Еве да се изјаснам за шорцевите и сакоата. Би ги носела овие шорцеви, дури и мајка ми ја прашав дали чува од тие кога она носела, ама за жал неможеше да најде. Имам едно мое сако. А бидејќи со сестра ми ги делиме алиштата, ги носам нејзините. Многу ми изгледаат типски. In fact би ги искомбинирала овие две парчиња облека. Зошто да не?
Шорцевите се интересни, но не сум јас по тој стил. Чудно би се чувствувала во нив. Сакоата ми се хит. Би сакала да ги имам во сите бои. Ептен ми се засвиѓаа годинава. А и ако приметивте во идеални комбинации претежно комбинации со сакоа ставам Спојлер Еве неколку кои ми се допаѓаат:
Дефинитивно ДА за фармерките во јаки дреч бои, заљубена сум во нив! Против шорцеви со висок струк, јас со нога метар ипол нема потреба да ги продолжувам нозете со такви шорцеви. Не си се ни допаѓам. Многу ми се допаѓаат на пониски девојченца, бидејки визуелно ги зголемуваат нозете. Јас си ги сакам класичните секси кратки шорцеви со низок струк. А сакоата се у мода од лани зимото, кај нас сеа од зимово секој ги има така да веќе се досадни. До лани ги носеа само деловни жени и беа теткински, а сеа се најмодерни Јас ги сакам оние машки долги модели. Имам неколку уште одамна и си ги носам на работа и едно од есента баш во тој машки крој.
A BIG YES за шорцевите со висок струк - го продолжуваат нозете да, ама и го истакнуваат струкот. Крајно се женствени. И мене лично ми се допаѓаат и на високи девојки. ГИ истакнуваат женските облини и во комбинација со рамбовка или топ изгледаат фантастично. Мене ми е тоа една од омилените комбинации во плакарот. А BIG YES за сакоата, јас лично ги сакам и широки со тесни подвиткани ракавчиња, и струкирани со убав деколтиран израз... Сакоата на риги ми се посебно симпатични и штосни. A BIG NO за торбестите фустанчиња. СЕ што е цветно не е винтиџ, и крај краева се пто е винтиџ не е убаво. И фазонот со чорапчиња во затворена ципелка ми е крајно нејасен. Last but not least, ми се допаѓаат машничките ама не ко лани на венчиња, мислам Госип грл треската стварно беше неподнослива за мојот желудник. Почитувам шнолички машнички и оние тракине што се ставаат околу глава, со цвет. ТИе ми се ептен лудница убави. Само никако да го наместам у Qрац. ЕксОу ЕксОу
Јас веке носам шорцеви и ги обожавам, исто така ги обожавам сакоата, а зошто да не би пробала комбинација од овие две парчиња облека, и двете ми изгледаа женствено и тренди. Макси фастаните ми се убави, но незнам дали би се осудила да облечам, можеби на плажа, така низ град не.
Големо да за фармерки во јаки бои, веќе имам тиркизни а се надевам ќе надополна со уште некоја боја. Да и за сакоат кои се апсолутен хит но веќе стануваат досадни. И да за шорцевите со висок струк, прекрасно изгледаат и секси.
Е луѓе, а би носеле ли шалвари? Знаете оние цветните, широки од лесен материјал. Јас шетав низ дуќаниве, ги има такви многу, пробав и убаво ми стоеја. Не знам дали да си ги земам ?
^ Јас би носела, зошто да не. Инаку во контекст на сакоата, јас имам едно од пред 3 години и уште тогаш си го носев, сега кога ќе видам дека секоја втора има некако се мислам дали да го облечам. Досадно станува. Исто и панталоните/фармерки во дреч бои - имам темно сини, зелени, црвени, розеви, виолетови... Отсекогаш сум ги сакала и носела. Шорцеви со висок струк не ми стојат убаво, повеќе си се допаѓам во суќни со висок струк.
