Туш во неонска боја не би ставила, од причина што мислам дека нема да ми стои иако вака кога ќе видам нашминкано на слика со таков туш не изгледа воопшто лошо. Мајка ми ми има купено од орифлејм сив и зелен туш, ама никогаш ги немам употребено. А за ќерамида бојата едно големо да. Имам едни темно црвени пантолони, не се баш ќерамидови, ама се близу до ќерамидовата. Убаво би стоела некоја ташничка во таква боја.
За тушот јас не би. Иако ги сакам неонските бои, ама сепак не би ставила. На моите очи не ми стои ни црн туш, а не пак туш во неонски бои. Во случај и да ми стои, не би ставила. Не ми се допаѓа како изгледа. Многу дречи. А бордо бојата многу ми се допаѓа. Добро би ми дошле еден мантил или капут во таква боја.
Неон туш,не ми се свиѓа како ми стои на мене..а нешто не ме воодушевил на други кога сум го видела.Сега за сега,не. Бордо,и тоа како ДА!Сите тие burgundy нијанси ми се хит за оваа есен.Од кармини до облека. Минатиот пат кога бев во Бершка имаше многу убави работи на оваа боја,ама ништо не си купив уште лето беше . Уште еден тренд кој се враќа на голема врата сезонава...Military или camouflage trend,т.е. војничкиот дезен. Би носеле ли војнички панталони?Или маички и џемпери?Посебно се модерни јакните во овој дезен. Гарант во плакарот ви се крие по уште некое војничко парче облека,кое беше тренд пред неколку години.. Јас за жал сум ги исфрлила сите,сега баш со задоволство би ги носелела.
За секси војнички шорцеви сум за. Но за друго со дезен и не толку многу, зашто она што ми е омилено ми е темно-зелената боја. Пример имам слично сако, со ваква боја, само што моето е пострукирано и има друга јака. Исто обожавам вакви панталони со војничката зелена боја. Комбинирани со прљаво бела тесна блуза се мња А ваквите јакнички со специфично поставени копчиња во војнички стил, одамна си ги меркам Али дезенот, со исклучок на шорцевите, не го посакувам во мојот плакар зашто знам дека ќе ми здодее. Сепак сум ЗА војничкиот стил кога се работи за боите и неговите “модернизирања“, јакните еве.
Баш ми е мерак дека се во тренд војничките парчиња облека , јас и онака си ги носам, ама сега ќе си носам почесто.
Неонскиот туш не би го нанела ,не би ми седел убаво.Користам исклучиво само црн.Можеби за да пробам би ставила розев,но само да видам како седи. Бордото ми се допаѓа и баш супер што е ин годинава.Би сакала да имам некое џемперче или палто на бордо,а и ќе си ја остварам желбата Имам една блуза која што е војничка ,се мислев да ја фрлам едно време,но добро е што не сум ја фрлила,ќе ми се најди за овај период.Ја обожавам темно зелената боја и многу ми е мило што повторно ќе се носи. Па би можело да си купам едно палто во таа боја
Бордо и онака си носам, во секоја сезона си имам бордо парче, една од омилените бои ми е. Посебно го обожавам и карминот. Војнички принт не, но може нешто интересно во маслинестата боја со таков војнички крој и копчиња
Ааах бордо, какво бордо џемперче си видов вчера... АМА 3000 денари...Епа не би дала толку пари за џемперче. Војничкиот дезен не го обожавам. Пред неколку години кога се носеше имав блуза, но сега не би носела. Инаку дефинитивно големо ДА за бојата, моделите на јакнички, копчињата итн. Јас си имам три пара пантолони, едно сако и една сукња во оваа боја.
Големо да за бордото! Иначе за војничкиот стил: ФОРМАТА Е ИН, а не дезенот обожавам палтенца со така специфично поставени копчиња и јаки!
Туш во неонски бои не би носела, зошто не обожавам скоро ништо што е со дречливи бои, па ни овој тренд, општо ни на облека не го сакам. Бордо би носела и тоа како.Бојата ми е ептен женствена и парчињата облека ги прави совршени. А војнички стил, го обожавам, бојата и кројот, но не и дезенот.Темно зелена, кафеава, строг крој, големи метални копчиња.Убавини. Нешто што сакам да го имам во плакарот годинава, па и за наредните години де, се палтенцава:
Војничкиов крој од секогаш сум го носела. Kај нас е малку потешко да се најдат такви парчиња облека, кога ќе начекам нешто живи радости сум. Особено ги обожавам палтата и панталоните. Сезонава осеќам ќе ми се истенчи новчаникот како никогаш до сега. Имам слична на оваа долга, сакам да си купам и кратка во друга боја. А може и некое вакво
Не би ставила на мене неонски туш во никој случај! Многу грдо ми изгледа некако грдо и невкусно. Што знам,се работи за вкус.Мене не ми е воопшто по вкус,ми излгледа како од некоја хорор сцена за некој филм.Туш ставам исклучиво црн.И не би го мењавала. Инаку што се однесува до војничкиот стил.Би го носела оти да не.Многу ми е убав,а и убаво стои.Посебно палтата и маичките ми се допаѓааат многу.
Неонски туш би ставила во лето.Интересно изгледа. Бордо бојата мене ми е многу убава.Имам едно џемперче во таква боја а сега планирам и панталони да си купам. Кај војничкиот стил не ми се допаѓа дезенот но стилот на палтенцата ми е многу убав.Би носела некое такво палтенце во темно зелена боја.
Бордо- дефинитивно да! Ја обожавам бојата. Женственост. Во глава веќе си го имам замислено совршениот фустан, па би требало да го шијам. Големо да и за војничниот принт. Треба да се подновам со уште некое вакво парче. Сега- засега имам само едни панталони, но некако не ми се допаѓа кројот, па ваљда и сезонава ќе си останат во плакар.
Најогромно да за војничкиот дезен. Ах, да можам да си најдам панталони, палто или пак кошула..Ахх... Како помала имав едни панталони со војнички дезен, ги носев и лето и зимо. Им ја извадив душата. Колениците се избледени, како шорцеви можат да се направат да се носат, ама толкава крава нема да ме збере