Морав да го ставам ова овде! Папучиве се шират низ модниов свет како епидемија, и јас се молам некој да најде лек! Зара се првите кои го започнаа овој "тренд". Покрај сите тие слатки сандалчиња и минимализмот, зарем ова е следно Зара?! Спојлер Татко ми имаше вакви пред 4-5 години, ги носеше за до продавница... Ќе му кажам дека ја предвидел модната иднина. Спојлер
И мене едноставно, не ми се допаѓаат. Сум ги пробала, и се препрепремногу удобни. Може интересно да се искомбинираат. Има некој носено?
Знам минатото лето сите ги носеа тие хеланките црно-бели на риги, или цветни. Јас не сакам ни да помислам да носам такви 1) Не ми се допаѓаат 2) Сите ги носат. Каде е уникатноста луѓе?
Не можам да верувам пак се враќа модата на шпицонките... Ах бе лобутин што ти требаше во новата колекција да ги бабниш и овие (на сликата) Малку се помодерни де..со боцки, во модерни бои а моделот од дедо Ное Одсекогаш ги мразев ваквите
Леле многу ми се одвратни, бабски ми се ептен никогаш не би ги облекла, колку и да се модерни А во врска со шпиц чевлите, би носела имам 2 пара дома, не само за тоа што се носат, едноставно ми изгледаат убаво на ногата, елегантно, префинето. Сепак се е до вкусот.
Баш се смешни Би ги носела на 70 год (ако дочекам) и тоа нема да бидат лично купени ,туку добиени на поклон од внуците за 8-ми март
Сеа гледам сите почнаа вакви да носат и мене баш ми се свигаат.. Спојлер Да не знаете каде има вакви во Македонија?
Папучиве не би ги носела никако,за постари се баш супер. Штикли на шпиц-интересни се ,порано и јас не ги сакав,ама сега се баш хит. Кога сме веќе кај шпицот,повеќе ми се допаѓаат шпицасти балетанки,отколку штикливе.
јас имам шпиц балетанки пред еден месец црни си купив и преубај ми се на све убаво седат си ги ги изнаносив,поубај ми се од заоблените
Имаш насекаде низ продавниците, провери во Кисела вода најсигурна сум за таму, само можно е само еднобојни да има
Мене овие чевлите со анимал принт ич не ми се допаѓаат,многу грдо стојат на нога. А шпиц во глобала мразам од дното на душата,ама овој шпиц што е во мода е малку заоблен и ептен елегантно изгледа на ногата.
Штикли/Чевли на шпиц порано многуу мразес сега незнам,се повеќе и повеќе ми се допаѓаат .. Фармерки до глуждови и еспадрилкии
Еспадрилки, бљак. Шпицести обувки, за жени се (дами де). Така да, не. Тие како влечки за по дома, ужас.
Леле овие папучиве што ги постави Елена луѓе незнаете во Хрватска летото што беше со нив, сите девојки полудени по нив, секоја втора ги носеше и тоа за вечерни излегувања, не за натака навака... Мене ми се многу грди, ни за низ двор не би ги носела.
Во последно време мене ми делува како модата да се враќа назад, почувајќи со панталоните со висок струк, па шпиц штиклите, цветните дезени што ги има на килимот на баба ми...Често ми се случува да видам на некоја по стара жена така облчена по мода од постарите времња и истите пантални ги гледам на некој што ја следи модата само ре-дизајнирана форма. Ова не оди никаде, ако продожи ова вака во иднина ова нема да личи на ништо.
Зајдисонце во косата Најновиот тренд во бојадисување на косата е „sunset hair“. Различни нијанси на прекрасното зајдисонце сега и во косата. Суптилно или во силни јасни тонови кои „паѓаат во очи“ за мажи и за жени. Зајдисонцето официјално пристигна во фризерските салони а потоа и во косите на клиентите. Ако сакате и вие да го имате во вашата коса, погледнете ги неколкуте пример фотографии од лицата кои го испробаа трендот.
Јас никогаш не се вклопувам со она што е во тренд. Си терам мој стил онака јас што сакам и како сакам, па некогаш се случува и да го потрефам она што е во таа сезона ин.