Дреч-панталони- Да. Немам такви, ама би купила. Шорцеви со висок струк и сакоа-не би изгледале убаво на мене. Стегачи за коса со цвет- Не.
Преубави ми се, ако знаеш да ги носиш. На некои познати личности што ги видов воопшто не им стоеја. Беа како патки.
Nerd glasses, симпатични се, ама веќе нема кој не ги носи, досадно станаа. Така да, не планирам да носам.
неколку девојки тука (вклучувајќи те и тебе) ми ги зимаат збровите од уста! и пусто нема што друго да правам освен да кликам "ми се допаЏа"
Сакам шорцеви со висок струк, планирам да си купам Огромно не за бубаторските очила, грозни се а и ретко на кој стојат, а земале скоро сите да ги носат. И најголемо не за широките сакоа.
Meне сако мислам дека нема да ми стои ..Знам дека не би се чуствувала убаво , како да усм на деловен состанок Nerd glasses исто така не би носела .. смешни ми се наочарите , уште кога ќе видам пола град ставил такви а ретко на кој му стојат
сорцеви со висок струк немам, не би ни купила палтенцата да, за во одбрана прилика оЧила- Ray Ban да( иако сега веке ми помина мерак, пред пола година ми беа по актуелни)
Вакви наочари кој нема веќе. Досадни станаа. И ретко на кој му стојат - ама важно секој има. На почетокот и јас без загреана за нив, ама кога видов како ми стојат веднаш се откажав
Би носела и панталони со висок струк, веке носам сако, нерд глассес- не, вакви патика-кондурки или како да ги наречам да ми се свигат, панталони во боја имам-сини, турбан не, но нешто како полутурбан да
носам шорцеви со висок струк.. прекрасно стојат, ги издолжуваат нозете.. ме кажуваат визуелно послаба.. панталоните во дреч бои ги обожавам, особено во пролетен и во летен период.. секогаш ги има во мојот плакар без разлика дали се во мода или не си купив и турбан (ама не од оние гломазнине како на Џенифер Лопез и Сека Алексиќ) го имам облечено 2 пати.. прекрасно стои со макси сукња или макси фустан мојот е ваков сличен: Спојлер исто носам и марами вака врзани П.С. ич не мие гајле сите што ме гледаат како некое чудо кога имам облечено макси фустан и турбан.. тоа е мој стил и ако се осеќам добро во тоа што го имам облечено друго ништо не ми е битно
Би носела шорцеви со висок струк! А ги имам и дома.... И стојат убаво во сите бои, особено светли и дречливи...во летен период.. Ray Ban наочари имам, но веќе не сум толку заинтересирана за ниф а и плус тоа сега сите носат такви и да им стојат и да не им стојат!
Шорцеви со висок струк би носела , многу ми се секси но работата е тоа што не ми стојат, имам вишок килограми на стомакот и тоа е проблем инаку би носела со задоволство!
Па вака....турбан не да не ми се свиѓа-ама ич не ми се свиѓа!!! На мојава мала глава уште турбан и фали, па нема ни да се гледам оние кондурите ко чук шо се-застрашувачко грди ми се....оксфордки, у комбинација со сако си обожавам и си носам, а долгите фустани просто незаменливи ми се, и за на работа и за на кафе, а некој поелегантен и за навечер (зависи кај излегувам). Пантолончињата и сукњичките ми се ептен штосни и вака за на топлово си ги носам, со рамбовка најчесто....наочарите се досадни, а овие лентите, посебно тие со цветче ми се неодоливо слатки ко ке видам некој да ги носи (јас лично не носам пошто не ми стојат на кратката коса). Панталоните во јаки бои исто ми се супер, си имав од пред 3 години едни жолти-душата им ја вадам сега! Е така...
Турбан на глава - не фала! Сонував еднаш како сум шетала низ Тинекс со турбан, во сонот ми беше срам, а не па во реалност да излезам.
Интересно е за модните тррендови дека тие што најмногу ги критикуваат после најмногу ги носат Јас лично сум носела фармерки со дрчливи бои шорцевите ги обожавам си ги носам и зимо илето Турбан сум носала од тие малите ама голем не верувам барем не сега за сега може зимава кога ке е ладно ми се допага како изгледа чевлите исто би ги носела ама не сите модели дречливи бои ги обожавав како тиин сакоата се хит веке неколку години и си ги обожавам посебно со џинс а се мислев сега да си купам едни жолти или зелени од тие дрчливите комбинации најомолена ми е црвена и зелена со златен акцесирис.да бев похрабра ке постирав слики ама знам дека некој ке ме преознае