Jaс и тоа како би ги носела, баш пред некој ден прашував за нив.И мене ме нервира кога некои работи кои се во мода почнува секој втор да ги носи, па притоа јас ги избегнувам, ама за некои рабои како ова парче не би си го ускратила тоа задоволство.Едино ми е пречка што ми се палку скапи моментално за мојот џеб, инаку биги носела со мерак да можам да си ги дозволам.
Овие skorts ми се допаѓаат,би носела.Еве вакви: Проѕирните ташнички,вака убави се,ама не се баш практични за да ги носиш секојдневно.Единствено за сликање. Проѕирните чизми не ми се допаѓаат нешто многу многу,значи не би ги носела. За црковниот стил не знам што да кажам,ми се допаднаа некои од сликите што ги постирала анабела,но сепак не сум сигурна дали би носела таква облека или не.
Skorts-овиве мене воопшто не ми се допаѓаат и не би ги носела. Црковен тренд - Одвратно нешто, ни на маскембал не би го носела. Мене језиво ми во црква само кога одам, не па парче на мене да ставам. Не, не. Проѕирни ташни се баш кјут. Јас би носела. Интересни ми се, уште да си најдам. Исто и проѕирните чизми, ми се допаѓаат, од сликата најмногу зеленките. Па и гумено па, уф. Проѕирни фустанчиња само на плажа, евентуално дома. Надвор нема шанси. Високи римјанки не. Коо Гладијатор да го гледам. Не, не. Едноделните тренерки би ги носела, но само одредени модели. И не многу јаки бои, не глумам во телетабиси. Шалвари носев како мала, сега не би носела. Којзнае како ми се допаѓале тогаш. Finger tip rings - Не би носела. Јас многу ретко носам обичен прстен, не па ваков. Ташна како книга би носела, и дефинитивно Лолита. Ја немам читано, но знам дека се работи за некоја ученичка што се заљубила во својот професор. А, и корицата и е симпа. Ниски рамни штикли никогаш. Одвратни. Карнерите ми се многу отмени и грациозни. Би носела. Пижама стил никако. Според мене, пижамите се парче кое дефинитивно не треба да биде видено во јавност. Колаж од принтови не. Нападно за очи, не ми се допаѓа.
Nail rings WTF? Ма, што не ќе измислат повеќе ми личат на вештерски нокти него на моден детаљ. Се ежам кога ги гледам А па ова црковниов стил одвратноќа апла се гледа дека исмевање на верата,ништо повеќе чист сатанизам.Уште да не жигосаат фали и да бидеме обележани да се знае дека сме слуги ѓаволски! И све е со цел,ама ние луѓето сме станале ко овци на анимираат како сакаат!
Skorts - Иако мислам дека изгледаат преслатко и многу елегантно, веќе секоја втора блогерка а и не блогерка ги има. Премногу се чести и иако сеуште во Македонија се бројат на прсти девојките кои ги имаат овие од Зара, се осеќам ко сите да ги имаат. И да отидат на попуст за 500 ден. не би ги купила. Јас на овие гледам како по фенси верзија на хеланките со линии. Проѕирни чанти и чизми - Не за чизмите, фактот дека се пластични ги прави многу неудобни. За чантите сум растргната, изгледаат многу интересно и fashion forward, ама не се за македонскиот менталитет. Јас пред некое време гледав преслатки проѕирни чантички и толку ми требаше да си купам една, ама каде со проѕирна? Ти се гледа и новчаник и телефон, се на тацна да ја украдат ташната. И да ја купев моите немаше да ме пуштат да излезам од дома со неа Црковен тренд - Не ме влече многу. Јас си ги сакам веселите светли бои, а црната е и те како застапена тука. Од мене не. Проѕирно фустанче - Што е следно, проѕирна долна облека? Ма сигурно и тоа постои, ама јас не купувам во такви продавници Јас од проѕирно би носела само кошула, значи горен дел. Долен проѕирен дел ми изгледа многу ефтино. Шалварите не ги коментирам Едноделни тренерки ака onesie - Јас за надвор би го носела само зелениот, другите се премногу детски, НО би сакала да си имам едни за по дома. Шема ќе бидам бе
Nail rings/finger tip rings - ми се допаѓаат и ги носам. Каде да ги најдете - купете си прстен што не ви е точен и voilà! Овие со ноктите ги има на Ali Express, помалку од долар се. Огледалните рејбанки - си набавив едни уште на почетокот на летото за цели 300 денари Едноделни тренерки - зошто да носам едноделни кога можам да носам дводелни? Високи римјанки - можеби нешто како на последната слика, макар што тие повеќе ми личат на сандали отколку на римјанки. Спојлер Проѕирни ташни - да, малите пластични ми се особено слатки. Црковен тренд - ми се допаѓа масивниот златен накит и закопчаните до горе кошулчиња Скорт - се враќаат трендовите од 90тите, а? Ми изгледа интересно, но не знам како мене би ми стоел. Воедно, може да разгледаме некои од трендовите кои се популарни кај светските модни блогерки денес. Гумени сандали Гумените сандали се вратија, и овојпат не само на плажите. Многу познати личности меѓу кои Азилија Бенкс и Дакота Фанинг го спортуваат новиот тренд. Можеби се практични, но мене ми изгледаат смешно. Што мислите? Beanie капчиња со натписи Мене ми изгледаат кул и би ги носела. Холографски тренд Холографски лак за нокти, чанти и чевли, па се` до холографски фустани и палта. Јас би носела чевли или чанта, но фустаните и палтата се премногу за мене.
