кашкавали и тоа од оние француските хахха јас не би ги облекла мада никад се незна може да се модифициираат малку во тие топуците а.ка. питите кашкавал хаха кој милува нека си ги носи не ми смета
Интересно ми изгледа кога ги носи некој друг, али ја НИКОГАШ. Па не дај Боже да удрам некој на погрешноместо па и у затвор да идам..не фала
со ова копито еднаш по глава да те треснат, се што ти се дешавало во задњиве 15 години има да заборавиш леле ужас, вакво копито никогаш не би ставила на мене! К О П И Т О!
Оваа ќе се утепа кога тогаш. Ова ми заличи на коњска копита, НИКОГАШ, па и пари да ми даваат нема да ги носам. Има некои што се убави, ама има некои претеризам!
Нема шанси такви тегли на моиве нозе да кладам. Како шо ми се слабечки ојде коленото . Плус многу се грди бре, немаат ни ж од женственост.Абре јас сум ти млада дама, шо ќе барам со овие страшни чевлина, да не кажам чевлишта.
Л-Е-Л-Е! "Чевливе" баш сакав да ги коментирам во темата за чевли ама еве и тука ги има... Гадни се бре! Незнам како им се убави да ги носат дрвава на нозе
Кога ги гледам на слика убави ми се, ама кога ќе се замислам со нивв... Никогаш! Како што ми се чепкалчиња нозеве уште дрво им треба
Воопшто не ми се допаѓаат,а и не би ми стоеле Си имам свој сил,и секако ако има нешто во мода што би се убаво складило во мојот стил го купувам,секако знам понекогаш да го освежам мојот стил со нешто ново, но ова дефинитивно не ми е по мерак.
Епа ајде и јас да се изјаснам на темава... Ќе почнам со турбаните, мене ми се многу штосни и убави, неколку пати се имам прошетано со турбан на глава, и сите чудно ме гледаа...Во право беше мајка ми кога рече дека луѓето ќе мислат дека сум нешто болна и немам коса.Мене ми е баш симпатично и типски некој стајлинг да го надополниш со турбан. Баш сеа дома најдов една златна, мрежеста марама, и одлично стои кога ќе се врзе како турбан, ја спремам да ја убацам во некоја комбинација . Чевливе па и не се толку грди, мене ми се убави а и некако удобно и стабилно ми изгледаат. Само не сум сгурна дали би ги носела, некако многу се гломазни, но незнам да видам какви се во живо и како стојат на ногава моја, па тогаш ќе ви кажам Едит: Го прогуглав овој типов Џефери Кампбел и има доста штосни чевли во кои се заљубив , по што хит се и чевлите на полна пета еве некои негови модели: Па како ви се допаѓаат овие? П.С. Овие се со негов потпис а јас во Ил камино на Битпазар видов многу слични на нив.
Чевливе искрено од напред на копита ми изгледаат. Ужасно. Никогаш не би ги облекла. Плус штиклата, подебела не може да биде. Околу турбаните - не сакам да коменирам, едноставно не е мој стил, ниту пак некогаш ќе биде.
Турбан не...незнам како ова може да биде хит летно време. Абе има да ми се запали главата во тоа, периодов фрлам се непотребно од мене, а камоли да додавам глупости. Кај со ми е непрактично, ни естетски не ми е океј. Не ми изгледа убаво и природно А траки или марами се сосема друга работа Овие штиливе ме потсеќаат на оние топуците што беа хит пред многу години. Ги имавме сите, нормално и јас се утепав од носење и до ден денес неможам да преболам зашто сум ги носела кај ми бил паметот. Па од тогаш - рипам трендови, ма колку сака нека се хит и нека се носат вакви ствари
Спојлер Ептен се гломазни, нема ништо женствено во нив. Имаат само една добра страна...да те нападне манијак...ма каков пиштол, спреј и нож...ова би го осакатило!
Јас искрено никогаш не би ги носела овие чизми коњски WTF ??? Со пајак во нив ??? Шанси нема ќе умрам од страв и параноја (Овие чевли не се препорачуваат за луѓе кои страдаат од арахнофобија). Патики – фармерки Oва би размислила дали би можела да го облечам ( носам ) Овие практични повеќенаменски се за на суво и за во вода
Турбанот убаво ми изгледа вака на други кога го гледам,а на мене некако неможам да го замислам..Можеби на плажа ,што знам Како и да е ,битно не ми изгледа грдо.Наравно ако не е некој од еден метар над глава Него нешто како марама завиткана околу глава. И повеќе ми се свиѓа како стојат на пуштена коса,значи кога не е собрана под турбанот. Еве ја Џенифер Лопез со турбан А еве и некои други фејмос со турбан,кои ми изгледаат убаво и прифатливо. А за чевлите ,копитата,грдосиите веќе се изјаснив во темата Чевли.Едно големо НЕ за нив Тие чуда на мои нозе-никако
Категорично не! Турбан никогаш! Прво, имам премногу убава коса за да ја скријам под такво Второ, не сакам изглед „ала есма реџепова“ Трето, надвор е и повеќе од топло за да ставам таква крпа или марама на глава и да се кувам!
Турбан не би носела. Не ми се допаѓа и не можам да се замислам со такво чудо на главата. Марама можеби. А, чевлите
Чевлите не се лоши нема да заземам некој критичен став кон нив, се си зависи од вкусот, инаку идејата мене ми се свиѓа многу значи направено е нешто поразлично, оригинално, урбано и модерно, сепак нормално е дека има и по некој лош модел Со задоволство би ги носела доколку имам можност да поседувам некој пар од нив