1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Моден хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од marama, 20 јануари 2012.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.547
    Пол:
    Женски
    Најдов една интересна статија за модата и хороскопските знаци. Еве ја :)


    Овен

    Девојките родени во овој хороскопски знак се одлучни, остри и решителни.
    Токму затоа тие и ја сакаат удобната и сета облека која лесно се носи.
    Дали тие секое утро губат час и половина на дотерување? Никогаш, па не дури и на денот на својата свадба!
    Обожаваат свила и тантели, кратки, струкирани палта, гардероба и форми што го обвиткуваат нивното тело.
    Не ја сакаат розовата боја и романтиката.
    Кога се во друштво тие сакаат да го свртат вниманието на себе, во што секогаш успеваат. Што се однесува до боите кои што ги сакаат тоа се – црната и црвената!
    Нивен заштитен знак - високи потпетици, maxi чанти и одлучен look!



    Бик

    Вашите квалитети, талент и опсесија секогаш се забележани токму поради она што го носите на себе. Одлично го познавате вашето тело и точно знаете што е она што ги истакнува вашите квалитети, а ги сокрива вашите мани. Токму и затоа често добивате комплименти за она што го носите, иако не сте слепо доследна кон сите модни хитови.
    За да ги истакнете вашите квалитети вие често носите деколте, т.е. маици и кошули кои што ја истакнуваат вашата половина.
    Ваши омилени бои - сите тонови на розовата, бојата на лососот, праските, цветните мотиви, т.е. бојата на природата – зелена, беж, тиркизна. Ваш заштитен знак – кратки фустани, накит и целосен look во иста боја.


    Близнаци

    Сите ве прашуваат како ви успева да изгледате толку млада и убава. Вашата тајна е во тоа што вие ја пратите модата. Само вие успевате во second hand продавница да го пронајдете токму она без кое не може да се биде ин. Во врска со накитот, не сакате да претерувате со него, но ова не е случајот и кога се работи за бои.
    Вие сте кралица на контрастите!
    Сакате и кратки здолништа и искинати фармерки, т.е. сето она што е спортско и секси. Ваши омилени бои се зелената, сивата и бојата на среброто, додека ваш заштитен знак се чанти со долги нараменици!



    Рак

    Го сакате сето она што е елегантно и згодно за носење. Ваша омилена комбинација - фармерки и патики, но секако тие треба се шминкерски, шик, во тренд со последните текови во модата.
    Ваши омилени бои се црно-белата комбинација, потоа пастелните бои, сивата, беж, плавата.
    Ваш заштитен знак се удобни и квалитетни чорапи, чевли и секако – ракавици.



    Лав

    Вие сте страсна и храбра жена која што пред се ја сака квалитетната гардероба. Луксузни материјали, кожа крзно – секогаш! Го сакате само најдоброто.
    Ја обожавате високата мода и луксузните модни додатоци се вашата страст. Ваша омилена боја е бојата на златото, жарко црвената, и сите тонови од портокаловата и жолтата.
    Ваш заштитен знак ви се здолништата до колена, секси најлонки и луксузни аксеосоари.



    Девица

    За вас пријателите зборуваат дека сте реален чик – без многу претерување кога се во прашање брендовите во вашето шкафче.
    А ако од нешто ве фаќа нервоза, тоа е кога некоја маица по само две миења станува како партал кој е носен со години. За вас Jackie Kennedy е типичен пример за идеален look на една жена.
    Омилени бои ви се црната, црвената, розовата и портокаловата, а заштитен знак и голема страст ви се модните додатоци..



    Вага

    Ги сакате сите оние нешта кои што се убави без разлика дали се работи за пиџами, шминка или облека. Сакате секогаш да сте убава, па дури и кога спиете.
    Доколку пак сакате да заведете некого вие слободно можете да ја исфрлите вашата нога во преден план, па дури и тогаш кога таквата ваша постапка може да предизвика скандал. Ваши омилени бои се сината и црвената, но не премногу силни. Вашиот заштитен знак се палтата со секакви детали на нив и се што е плишано.


    Шкорпија

    Сензуална и провокативна. Овие се двата збора кои можат најдобро да ве опишат. Но вие никогаш не претерувате, бидејќи го презирате сето она што е премногу вулгарно.
    Ги сакате чизмите со високи потпетици и следбеничка сте на новитетите и оригиналните идеи.
    Омилени бои ви се црната со црвени или бели детали, потоа силните тонови на сивата боја, бојата на златото. Ваш заштитен знак- слип гаќички, чизми со големи потпетици.



