ај само за последново ќе искоментирам не би носела чорапи и сандали затоа што ми изгледа многу невкусно a и ретко кој може да ги искомбинира.. АМА во твојата комбинација (anabel-a) изгледаа преслатко, баш убаво си ги искомбинирала и мислам дека на повеќето во темата ни се допаднаа така да, би носела ако ти ми ги искомбинираш
Секако дека би носела без долг џемпер неможам да си ја замислам зимата модерни и топли се поуба комбинација амин пред неколку дена си зедов кремов долг уште го немам сефтосано
Јас ги носам одамна долгите џемпери, зима и доцна есен не би можела да замислам без вакво парче.Имам неколку, ама претпочитам да се онака ХL или ХLL, така ми се попривлечни.
Џемпериве ХХL size, преубави се и со тесни фармерки или некоја убава пантолона , многу добро стојат, баш типски. Јас би носела.Еднобојни или со некој принт, ама така малку покрупен.А освен што се прекрасни, супер топлат, така да за длабока зима, се таман. А за чорапи и сандали заедно, во комбинација, сепак НЕ. Јас не би носела. Можеби е океј комбинација за некого, но тоа едноставно не е мој стил. За џемпериве имам позитивно мислење , екстра се. :up:
Скот - не. Едноставно не ми се допаѓа. Гумени сандали - не. Гломазно ми изгледаат. Beanie капчиња со натписи - не. Некако детски ми делува. Можеби ако ги поразгледам уште малку ќе ми се допаднат, ама сега за сега не Холографски тренд - хм, само на нокти, онака како додаток не. Книги-ташничка - да, интересно изгледа Finger tip rings - Да! Вери лајкбл! Чорапи и сандали - Не. Долги џемпери - Да!!! Многу сакам џемпери, па и долги, мхм, мхм... Шарениве штикли - Не ми се допаѓаат. What I like - slogan sweater! Може не се толку штосни, ама совршено се вклопуваат со rainy mood, плус дека држат топло What I don't like - chunky gold necklace Толку гломазно, толку.... уф, ме потсетува како кога некоја замислотина ќе испостава ланци, како божем сака да се пофали колку злато има Можеби ако беше помало, или ако ланецот беше потесен.... ама вака огромно ланчиште да ставам околу врат, no way.
Уф овие џемпериве врв ми се.Ептен ги сакам,остај што се убави,туку и многу практични и топли се. А за овој ланецов нема што да се каже,сам за себе зборува.
Џемперите ми се баш елегантни, женствени и плус сега погодни за времето. Тренди се и опуштени. Дефинитивно големо да Mи се допаѓаат и џемперите на Викторија Сикрет http://search2.victoriassecret.com/?i=1 ... earch=true
Дифинитивно едно големо ДА.Преубави се и минатата зима си ги носев а и оваа..а планирам и да си купам уште некои..така да нема ништо поубаво од ова за во зима...
Џемперите не ги сметам за моден тренд воопшто. Моден тренд е нешто ново, а џемперите се носат одсекогаш. Барем јас носам и знам што носат. Но како и да е, ги обожава. Топли се и навистина слатки. Ги комбинирам најчесто со фармерки или кратки пантолончиња, исто со суќнички. Nail rings - Се ептен уникатни, но и проблематични бидејќи не му се допаѓаат баш на секој и не се прилагодуваат на секаков вид облека, исто и стил. Мене ми се ептен кул, би ги носела, уште да најдам. Сhunky gold necklace - Би ги носела, ми се допаѓаат, но не како сликата со девојката. Тоа е премногу, нема ништо да ми се познава од врат а и веројатно не е лесно. Но да е само еден ланец би го носела. Имам видено блогерки кои ги комбинирале. Штикливе со светки ми се омилени, одамна мислам да си направам еден DIY проект за нив. Златни или виолетови, тие ми се најубави. Но овде, на сликата поставена е многу грд модел.
Баш така. ХХЛ џемпери имаше одсекогаш, не се моментален моден тренд, туку се нешто што си постои на релуларни бази. Моден тренд е нешто што моментално е најакутелно, некој моден крик, зашто поголем дел од работите се доста специфични па и егоцентрични може да се каже. Затоа е најдобро е да биде сезонски моден тренд/хит, зашто по сезони најнормално се менуваат. Или како ги викаат американците this season must have. Според NYWF пролет/лето 2014 сезона доста популарни ќе бидат : IRIDESCENCE(Холографски стил) Спојлер MESH(мрежесто) FULL SKIRTS ATHLETICISM GEOMETRIC PRINTS ....имаше уште доста интересни и специфични, ама во следна прилика.