Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моден хит - тренд... Би носеле или не?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од la-chicka, 19 јуни 2011.

  1. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Овие за уши не ми се допаѓаат, ту мач ми се, не би носела.
    Барокниот принт ми се допаѓа, но само кога е искомбинирано едно парче со барок принт а другото да е еднобојно.
     
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Барокниот принт ми се допаѓа многу. :)
    Го носам.
    Тоа за на уво,интересно изгледа.
    Но не се вклопува во мојот стил.
     
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Старки на полна пета - никогаш. Никогаш не би носела нешто помеѓу патика и штикла. Тие две работи треба да се разделат една од друга и да не се спојуваат никогаш повеќе :D

    Турбан - да, ако не ми ја покрива целата глава.

    Обетките за околу уво - да! Ретко ја носам косата собрана, но навистина ми се допаѓаат и ако треба специјално за нив ќе ја собирам :D

    Барокот - кул, ќе одговарам на екстериерот :lol: Не е лошо, можеби би носела некое фустанче или сако. Зависи од принтот.
     
  4. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    Колку се преубави старките <33
    Ве молам, ако најдете негде низ Охрид, пишете..
     
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Барокниве мотиви веќе ги има во H&M и Zara, баш ги гледав на нет, некои беа интересени, некои ми беа пре кичести. Можеби маичка само би била штосно со фармерки, ама цела во барок, не фала, не сум Скопје :D
    Ear Cuffs се многу штосни и интересни, другарка ми се зема од асос едно, ама нејзе и прлега одлично, јас го пробав и некако не ми се допадна како мене ми стои, не сум тој тип.
    А има прекрасни, од преедноставни до преспецифични
    Најсмешни ми се предувите
    [​IMG]
    Или овие
    [​IMG]
     
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Ear cuff - Ептен ми се слатки, гледам оваа женската од Купувај Скопје ги продава, не би зажалила да фрлам 400 денари на една ваква, ама нема да ми стои, имам клемпави ушиња и само по дома ја носам фатена косата :doh:
    [​IMG]
    Барокниов стил или мотиви - Зошто да не, ама не од глава до пети во Барок. Само едно парче во комбинацијата, да изгледа по интересно.
     
  7. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Ear cuff не би носела,воопшто не е мој стил.Што се однесува до барокниов принт,ми се допаѓа,интересен е.Сметам дека е доволно само едно парче во целокупната комбинација,зошто во спротивно би делувало кич и пренатрупано.Посебно ми падна во очи едно фустанче што беше постирано погоре :inlove:
     
  8. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Обожавам марами со барок принт и си носам една таква. Исто и шалови! Искрено за постари се, ама ако најдеш некоја помладелачка зошто да не, ептен изгледаат дамски.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На La.Reina.Del.Sur и Hipster им се допаѓа ова.
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    "Обетките" не, барок принтот некои внимателно одбрани парчиња да, старките ми се одвратни.
     
  10. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ептен ми се убави би носела.Уште одамна се заљубив јас во нив.
     
  11. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Ма цел град ако сакат нека носит турбан на глава,мене и пари да ми даваат не го ставам она на глава.Па не сум јас султан. :rofl: :rofl:
    И тоа барок принт што е.Ич не ми изгледа убаво.Не би го носела.Успат имам една марама од мама со ваков принт,нека си е носит таа,ќе и кажам дека било во мода да се носат :lol: :rofl: :rofl:
     
  12. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Тие менѓушките, зависи. Некои би ги носела, некои не. Исто како што има различни модели ланчиња и не ми се допаѓаат сите така и овие. Ама на пр. ова на сликава би го носела со задоволство. Веќе имам едно моделче, како втората слика. Интересно е. А тоа змејчето ми е многу штосно. Да си ја имам Сафира на увце. Мераци.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    За пластичниве чевли, пак ќе речам зависи до моделот. Оние што напред во пластиката се гледаат набиени прсти ми се honestly, гадни. Испостискани прстите, ко нос на шофершајбна. Non, non. Ама овие на сликава, уф колку би сакала да ги имам дома. Многу ми се допаѓаат.
    [​IMG]

    Flatforms, повеќето искрено не ми се допаѓаат. Добро де, 99%. Ама може да се најде убаво моделче што интересно ќе се искомбинира. Стварно има. :) Да се разбереме, не сакам ни топуци ниту некои хипстерски квази моделчиња. Non.

    А овие патико штикли не да ми се одбивни. Не Најк, не Конверс ма што сака нека бидат. Ако ми се носи штикла, штикла ќе облечам. Ако ми се носи патика, патика ќе облечам. Што е тука проблемот? Што е наредно апостолко штикли? Really?

    Турбаните ми се интересен моден хит кој и јас знам да си го фурам од време на време. Така да, дефинитивно сум за овој моден тренд.

    Барокниот принт ми е онака, ОК. Имам блузичка свилена со него и лесна е и убава и една марама но чинам во последно време го исфорсираа некако. Затоа не сум толку загреана за него. :)
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Би носеле ваков вид на оксфордки, не знам како се викаат или дали имаат име посебно, карактетристично за нив...
    Јас би ги носела, навистина се слатки и штосни.
    [​IMG]
     
  14. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Од H&M за 3.95 евра :) Едвај чекам да ги носам, еве на мене како изгледаат :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 102_5008.JPG
      102_5008.JPG
      Големина на фајлот:
      211,8 KB
      Прегледи:
      437
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Berguzar

    Berguzar Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    7.652
    Би носела сакам да експериментирам ама да не се претерано големи...сепак мислам дека се уникатни :)
     
  16. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    И јас би ги носела...Ептен ми се допаѓаат.. :inlove:
     
  17. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Collar или Јаки по нашки.Оние пообичните некако ги прифаќам, ама вакви „начичкани“ со секакви детали, не! Јас искрено не би носела, едноставно не ми се убави, ама ич. По посебно комбинирани на се што ќе им текни :worried:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  18. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ич не ми се свиѓаат, така да не би носела, одвратни ми се, накинџурени, ај нај нормални ако веќе морам би носела, а по моја воља не! :!:
     
  19. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Јакиве се веќе стара вест, јас мислам дека пишав за трендов уште пред неколку месеци. Еве пак ке си кажам, мене ми се неверојатно слатки, баш тренди и необични. Поготово во зима, како што имаат искомбинирано девојките на сликите, обично џемперче и ваква јака и готово, тераш мода. Јас веќе си направив вакво, ама од кога се вратив од одмор неможам да си го најдам :( штета... најверојатно ќе си направам друго :)
     
  20. phoenix4235

    phoenix4235 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    524
    Допаѓања:
    201

    Овие обетки опасни по живот ми изгледаат! Тоа што виси ако се запни некако некаде замина увото! :x
    :)