Ако сте приметиле во последно време Ким го тера овој таканаречен Пеплум стил. Мене лично ми се допаѓа како и стои на неа, првенствено поради обликот на телото. Јас исто би носела некое фустанче вакво, со благо деколте.Проста причина-испакнати колкови!
Искрено ми се кога видам некоја елегантно пополнета да носи Пеплум стајл. Уште толку поголема ја прави. Ми се допаѓа, ама кај девојки со убаво тело, да имаат што да истакнат.
Burgundy или на нашки бордо бојата зема се поголем замав сезонава. Од фустани, џемпери, панталони, топови и се до аксесоари како чанти, шалови, капи. Парчиња во истата боја добро прилегаат и на машки, што мене многу ми се допаѓа. Мене лично ми е новата омилена есенска боја.
Пеплум кројот ми е многу убав,интересен,а оваа бордо боја ми е исто прекрасна и би сакала некое парче со таа боја!
Мене пеплум не ми стои. Бордо бојата, или такозвана burgundy ептен ми е по мерак и имам во план да го наполнам плакарот со работи во бојава. Толку ми е добра за комбинирање, што би ја носела наместо црно. Сега за сега си купив само панталони и чанта, а многу би сакала да си купам и кожњак во бордо боја, макар што кај нас не сум видела сеуште.
Бордо бојата ми е најпрекрасна Инаку исто така се носат вакви бои и оваа боја е добра. Ми се свиѓаат боите оваа есен.
Си купив темно зелен пеплум фустан...Ем пеплум, ем темно зелен. Сеуште немам ништо во бордо, бидејќи се свртив повеќе кон темно зелената боја. А убаво би ми дошле едни чизмички и чанта, и фустан. Сликите што ги постира Старфиш
пепелумот ми е омилен имам 2 сукњи такви и фустанче пепелум , но пепелумот не е за девојки со истакнати колкови уште поголем акцент им дава , а од боиве бордо е прекрасна се снабдив со по нешто многу сакам чизми со таква боја
Имам еден пеплум фустан. Нагоре е со зебра принт, надолу црн. Само уште го немам никогаш носено, незнам како ми стои па дали и би го носела
Точкииииииииииииии. Точките ( или на енглески кажано polka dots ) се моден хит во моментов. Со малце креативност и идеи, можат да се направат најубавите комбинации! Јас сум луда по точки, ги обожавам просто речено.
Пак ли овие точкастиве? Па сега брзо се носеа... имам дома неколку точкасти стварчиња, може да ги вратам back in the game
Сакам точки..... немам ништо со точки, на времето мајка ми имала еден фустан со точки, значи колку брзо се враќа модата. Сликите анабела
пеплум да би носела ми се допаѓа ионака немам некои големи облини овој фустан супер ке ми дојде, Бордо бојата ептем ми е по мерак иоако немам ништо таква боја сакам сега едни панталони и една блузичка си бендисав, и за точките едно големо ДА
Пемплумот ми се допаѓа, но мислам дека подобро стои на девојки кои што немаат облини, мислам на девојки што се прави, без тенко струкче и истакнати колкови. На Ким не ми се допаѓа како и стои, премногу ги истакнува и така веќе истакнатите облини. Бордо ми се допаѓа, можеби ќе купам нешто. Точките ми се допаѓаат. Убави ми се, нежни и женствени.
Точките Многу ги сакам,но немам парче во мојот ормар со точки Но планирам да си сошијам или да си купам Многу се убави и со се одат
Пеплум стилот не е баш мој стил,но размислував да си земам едно црно или кремасто.Убаво ќе ми стои знам. Точкиците дефинитивно ин. А бордо бојата и овие есенски бои секако да.Едвај чекам да си ги наполнам плакарите и со овие бои.
Кревам рака за пеплум фустанчињата. Убаво ми стојат, ама факт е дека поубави ми се за гледање, отколку за носење. Ич не сакам фустанчиња. Темно-зелената боја дефинитивно! Се подновив со марами и кошула, ми остана уште едно џемперче во јака темнозелена и ќе бидам цакум-пакум. Точките ми се ол тајм фејврит - имам некои парчиња облека, ама не би рекла не, за некоја кошулка со ваква необична јака. Бордо џемперче, марама и ташна - ин прогрес!