Nail rings - ми се допаѓаат и би ги носела. Едноделни тренерки - не би ги носела, некако ептен детски ми се. Високи римјанки - не јас воошто ни обични римјанки не носам. Проѕирни ташни - не би ги носела Црковен тренд - во никаков случај! Скорт - да сум послаба би ги носела. Гумени сандали - не би ги носела. Beanie капчиња со натписи - не носам вакви капчиња, не ми ни стојат. А интересни се. Холографски тренд - лакови, ташни, штикли и фустанчиња како на сликата би носела, ама другото не.
skorts - ми се допаѓаат и би ги носела.Уште сега си замислувам комбинации гумени сандали - големо НЕ за нив капи со натписи - можеби, но не сум сигурна холографски тренд - само на плик ташни би носела
Скорт - не Гумени сандали - не Beanie капчиња со натписи - не носам вакви капчиња, интересни се. Холографски тренд - може некое мало каишче на црн,темен фустан кој би одзимал внимание и некојј ситен детал на венче и накит
Гумени сандали:НЕ! На ништо не личат. Капчиња со натписи:Да,интересни се. Холографски тренд:Би носела,но само чевли,ташни,модни додатоци и нокти (посебно се убави)
Гумени сандали-нема шанси Проѕирни чанти- едно големо ДА за нив Црковен тренд-во никој случај! Холографски тренд-само лакови
Мене многу ми се свиѓа трендот за книги-ташнички, што знам некако многу ми се штосни и уникатни. Finger tip rings ми се свиѓаат ептен, имам неколку порачано и ми се вклопуваат во стилот па редовно си ги носам. Flash авијаторки ми се тренди, и језда премногу експонирани летово, ама што знам ми изгледаат интересно, можеби би си зела, ги немам пробано. Проѕирните ташни ми се занимливи исто така, само што знам колку би ми се вклопиле во стилот, иако не викам не, би си зела една. Skorts ми се доста слатки, иако исто така премногу експонирани од модниве блогерки, ама па мене лично убави ми се. Beaniеs капчињата со натписи ми се прекрасни, морам неколку да си нарачам. Холографскиот тренд гледам почнува да станува се позастапен, и мене лично ми се свиѓа, е сега не на цел фустан, или парче облека туку на аксесориз,нокти или ташни.
Книги - ташнички Да Пижама стилот Нееее Finger tip rings Да, баш се мислев дали да си земам од Бершка последниот пат за 259 ден. А и тие nail rings би носела само на некој прст, а на сите не! Ми изгледа премногу! Flash авијаторки да Едноделни тренерки Даа Високи римјанки да Проѕирни чанти Едно големо ДА. Баш се штосни. црковен тренд не skorts да Гумени сандали па со некоја добра комбинација, зошто да не Beanie капчиња со натписи ДА многу ми се убави и мора да си купам Холографски тренд ташнички, штикли, или некој детал да.
Skorts-даа Гумени сандали- никако Beanie капчиња со натписи -секакви би носела не само со натписи,преубави се Холографски тренд-дааа
Пончо да или не ? Не ја следам многу модата, но мислам дека секоја девојка треба да има барем едно пончо. Јас се заљубив на прв поглед во сите комбинации и дефинитивно сум во план да си земам едно. http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... map=%5B%5D
Чорапи и сандали?! Еве, тука може да се развие дискусија дали би носеле и зошто не, чисто ме интересира, затоа што за ноиот пост имав прилично поделени мислења, па ме интересираат и други ставови. Не знам дали претходно се има пишувано за овој тренд, како што ја пребарав темава - се нема, така да фил фри ту комент. Moјот став сигурно ви е веќе познат, ама поддржувам се додека тоа изгледа нормално и умерено, а не смешно и циркузантски. Voilà!