Во глобала ептен лајк за cap-toe :up: Балетанчињата се совршенство. Сите ми се допаѓаат речиси со врвче кое се разликува. Преубави, а за жал не поседувам НО затоа оние шпиц ич не ги сакам. Прво од причина што тој шпиц чевла ми е одвратен, тоа е шпиц 10 сантими, јас со моја 40/41 чевла ко да имам шлапатарки на мене уште шпиц ми треба па и метален да убијам некој, чевла како ладно оружје. Го сакам оној благ шпиц или полушпиц како и да се вика, но не остриот. Meне од салонка овие модели на Penny Loves Kenny со метално cap-toe ми се омилени. И овие наравно За жал нашата копија на едни од чевливе во Аванти има пластична штикла од 15 сантими која ја уништува убавината на чевлата ама тоа е то, колку пари толку музика
значи за чевливе немој ѓаволот да ве лажел да купите вакви ако негде видите бидејки јас пред неколку години земав едни такви како сандали се летни ама тоа напред е од ваков прозирен материјал и не знаете какви ПЛУСКАВЦИ ми правеа коа ги носев рани ми беа стапалата болка неопишлива.Така и најголема мода и тренд да се никад веке не би облекла вакви освен ако сакам да плачам и со рани да бидам целата
Првите ташни-кеса би ги носела, зошто да не. Но, овие пластичниве корпишта како решето НИКОГАШ. Би се чувствувала како корпата со валкани алишта од ВЦ да ја носам со мене
чевли проѕирни гумени и чанти од проѕирна гума. ^многу се убави,ама можам да замислам кога од најобични балетанки и сандали нон стоп имам плускавци,што ли ќе биде гумени ако облечам
Cap-toe обувките - да Ташните кеса - па да зошто да не Пластичните торби - големо НЕ Проѕирни балетанки и штикли - не
Cap toe - да ептен ми се симпатични, а и си имам едни дома. Ташни ќеси - нее, само да влезам у автобус ќе ми го дрпнат телефонот, и така ми го сакаат Пластични торби - никогаш, ми личат на оние кафезине кај што чуваат кучиња, мачки и папагали по американскине филмови
Cap toe-Дефинитивно да оние пластичните балетанк/штикли-никако *Ќе се навратам малу на асиметричните сукњи и фустани-Премногу ми се допаѓаат. И ајде малку офф топик-Ако некој знае(или видел некој туторијал на јутјуб) како да направам сама асиметрична сукња нека ми пише ЛП
Ташните кеси незнам може да поминат некако,ама пластичните торби дефинитивно не се по мој вкус. И cap-toe чевлите да би ги носела добри се.
Јас имам онакви балетанки што се како со гима/пластика она проѕирното али не се целосно такви туку само делчиња и морам да кажам на изглед се симпатични, но ептен ми ги спуруваат нозете кога ги носам си мислам дека нозете ми вријат барем неколку дупченца да и ставил баш ќе ги сликам и ќе ги постирам
^ Converse старкиве би ги носела, некако глупо ми беше кога ги измислија оние Најк патикине на штикла. Поодвратно нешто немав во живот видено . Да дадам седум илјадарки за Најк штикла . Мене срце ме боли за патика три илјадарки да дадам а камо ли за ваква глупост . Ама старкиве би ги носела, убаво ми изгледаат, така шик и отмено, па зошто да не
А дали би носеле flatforms? Чевлите се со платформа, која е иста од врвот до петата. Исклучително голем тренд кај блогерките, кои намерно или не, не даваат информација дали се удобни за носење. Од око вака, мислам дека се ужасно неудобни, штом го нема природниот пат на стапалото. А и грдичко, грубо ми изгледаат.
Се сеќавам имав слични како на сл2,само црни.Ептен беа згодни и лесни.Многу си ги сакав,за разлика од едни други кафеави,слични како тие на сл9,од Баргала купени(значи би требало да се квалитетни и убодбни).После секое носење ужасно ме болеше местото каде подколеницата се сврзува со стопалото.Ужас!