Не знам дали го видовте ова или не, мене ми привлече доволно внимание за да споделам тука. Апсолутен хит на сезоната: плетени стегачи за коса На прв поглед ми се допаднаа, но кога разгледав поубаво, некако сум 50-50. Што мислите вие, ви се допаѓаат или не?
Мене ми се допаѓаат многу, проблемот е што не би можела да ги искомбинирам. Инаку, повеќе ми одговараат за есен, сега како што е ладно и цела глава да ја покриеме пак е малку.
Веќе набавив од х&м , не знаев дека се актуелни го земав зошто зимно време многу ме болат ушите на ладно а капа не носам. Ама сеа и модерна ќе сум
Cи треба волуменозна, moisturizing коса за ова Mислам дека прилегале на фризурите од 80-те, ама на денешните, не изгледаат ласкаво. А и, не ми се практични. Имам вакви vintage ствари, никогаш неносени, а имам и едно мое, само не е плетено, туку има лепенка (ми го купија во 2000-те, исто така никогаш неносено, мала бев и не го користев).
И мене ми се допаѓаат, ми изгледа дека повеќе се носат со топла облека, инаку овде во Охрид немам сретнато такви плетени ако допрва не донесат. На изглед многу убаво стојат, повеќе првата ми се допаѓа. Сега јас сакам црвена јакна да купам, дали е во мода ?
Ептен ми се допаѓаат Прекрасно изгледаат и го надополнуваат стилот. Оваа црвената ми падна во очи баш ваква сакам. Барав пред некое време, но се успеав да најдам ваква, се некои потенки и плишени беа. Треба да проверам повторно.
Не значи дека ако е нешто во мода, дека е и убаво. Доколку, нешто ми се допаѓа, ќе го носам без разлика дали е во мода или не.
Дали се носат вакви сеуште , или само јас ќе бидам низ Скопје? Немам видено до сега , а многу ми се допаѓаат
Преубаво изгледа. Ако грешам нека ме поправи некој, но мислам дека се вратија во мода парчињата со висок струк, панталони, фармерки, бикини. Така да, се носи.
Јас не би ги носела ни двете. Освен ако зелените се тесни и имаш црни штикли за да оди со нив. Ама со вакви јаки бои треба многу специфични парчиња облека да ги комбинираш, оти многу лесно е да се утне..