Фармерките со јаки бои ми се допаѓаат, но никогаш ги немам којзнае колку носено. Сакоата можат да ми бидат и многу типски и многу теткински, се зависи од комбинацијата. Сепак би обожавам. А за шорцевите... Не би ги носела, едноставно не се мој стил.
a што мислите за овие што сеа сите ги носат во коса? не знам како ни да ги наречам. стегачи за коса ? мене зависи какво е и како се искомбинирани секако. вака на пример ми се свиѓа
Панталончиња да, ги имам уште од лани, омилена комбинација ми се. Сакоа исто - одсекогаш сум имала сако во плакарот, нормално дека го носам, не се само тренд сега, одсекогаш се носат сакоа, е сега овие по модернива со превртени ракава и подигнати рамена да, и тие би ги носела, сеуште немам такво. Фармерките во дреч боја исто, најдов неколку пара од пред некоја год. коа се носеа исто, може да се искориристи и сега Макси фустаните да, иако имам само еден, често си го носам кога е претопло, со сандали на плута инаку не, пошо сум копиљ А за овие ластичињата да да, имам и си ги носам стално
Meне не ми се допаѓа вака, некако ептен глупо ми изгледа (со извинение на тие што ги носат така) и не би носела вакво освен ако ми е ставено над шишките (незнам како да објаснам ) вака би го носела И да се изјаснам за пантолоните во дреч бои. Ги обожавам. Имам едни розови кои не ги носев многу многу (ми беа малце големки, сега ми се подобри), сега би сакала темно зелени да си купам и сини. * Цело време се дискутира за хулахопки - сандали, ама оваа напредна и на купачи ги носи
Моден тренд секако сум за и ги пратам колку можам НО имам граница не би следела со . Тоа никако некои работи никогаш не би ги замислила на мене , тоа не е ни мој стил ни мој карактер . Така да слепо следење на модни трендови категорично НЕ ! Инаку погоре наведените за коса можеби , интересни се . Турбан ? ! Есма тренд далеку било
Преубави ми се стегачите са коса со цвет. Меѓу првите почнав да носам тенка трака преку челото, ама овие со цвет се неодоливи. Ги обожавам
Да се изјаснам за се по ред Турбани Турбаниве ми изгледаат убаво на други, и интересни ми се, ама јас не и носела.Не можам да се замислам на главава моја турбан бе, турбан.Чудно ми е Од овие полутурбани што се, како марамчиња, можеби, ако убаво ми стои, ама во турбан како 1во ќе ми се свари главава, како второ ќе ме гледаат како од Марс да сум паднала. Чевли на Џеври Кампел-копитарки Е ова веќе ми е одвратно, многу .Не разбирам како некој може да ги носи.Ај што се однапред како копита, ама тоа штиклата од назад...Безпари да ми ги даваат нема да ги носам.Па какви се гломазни...уф... Оксфордски чевли (или како да се викаат) И овие не ми се по ќејф.Бре, што моди измислуваат.Ај овие сфаќам да ги носи некој, ама јас не би носела. Дреч-панталони Е овие веќе ми се по ќејф.Ги обожавам Имам од пред година ипол 2 пара, жолти и розеви и си ги изнаносев, ама сега незнам дали ми се точни Како и да е, треба да си се подновам Шорцеви со висок стру и сакоа По слики вака ми изгледаат убаво, ама не сум пробала да видам како ми стојат. Стегачи за коса со цвет И ова многу ми се допаѓа. Не сум разгледувала вака, ама да најдам си купувам
од летниве модни трендови најмногу ми се свиѓаат панталончињата и сукњичките со висок струк. особено сукњите. ги обожавам има повеке и за излегување и по секојдневни. и сакоата исто така ми се свигаат. си имам две а и панталоните во драч боја ми се мнооооооооооогу убави и секогаш комбинирам со некое венче со машничка или цвет
Па некои работи можеби се во мода но ако не ми стои зашто да го купам? На пример сакоата кои моментално се тренди да ги прифакам за во мојот плакар бидејки коа ќе се погледнам во огледало личам на човек,истото важи и за стегачите за коса,имам долга коса лелеава така да убаво ми стои! Ама на пример никако не смеам да си ги дозволам кратките шорцеви или мини здолништа со оглед на мојата тежина и буцмасти нозе..така да никако да се биде роб на трендовите! да е удобно и да ти стои пред се