Би носела polka dots кошулче. Во црно бела варијанта. Ми се гади од црвено-црно. Вакво нешто може.. Спојлер И со тиркизно изгледа симпатично
Ми се допаѓаат точките ама немам некое такво парче во орманот. Иначе би сакала да имам и мислам наскоро да си купам нешто такво.
Бебешка јака. Незнам дали сте опреметиле,но јас на tumblr најмногу ги гледам и многу се слатки Еве за што зборувам: Што мислите?Би носеле? Јас баш најдов и туторијал како се прави
Јас имам кошула и џемперче со бебешка јака.Многу ми се слатки,ми се допѓаат и си ги носам. Точки многу сакам,а за жал сеуште немам ништо купено,имам црна кошула но со ситни бели срценца иако од далеку на точки личат Ќе си купам! Бордо ми се допаѓа исто така,и во план сум да си купам џемперче Темно зелена боја не ме прилекува.Општо несакам зелена боја.
Polka dots многу сакав лани и си купив панталони. И ги облеков два пати. Маичките се полесни за комбинирање и најубави ми се во кежуал варијанта. Оваа година ни еднаш не сум облекла точки. Кошулките што ги постираше koritsaki ми се убави, ама не би носела закопчана до врат. Многу одибвно ми делува кошула до врат закопчана. А Peter Pan Collar имам на една единствена маичка и ништо повеќе. Фустаните не ми се допаѓаат, премногу ми се preppy за мој вкус и детинесто делуваат. Од друга страна кошулите ми се многу убави. Ноу. Јес.
Јас пак не се согласувам со Коритсаки и напротив, мислам дека баш на секоја девојка ѝ стои ваква кошулка како тие лево, па и оваа со точките. Спојлер Да е некој чуден крој како, еве да речеме пеплум фустанот - навистина, не би стоело убаво кај секого, ама ова е нешто најобично, што секоја девојка треба да го има во плакарот. А и факт е дека најлесно се комбинираат и не бараат многу - една ваква кошулка и џемперче во боја, фармерка и ајт, спремна си за излегување.
Многу ми се допаѓа бордата боја и планирам да си купам такви converse и џемпери : A од тие кошулите со такви јаки си изнакупив од Forever 21, воопшто не беа скапи (не беа повеќе од 18-20 $) и ми се спас затоа што се вистиниско решение кога не знам што да носам на излегување (како на пример сега)
Peter Pan collar се знае дека од мене има :up: x 2! Си направив такво ланче/крагњиче и целото е со бисерчиња Едвај чекам да го носам, за на школо дефинитивно не е! Polka dots да да и да. Многу ми се женствени и слатки. Црно-црвена никад! Ни мене не ми се допаѓаат... Бордо боја и емералдно зелена исто да, иако би преживеала и без нив. Боја си е боја.
BAROQUE Барок стилот е моментално хит на модните писти и само ,,најхрабрите,, девојки се решаваат да го следат овој моден тренд. Дали би носеле нешто вакво? Или пак сепак ќе се одлучите за поедноставната варијанта? Мене лично ми е премногу џиџано за мој вкус(што е нели и поентата), но! не велам дека нема убави парчиња облека и дезени! Што значи делумно ми се допаѓа и би носела одредени работи. ***
^Барок стилов не ми се свиѓа.Некако има многу детали, многу дезени, многу бои, се е некако too much, баш ми е како за принцези од средниот век, а не за девојки во 2012 година Единствено може некој аксесорис во овој стил-нараквица или некој поголем прстен...
Meне ми се допаѓа и би носела некое парче во барок стил. Ете на пример, тоа зеленото сукњиче со виолетови детали од сликата што ја постирала Анабела, уууу и те како би го носела. Ми се допаѓа, дефинитивно. Си замислувам марами, маички, па и сако во тој стил - само не склопени заедно во една комбинација, да се разбереме!
Грујо дејствувал барокот да биде тренд и на модните писти, нек је цео свет барок. Шала на страна, не би носела baroque style.
Мислам дека веќе сум се изјаснила во некоја тема, мене барокот многу ми се допаѓа. Преубаво делува. А во последно време и би носела и повеќе такви парчиња. Може навистина многу убаво да се комбинира. И за Polka dots - :up: