На разочарување на феминки трендсетерки кои сакаат пеплум, тој се збогува со титулата водечки моден тренд. Ајде малку новости. Колаж од принтови, вклучувајќи и егзотични анимал принтови И покрај тоа што Антонио Берарди покажа одлични парчиња, Проенза Скулер мене ми е лично фаворит за овој тренд. Карнери Овој пат нема концентрација на карнерите само во горниот предел кај вратот, Balenciaga отскокнува од оваа шема со странични карнери на сукњите прикажани во оваа колекција. Воедно има и појава на пеплум кај некои дизајнери, на пример Isabel Marant. Givenchy Burberry Prorsum, Chloe претставија понеобично модели, додека Marant претстави поприфатливи прет а порте креации. Алфа женка Не знам за вас, но јас овој тренд како да го видов и за престојната зима. Dior На модните ревии со овој тренд се претставија како и очекувано Calvin Klein, Balmain, Victoria Beckham и уште неколку модни куќи. Не сум сигурна колку од вас се запознаени со делото на Costume national, но јас и се восхитувам на оваа модна куќа уште од мала. Една од првите ревии кои ги гледав беше на Costume national и ме фасцинираше сликовитото оживување на моделите на пистата. Costume national Азиски тренд Миуцидиа Прада ја претстави колекцијата Prada пролет/лето 2013 со оригами елементи. Prada Galliano, Etro, Miu Miu и Prada мене лично ми паднаа први на памет за овој тренд . Претходните колекции и нивниот стил ми се карактеризира токму со ова кое го гледаме на модните писти. Ма колку ќе беше јака колекцијата на Galliano доколку ја водеше самиот тој, единствен и најдобар John Galliano. Контраст После целиот тој неон свет кој се случуваше изминатава година, колку и да е необично Jil Sander внесува освежување и го носи назад црно белиот свет. Јас многу ја сакам едноставноста на моделите и умешноста минималното да се направи вистинска движечка умешност. Jil Sander Нема ни потреба да се напомене дека Chanel секако го прикажа истото ова на модните писти. Ralph Lauren Ralph Lauren во својата колекција вклучи и многу интересна обработка на тореадорскиот стил кој нема никаква поврзаност со контрасти но вреди да се напомене дека беше исклучително добра. Нешто слично на поранешна колекција на Gucci. Не знам дали ја паметите колекцијата со народни мотиви. Спојлер И за крај овој тренд ни дава во прилог лесни материјали, свила и пред се проѕирни модели. Roberto Cavalli, Missoni, Armani и така натаму.
.. .........моден хит-тренд........... ....да,ама само во случај ако ми стои добро....трендовка сум.но ако не ми стои добро наоѓам замена со друго модно парче или додаток/ташна,штикли,марама, да искомпензирам,и секогаш да сум ИН... .
Колаж од принтови, вклучувајќи и егзотични анимал принтови-не би носела Карнери-можеби би носела но ен како на сликата Алфа женка-можеби Costume national-не би носела Азиски тренд-не би носела Контраст-можеби но со некои исклучоци,црно бело да, за другиве контрасти ќе размислам...
Карнерите многу ми се допаѓаат, женствени се, би ги носела доколку не се многуѕ нападни. Црно бело ми е една од најомилените комбинации и мене ми е безвременска, ја носам без разлика на трендот...
ocila Costume National е модна куќа, не тренд. Да не бидам офф, јас би носела се од наведеното горе освен трендот инспириран од Азија. Можеби ќе сретнам фини парчиња кои се носители и ќе можам да ги вметнам во мојот стил, но сепак не е за мене и дефинитивно и да го носам не би бил омилен.
Карнериве се многу јака работа, посебно фустан со карнер краѓна. Многу елегантно и софистицирано изледа. Ма и од страна, и ракавите со широки карнери, ми изглeдаат префинето. Со пеплумов малку се претра, од толкава заинтресеираност, више не ми е интересен, а не сум го облека ни еднаш фустанчето што со месеци го иам Бек то карнериве, првиве два се то дај фор! Ви текнува на Карнереститот фустан на Блер, со гол грб, совршенство. Кај нас ужасно се претерува се некој тренд што е тогаш ин сите и млади и стари, и на тие што им стои и што не им стои го облекле, абре сите во иста боја, форма, па и цело време за тој период само тоа да се носи, не иде, искрено.
Колаж од принтови - да, би носела. Обожавам мешање бои и принтови, многу храбро и поразлично ми изгледа. Иако досега само неколкупати сум измешала принтови, ќе мешам повеќе во иднина, ветувам Анимал принтови, особено леопардски, не љубам баш, ама змискиов ми изгледа баш кул. Би сакала таква плик-чантичка. Карнери - се согласувам со се’ што кажа Хипстер, ама ако тоа стане актуелно (актуелно како пеплум фустаните), може да се направат многу лоши парчиња со карнери, тоа ме плаши по малце Сезонава видов пеплум на се’ живо и диво, некои луѓе не сфаќаат дека не им стои. Мене на пример, не ми стои - широка во колкови, уште пеплум ми фали! Се надевам на елегантни нефорсирани парчиња со карнери, и такви би носела Машки парчиња - и тоа би носела. Обожавам класични пантолони со висок струк, и должина малку над глуждови, обожавам машки чевли. Азиски тренд - ова прв пат го гледам и не ме импресионира особено. Цветните принтови се океј, но морам да видам уште парчиња од колекцијава, па да одлучам дали ми се допаѓа или не. Црно и бело - ова никогаш и не излегло од мода. Го носам и ќе продолжам да го носам. Особено храбро ми изгледаат цели аутфити во бело, како на сликата - бела кошулка, суќна и чевли. Проѕирни материјали - овој тренд ми се допаѓа и имам неколку проѕирни кошули, но мора да се носи многу внимателно. Веќе имам видено неколку проѕирни фустани кои откриваат повеќе отколку што е потребно и не се соодветни, изгледаат како наметки, дел од долна облека. Затоа велам да, но со мера
Peek - a - Boo Пролетва ќе се носи еден ваков тренд, на македонски не знам дали има некое име. Го вклучува секое парче кое има ,,исечоци'' на себе и покажува делови кои ѕиркаат од кожата. Мене лично за овој Пик а Бу тренд, ми се свиѓа тоа што ќе може да го носи скоро секој, т.е ќе одговара скоро на секаков тип на тело - без да се изгледа смешно. Пример, со пеплумот. Ќе се согласам од збор до збор со Оксиморон, периодов зад нас - а и сега, го носеа кој ќе стигне. Епа не стои на секого. Ни мене не ми стои, затоа што сум широка секаде и не изгледам баш како што треба. Спојлер
Карнери - дефинитивно да Алфа женка - да Азиски стил - можеби Мешање на принтови и контраст - не Peek-a-boo (да не речам „ѕе“ трендот ) - не
Колаж од принтови, вклучувајќи и егзотични анимал принтови-Не во никој случај не би носела Карнери-Да би носела прекрасно и женствено ми изгледаат Алфа женка-Да зошто да не но во соодветна прилика Costume national-Не ова не Азиски тренд-Не ова не би го носела во никој случај Контраст-Да во посебни прилики...
Еве денес прочитав на еден наш портал за овие интересни ташнички на лик на книга. Па девојки интересни ви се или пак не? Дали би ги купиле и носеле доколку ги има кај нас?
Што мислите за „пижама“ стилот? Мене, искрено, не ми се допаѓа. Најпрво, бидејќи ме потсетува на униформа, а ретко кога се униформирам. Потоа, бидејќи ме потсетува на тие бањарките/наметките на Хју Хефнер поради материјалот од кои се направени. Материјалот ич не ми се допаѓа. Никогаш не би излегла на улица така. Можеби изгледа фенси искомбинирано со добар пар чевли и сако, но кога ќе го видам материјалот, пак не ми оди. Кај нас трендов уште не пристигнал, или барем јас не сум забележала некој од познативе да го носи, за разлика од турбан трендот пред година и половина кој сите го фураа. Спојлер
^ ^ Дефинитивно не На нитуедна на постираните слики не и стои добро. Можеби таков е ''стилот'', ама мене воопшто не ми се допаѓа.
Ова пижама стилов одвратен е.Јас лично никогаш не би го носела. А тоа ташничката ко книга не е лоша,ама сепак не би ја носела...
Јас би пижами само за по домa, евентуално за до комшии ако е итно нешто Шала на страна, не ми се допаѓа ниту мене. Дефинитивно не е по мој вкус и терк. Можеби би била довoлно храбра да се облечам вака, едино ако не е до толку апла пижама ефектот, како кај Ријана на последната слика.
Фала богу за пижама тренд, и на улица да се осеќаш како дома Би носела само ако е убав дезенот. Мислам и дека трендов е одличен за пополни девојки. Пеплум ми се допаѓа, иако не сум ни пробала како ми стои досега. Бебешките јаки и карнерите ми се прекрасни, елегантни и романтични Барокниот стил ми е исто ок, но само едно парче. Веќе имам една таква маичка од лани. Пик а бу ми е убав, само не сакам ни да помислам какви коментари ќе слушне девојка ако вака излезе во град, така што трендов тешко и дека ќе заживее кај нас
Незнам дали сум пореметена или немам вкус, ама ретко, ретко, екстра ретко е да видам нешто убаво што би го нослеа а е во ''тредн''. Јас најмногу преферирам елеганција, а дури и кога ќе облечам нешто по секојдневно, пак тоа има мој белег, печат. Ови пижамиве, па добро бе каква е таа дама што излегува со пижами надовр? Мене тоа воопшто не ми се допаѓа, и воопшто не ми се интересни луѓето што облекуваат такви парчиња. Но нема никого да осудувам, исто како што несакам мене никој да ми суди на земјава. Секој има право што сака да носи, кога сака и каде сака, но најчесто мене тоа ми е одбивно, така да можам да кажам дека не следам никаква мода или тренд, затоа што јас си имам свој начин, кој не е чуден, но е посебен