Старткиве се симпатични но не би ги носела бидејќи не се мој стил. А и неможам да замислам во каква комбинација би ги носел некој но сигурно би требале да се носат во некој рок стил со искинати фармерки и слично, а не со некои слатки фустанчиња. Чевливе Старфиш ми изгледаат ужасно, баш ги гледав пред некој ден и мене ми изгледаат многу неудобно и на изглед се одвратни. Не би ги носела, воопшто не се женствени и многу грубо изгледаат. Што ли не ќе им текне веќе
^ Овие flatforms некако грубо ми изгледаат на прв поглед. Не ми се воопшто привлечни, а се сомневам дека и ќе бидат удобни. Еве и Ordinary пишала дека не се воопшто удобни, така да овие од мене добиваат едно големо НЕ
Flatforms - НЕ! Ептен се грди, воошто не ми се допаѓа кога ќе видам некоја блогерка цела дотерана и овие грдотииве на нозе Не ми се вклопуваат во никој стил, неможам да ги замислам на моја нога...
Старткиве интересни ми се видоа иако мноогу одварно нешто ми се патики па на штикла нешто изведувано, ама овие ми се допаднаа . а за flatforms едно огРомно НЕ !! Стварно се грдички да не се лажеме а гледам ги форсираат последно време ...
Leave them дефинитивно. Незнам дали ви текнува ама порано кога бевме помали се носеа слични папучи на топук баш и топуци ги викавме, апостолки или обични папучи, мислам спајс грлс имаа такви и сите пазари беа преплавени со нив. Не исти ама слични, а они и такви патики носат И колку што се сеќавам беа ужасно неудобни јас ногата си ја свиткав толку лошо што кај Цакан завршив. Инаку и грди ми се овие денешниве модерниве топуци. Уште еден доказ дека се што носат овие блогеркиве не е за носење, а башка што и грди пари добиваат да го промовираат чудава. _ Патики коверс со подигнати пети ми се сипатични ама и јас не би ги носела, зашто не ни знам како би стоеле најубаво. Си се држам строго до обични старки во спортски комбинации, а балетанчиња во кежуал комбинации.
Овие топуциве и да ме убијат не би ги носела Толку ми се глупи па којзнае колку да бидат у мода не би ги облекла
Старки на полна пета би носела, ептен нежно делуваат, а не како оние другите смотани на штикла кои беа актуелни - мене пак супер ми се вклопуваат и со некое лелеаво поспортско фустанче, така и си носам - со високите рамни Конверски. А овие flatforms, баш пред месец-два гледав низ продавници вакви модели и си замислив комбинација со ваква обувка(?) и си кажав - ти и јаааа више неее. Не, озбилно - многу се грди на око, ми оставаат впечаток и дека се крајно неудобни, плус се наежив кога видов на сликите во погорните коментари како е поставено стапалото во самата чевла. Грозно.
Старки на полна пета?Не, не би носела. Шо чудо ќе беше ова?Патика па и на полна пета одозгора.За мене старка си е старка.Класична патика платнена која служи кога сакаш да си ги одмориш нозете А овие flatforms изгледа се направени од некој женомразец.
Не би носела ништо што не ми се допаѓа. Најинтересно беше лани кога целата школа имаше исти чизми.Сите носеа ист модел само различни бои. Како близначки. Беа интересни, но не и удобни. Носам стартки ,но тие на полна пета па тие flatforms нема шанси. Сеуште сум мала ама нема ни да ги носам и кога ќе пораснам.
Интересни се, ама не се мој стил _____________________________________ Е ова ти се викаат прави старки
Старки на полна пета не би носела. Вака на изглед се убави, но не носам полна пета, а и поубави ми се рамните старки.
Добро, ова не е класичен турбан. Ова е марама заврзана на тој начин. Таман е за на плажа. Јас под турбан го подразбирам ова Или по модернизираната верзија
Лелел оние топуци ми нервираат до срж! Грдосија невидена посебно оние апла високите. Видов топук на 2 цм висина и беа сосема ок како минимална платформа, ама високите аааау грдо! Еве 2 трендови, дал ви се допаѓаат 1. Ear Cuff 2. Baroque принт Ние цело Скопје сме многу модерни
Тоа на ушите не доаѓа предвид, а баш скоро си купив маичка во барок стил, значи сум за, ама сепак со вкус
Турбан би носела. Ептен ми се допаѓа како изгледа. А, ear cuff зависи како е искомбинирано. Мене не ми се совпаѓа во стилот. Барокниот принт ми е премногу. Не сум љубител.