Јао Марамке од кај ги ископа овие мори? . На една моја комшивка и е се хит еве неколку години наназад, пуста јас и се смеев а таа модерна да ти била. И не, не би ги ни погледнала, а камоли носела, грди ми се во крај.
Meне овие ме потсеќаат на тие кломпите што ги носат старите баби за по дома. Баба има вакви само не се на штикла. Ниу веј да ставам вакви на мене Oваа сезона ин се долгите макси фустани. Јас не би носела долг фустан, незнам чудно ми е некако а исто и од околината овде чудно ќе биде прифатен, можеби на одмор само. Многу жени ги сакаат и ги носат. Спојлер
Долги фустани би носела..да..ми се допаѓаат..али кратко си е кратко.. Сите што ги имам ми се над коленици, а многу сакам долги фустани
Чевлите-ниедни. Баш оксфордките ми се... whaat, I don't get it?! А макси фустан-да, и порано ми се допаѓаа, минатото лето купив, и годинава сакам, ама шо знам...
Макси фустаните ми се допаѓаат, ама што знам, немам некоја храброст да ги носам, а и поудобно се чувствувам во кратко. Од друга страна минатото лето носев некои поинтересни летни долги здолништа, па можеби ова лето ќе се осмелам и на овој чекор.
Кломпи на штикла - НЕ! Баба има ама од оние ниските, си ги носи низ двор Спојлер ќе му кажам на дедо му трупче да и намонтира одоздола (таман за до продавница, тренди да биде ) Мене кломпиве (на штикла) ми се ужасни Од макси фустаниве би носела, баш се кул за во лето
Ех кога ќе се сетам дека (ниските) кломпи си ги износив кога бев помала! Јас и баба си земавме исти . Абе многу бев среќна. Е вакви беа: А сега ми велите дека со штикла модерни биле! Хаха, не би носела никако. Макси фустаните би ги носела секако. Но, ниска сум и не би ми стоеле. А и ем сеуште не се прифатени во мојот град.
Не знам дали дискусијава продолжила околу турбанот или не, ги видов првите 2 мислења само, ама мене ми е апсолутно прекрасен. А на колку само остри критики наиде Кери Бредшо. Ау. Во принцип гледам да ги следам модните трендови во умерена доза. Ама не овие скопски трендови, ќе каже Ношпал нешто и гледаш нареден ден секој бутик во Скопје со тоа наполнет. Не не. Пазам што читам на интернет. И тоа го знам уште пред да почне сезоната, месеци унапред бидејќи сајтовите за мода имаат такви известувања. Ги одбирам оние кои знам дека можам да ги носам како што личи. Не е ова само да натнеш нешто на тебе, туку да умееш истото да го носиш.
Секако би носела,штом ми се допаѓа. Ексцентрик сум и не се замарам што мисли народот.Ако е убаво,ич не му се мислам.
Нов летен тренд - фармерки во јаки бои, како црвена, жолта, темно плава, виолетова... Би носеле? Мене ми се преубави! Сите освен жолти би ги носела. Ама посебен мерак ми прават првите. Во темно плава боја.
Јас би носела фармерки во некоја јака боја. Баш пред некое време меркав темно сини во Евроазија, не знам зошто не ги купив.
ја колку што можам да приметам, апсолутен хит се сакоата. ги носат сите и стари и млади. ја сум за, нормално ако е фино искомбинирано како ова на пример :
Обожавам сакоа. Сите ги носат тука Си земав јас две пред некој месец, и таман ми се погодија за сеа. Често ги носам.