѓаат? Satchel bag А еве сеа и модел за на грб. Ме потсетува на оние ретро ташнички што порано во училиште ги носеле.
^ Јас ваква носам од зимото, во две кремасти нијанси е и практична до бескрај. А ете и во мода биле. Убави ми се мене, само не во електрично јаки бои за да прскаат рожници кај и да пројдам. И дефинитивно не би носела на грб, опуштено ранче во неутрална боја ми е многу подобар избор.
Ми личат на пософистицирана верзија, на оние што некогаш ги носевме на училиште, кога јас бев прво одделение, во далечните 80-ти години. Преку рамо ми се допаѓаат и би сакала некоја од нив во некоја земјена боја нијанса, а крекавите бои - не! За на грб не ми се допаѓа како стои, секој момент имам впечаток дека некој ќе повлече рачка и од торбата ќе излета падобран!
Ташничкиве дефинитивно ДА, многу се убави, само во неутрални бои, несакам дречливи, не би ги носела на грб само. Несакам големи ташни овие ми се баш таман.
Роси еве како да направиш, и мене ми се интересни http://www.youtube.com/watch?v=cRVAwBsA ... QsSLxJM%3D Инаку не за проѕирни ташни и чевли а да за балетанки затоа што не изгледаат лошо Чантите што ги постираше Роси ми се допаѓаат само ни јас не сакам дречливи бои Чантите -книги не ми се ич интересни.
Јаката ми се допаѓа и би носела. Проѕирна ташне не а ни штикли,никако Балетанки да,зашто да не. Ташната книга мене не ми се допаѓа,а тоа за на глава како на Ким ДА ми се допаѓа и би носела,па дури и на комбинација како нејзината со фармерки и со сако. А ташните што ги постирала Роси мене ми се многу грди,јас не би ги носела.
Такви јаки дефинитивно не се мој стил- значи не би носела, проѕирна чанта- дефинитивно не ( имам една таква малку со розе нијанса треба да ја побара мајка ми, ги носев во 6 одд) проѕирни чевли имам едни сандали пред можеби 7-8 години, но сега не би ги носела асиметрични фустани да ме видите како ми стојат, ( јас метро и желба за растење) книга ташна, па си ја замислувам како ја носи некој интелектуалец , јас дефинитивно не. Хатиџе синџирџе, не изгледа не сум ептен по модниот хит ааа да за средна дебелина на штикла.
Не- Ташните како книга, неон ташни, дебелите штикли, проѕирни штикли, и тоа за на глава како Хатиџе. Да- Асиметрични фустани, високи штикли, еластичните за на глава.
Големо ДА за они јаките. Исто така ДА за чантичкиве на Роси (погоре што ги постира), ама не во тие неонските нијанси. Оние од првата слика ми се баш убави, со ноти на винтиџ стил. ДА за тие траките преку глава, ама оние што се делуваат како „хипи-стил“ , а не оние како на Ким или султанкиве. ДА за проѕирните балетанки (се сеќавам љубам имаше такви во една комбинација). НЕ за проѕирните ташни и штикли. И најголемото ДА оди каај......... Спојлер Ма, прекрасни се. Асиметричните сукњи не се нешто посебно, ама фустаните се предобри!
Тие ташните што Росонерка ги постираше се..... НАЈСЛАТКИТЕ ТАШНИ КОИ СУМ ГИ ВИДЕЛААА!!! Сакам... Уште еден тренд - Пеплум блузи и фустани. Мене ми се слатки, зависи кои. Тие што се над колената ми се допаѓаат, а под колената ми се многу непропорционални...
Ајде малку да ја активирам темавааа Ги постирав сликиве и на "Направи сама..." темата па решив и тука да ги споделам бидејќи на некои им се допаѓаат.Така дааа, тададааммм -си направив украсена јакаа Што мислите???
Ташните-кеса. Ви се допаѓаат? Ги носат многу, дури и брендовиве имаат кеса ташна. Како по леб да ќе одам И овие пластични торби, како да ги речам. Корпи. Не знам
Леле свашта! Баба ми има таква пластична, да и ја земам ако не Не ми се допаѓаат воопшто, ни едните ни другите. Не би ги носела, и онака мразам големи и вреќасти ташни па овие ми се уште по тапа.
Големо не за ташниве. Неубаво изгледаат, а претпоставувам дека не се ниту практични. Посебно ружни се оние како вреќа. Страшна експанзија има на овие cap-toe чевли. Мене ми се многу шик. А би ги носела и балетанките и штиклите! Што мислите?
Најлонските ташни и пластичните корпи (баба ми штипки чува во таква една, црвена ) не само што не ми се допаѓаат, туку и ми се одвратни. А cap-toe ми се ептен убави. Особено штиклите. Уфффф
Cap-toe чевлите би ги носела, и мене ми се многу шик, а и преубаво стојат. Балетанки и така не носам па би ги прескокнала и овие
Ташните како кеси и тие пластичните во никој случај не би ги носела.Во никој. А cap-toe.Многу ми се допаѓаат.Едно големо да за нив.