Наочарите веќе се досадни, панталони во разни бои да ми се попаѓаат а турбаните исто така многу ми се допаѓаат уште баба ми на времето редовно носеше, имам неколку но сепак многу ретко ги носам, сега па кога сите ги имаат уште помалку
Изгледа ко да создава екстра топлота хаха ... па незнам можеби би носела но не би ми седеле сите модели...
Очилата рејбан се тренд веќе 3-4 сезони, не е нов тренд, тоа што годинава ги има од пазар 150 денари до рејбан 9илјадарки и се широко распространети конечно кај нас е друго. Имам потемно плави интересни ми се. А трендовски хит кога станува збор за очилата се мачкините наочари. Дали нив би ги носеле. Тие се годинашен тренд Се враќаме во 60сетите Мене ми се мнооооогу јаки Е сега кој сака нека ги носи и оние помалецки со многу остри врвови, шема ќе е, али јас ги сакам оние малку заоблените и поголеми очила што се. Си купив сезонава нешто слично на ова, црни со бели линии
Оуу јаки се мачкините, од дамна ги меркам ама изгледа ништо од тоа не ми стојат.. Инаку радо би ги носела би си купила неколку пара и мераци
Не што би ги носела, туку од мерак фрлив цела заштеда на едни вакви! Ама нема каење кај мене. Си имам правило: Се што е купено, направено со мерак е вистински потег. И толку
Супер се очилата, би ги носела со задоволство, баш се уникатни и поразлични ... Инаку Би сакала да ве прашам што мислите за кратки тексас панталончиња?...кои речиси никогаш не излегуваат од мода- секогаш се ин, скоро со се можат да се исконбинираат без при тоа да внимавате дека ќе направите утка......Според мене би ги сместила во вонвременски моден хит..ги обожавам Имам два пара и нон стоп ги носам секаде, без разлика дали се работи за по дома, дневно или ноќно излегување.. Би носеле..?
Јас имам вакви мачкини наочари од овие што се заоблени, еве слика од моите многу си ги сакам, само нив ги носам не се чисти малку ама нема врска
Ги обожавам и стално си носам. Си имам една цела колекција разни бои. Баш може да се комбинираат со се, и со патики и со штикла. Закон се.
Ги обожавам мачкините наочари, многу ми се убави ама не ми стоајат. Гледам сестра ми купила годинава едни, преубави се. Јас имам многу тешко лице за очила за сонце, редко кои ми стојат
ма незнам колку и да е убаво тоа парче и колку да е у мода ако не ми стои не го носам ич,бадијала јас да купам нешто само ради тоа што е модерно а да бидам како циркузант у него
Интересни се мачкините наочари, тие би ги носела, а за турбан -- не. Едноставно не ми изгледа убаво. Исто како она со пердувите во коса ... што се нема да се измисли ..
Безопасни Значи ако лани беше актулeн винтиџ накитот или накитот со буф за споредба, започна летово а следнава сезона се очекува да преовладува накитот со безопасни. Но и не само накитот туку и ташни со безопасни, фармерки со безопасни ... Би си купиле нешто вакво?
Пааа би носела накит со безопасни, но зависи од моделот. Ако е ептен упадлив тогаш не. Сакам по впечатлива облека, дискретен накит
Кога бев основно со другарка ми ни беа малку подолги фармерките , па ги носевме подвратени и со безопасни од надвор. Беше интересно, иако повеќето не гледаа ко паднати од Марс. Обетки не би носела, но некоја алка, ланче или чанта ДА. Посебно таа жолтата погоре