Нема шанси Ми изгледаат многу смешно... Видов кај нас едно девојче носеше и сите ја гледаа чудно... Би носела можеби некое малечко што е како марама, ама на целата глава no way
Што не ке измислат, турбан Не би носела,никогаш. Сите да носат ја не носам, како од бањање да сум излегла
Не ги пратам слепо модните трендови, па и овој радо ќе го избегнам. Не ми се допаѓа, а и искрено колку и да го почитувам туѓиот стил верувам дека ќе се изнасмејам ако видам некоја со нешто вакво.
Не би носела турбан, бидејќи мислам дека не ми стои. Имам виткана коса и сакам да ја покажувам, бидејќи си ја сакам како изгледа. Можеби би носела нешто вакво ( види слика долу ), ако може да се нарече ова малечко турбанче: Бидејќи правам бижутерија и венчиња, си направив вакво според примерот на сликата, и баш интересно изгледа, ама не сум го носела досега. Иначе, кога сме кај трендовите, дали би носеле јаки бои комбинирани со јаки бои, на пример маица во јака боја со сукња во јака боја? Нешто вака: Спојлер Морам да напоменам дека овој тренд го диктираат сите големи модни имиња, почнувајќи од GUCCI па се до Marc Jacobs и Lanvin. Потоа, дали би носеле облека со рески? На пример маици или фустани, па дури и ремени. Примери долу: Спојлер Всушност, реските претставуваат синоним за луксуз. Можеби и затоа се толку тренди оваа сезона. Спојлер Tassels: a symbol of luxury If you think of tassels only as a furniture trimming, think again. Tassels originated thousands of years ago and throughout their history were used as symbols of status: both military rank, and religious order. In 16th and 17th century France passementerie, the art of tassel making, was a booming one, with ornate handmade tassels representing wealth and power: no palace interior was complete without silk tassels dripping from its rich brocade curtains and velvet cushions. But once the 20th century rolled around and moderation became the new aesthetic, the days of ostentatious trimmings faded sadly away. Now, in a time of global instability and flux, we return to luxury. But as we see it, luxury as craftsmanship. It may be in the minimal yet beautifully crafted aesthetic that's prominent right now, or it may be in a little ornament, the tassel, that carries connotations of opulence - but that sits well and truly on the opposite side of glitzy. So when it comes to investing in pieces with tassel detailing, quality is key: a well-made tassel, be it silk or leather, carries that sense of luxury and authenticity. The tassel in 2011 While it's been a constant to see the odd, small tassel on leather accessories like handbags and purses, we're now seeing them prominently - oversized, extra long, brightly coloured or made to stand out in some way. And it's no longer just handbags: for Spring 2011 they're on everything from shoes to dresses to belts and hats.
Нека седне до мене и Лагерфелд лично и нека ми диктира, јас ќе одлучам да не пишувам, односно ќе му го бојкотирам диктатот Не дека некој чудно ќе ме гледа, или од таква некоја причина, пред се затоа што не ми се допаѓа и второ, затоа што никогаш не сум следела никаков моден тренд. Чак што сум сигурна дека моден тренд кај мене постои само како мисловна именка. Не следам манијачки ниту слепо ништо што е наметнато глобално преку модни списанија, или што и да е. Доволно ми е што доста често ја фаќам косата, уште турбан и фали на кутрата па да ми испопаѓа Малечка, уште поголем болд да ставеше? Ова ми звучеше ко - јаоооо бог да чува, абе големите модни имиња го диктираат ова, бе девојки! No offence Еј ниту ресите, не ги носев ни во времето кога сите си носеа такви индијански маички со рески и велеа - еееј од Грчка ми е, ви текнува? Не верувам ни сега дека ќе ја носам. Абре не се јаде се што лета, нали? Така да внимателно ќе одлучам што од ткн. модни трендови ќе опнам на мене, а што нема. Башка не стои се на секој.
епа не ми се допаѓа се што е во мода,турбан видов лани на една стара жена на плажа , сигурно 75-80 години беше, ваљда богата пензионерка што ужива на море , и сега стварно ми е невкусно , however си имам мој изграден стил точно знам како сакам да изгледам и не се облекувам според модни трендови и заборавив , стилот не го менувам со секоја нова мода , имам такви пријателки што го менуваат со секоја нова мода и стварно ме нервира тоа нешто
Не би носела турбан, иако е модерно. Колку и да сакам да ги следам модните трендови, едноставно некои работи не ми се допаѓаат. Би изгледала смешно со него, бидејќи како прво би го носела вештачки и без самодоверба. Значи, на мојата листа на модни трендови не се наоѓа турбанот. Би носела некоја интересна марама или трака за коса. Интересно врзана или испреплетена, но тоа би го оставила за некое летно излегување на одмор. Морам да признаам дека оваа слика (која ја има Марама како аватар) ми изгледа многу интересно, а воедно и имам дома иста ваква марама....но мислам дека сепак би ја комбинирала со кошулка
Не, не..Колку и да е модерно, едноставно не ми се допаѓа и не би носела. Единствено што носам се вакви марами,кои ги носам на плажа.
Никогаш не би носела турбан, мислам дека ретко некој овде во нашата земја би се осудил да стави турбан на главата и да шета по градот, освен ако не сака да е во центарот на вниманието... Инаку често носам марами на главата, но не изгледаат како турбан.
Ко што ми е мало главчево уште турбан ми фали. Нема шанси. Искрено да видам некоја на улица што носи затоа што така и наредила фешн тв за оваа сезона ќе и се изнасмеам. Од далеку се гледа кој има стил и кому му стои, сето тоа слепо пратење на модни трендови многу вештачки ми делува. Не ги следам слепо, ако нешто ми се допадне и ми стои ќе го носам, во спортивно нема шанси. Комбинацииве со јаките бои исто така многу чикнато ми делуваат, не не, несакам таков изглед на мене, сепак сакам усогласени бои, не претпочитам ни еднобојност но ова ми е претеризам. Никогаш не би се облекла така. За ресите немам нешто против, имам ташна со реси, би ги носела како додатоци.
Може да е тренд но мене лично не ми се допаѓа и не би носела вакво нешто. А мислам и дека нема да ми стои, не ми е таков стилот на облекување и не е по мој вкус. Марама може да носам, но турбан никако.
Извини али си имам коса...Фала богу не ми е опаѓана..Не би ставила такво чудо на глава, кога ќе видам нешо такво одма се присетуван на Хустина и Лурексија..Не дај Боже да личам на нив Ја би ставила на плажа ама од тие како шо се на првите слики кај Россионерка А оние ТУБИТЕ на глава НЕ!
Чевли на Јeffrey Campbell Eве еден светски тренд, ги ставив чевливе во темата чевли ама не е лошо тука да искоментираме. Дали ви се допаѓаат, зашто се ултра популарни од минатата сезона, ги носат многу популарни личности, блогерки, ги има во сите весници, божем биле ова новите Лобутинки. Абе ај Moдел на полусандала И сандала Ладно оружје!
Не, дефинитивно не би ги носела. Нема ништо женствено во нив, многу се гломазни. Се замислувам со мојава маса и ноџиња како одам со такви ко од цемент да ги вадам нозете... не не... воопшто не ми се допаѓаат
Абре, недај боже да згазниш некој со чевливе....хихихихиихии...отиде прстот.... Инаку не ми се свиѓаат ич, какви чевли си имам јас дома... овие вода можат да им носат на моите