    Стрелец

    Вие сте вистинска дива. Се што е на вас привлекува големо внимание!
    Ги сакате боите, умно ги избирате и добро ги комбинирате. Кога би се прашувале вие, сите би требало да носат африкански или индијански фустани. Немате пончо, но за сметка на тоа вие постојано носите долги шалови, капути...
    Ваши омилени бои се портокаловата, пурпурно розовата и сите ориентални бои, а ваш заштитен знак – maxi чанти, големи белезики за златни и древни мотиви.


    Јарец

    Вашето мото е да се биде chic. Вашиот стил – секси и класичен.
    Голема слабост ви се vintage елементите и нив вие знаете идеално да ги комбинирате. Не ги следите трендовите и нема да облечете нешто само затоа што некој рекол дека тоа е ИН.
    Омилени бои ви се црната, сивата и беж, додека ваш заштитен знак е голем машки часовник и чизми со високи потпетици.


    Водолија

    Вие за разлика од сите оние слепи следбеници на Fashion трендовите, креирате свој look. И верувајте, сето она што вие сега го носите во блиска иднина ќе биде модерно. Вие едноставно имате нос кога се работи за модата.
    Во состојба сте со часови да се шетате низ трговскиот се додека не го најдете токму она што ви треба. Ги обожавате лесните и меканите фустани. И секогаш наоѓате по некој детаљ кој ќе ве направи поинаква од другите!


    Риба

    Вие сте вистинска заводничка и голем фантазер... а сето тоа како да не се однесува за вас. Ги сакате острите линии, но во нив се чувствувате толку природно што тие со вас никогаш не изгледаат вулгарно. Обожавате сатен и плиш.
    Кога сакате вашиот look да биде уште повеќе женствен, тогаш вие ги носите вашите високи чизми со тенки потпетици. За да го нагласите лицето, вие носите сребрени обетки, а вашите омилени бои се сината, виолетовата, зелената...
    Вашиот заштитен знак се чанти со сребрени детали, baggy панталони во комбинација со припиен топ или долчевита!
     
    На mal.ecka, glorijaMKD, supergirl22 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Ова е најпогодено
    нема да облечете нешто само затоа што некој рекол дека тоа е ИН :clap:
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    За мене е се спротивно, само една реченица е погодена :?:
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Фала, тоа сум јас :bow:
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.982
    Мразам да признаам, ама таква сум, го сакам само најдоброто. :$
    За квалитетно,поготово чевли и јакна (капут) секогаш избирам квалитетни,и затоа и немам многу,ми се бројат на една рака, се вкупно, ама тие што ги имам по две сезони минимум ги носам.
    Пре би имала квалитетно нешто, отколку количински многу. И некогаш, кога "немам што да облечам" си ја мразам оваа политика, али шта је ту је. :)
    Крзно баш и не сакам, природно па ич, против носење крзно и убивање на невини животинчиња сум.
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Како да кажам, точно и не точно :D имат нешчо вистина во ова 8) :D :wasntme:
     
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Si se pronjadov gorda lavica :D
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    Водолија

    Вие за разлика од сите оние слепи следбеници на Fashion трендовите, креирате свој look. И верувајте, сето она што вие сега го носите во блиска иднина ќе биде модерно. Вие едноставно имате нос кога се работи за модата.
    Во состојба сте со часови да се шетате низ трговскиот се додека не го најдете токму она што ви треба. Ги обожавате лесните и меканите фустани. И секогаш наоѓате по некој детаљ кој ќе ве направи поинаква од другите!


    :D :D Точно
     
    На Monique995 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    ее тоа сум си и јас посебно дека не губам мн време во дотерување
     
  10. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Дали тие секое утро губат час и половина на дотерување? Никогаш, па не дури и на денот на својата свадба!- Колку НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ОВА!
    Не ја сакаат розовата боја и романтиката.- и ова е сосема утнато, барем за мене, омилена боја розева црна и црвена, романтики обожавам
    а останатото се ми е точно =)))
     
  11. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    1.580
    Па и не е се точно. Чизми со високи потпетици не сакам, воопшто чизми не обожавам. И бојата на златото не ми е омилена. Другото можам да кажам дека е точно :nod: .
     
  12. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Нешто е точно,нешто не е.
    Но најпогодено е тоа што не ја сакам розовата боја.Исто е погодено дека една од боите кои ги сакам се црната и црвената.Сакам удобна облека но донекаде и впечатлива.
    Само што многу ретко сум во високи потпетици а многу сакам да носам.
     
  13. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Епа не ми е баш погодено.. :?:
     
  14. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Овен

    Девојките родени во овој хороскопски знак се одлучни, остри и решителни.
    Токму затоа тие и ја сакаат удобната и сета облека која лесно се носи.
    Дали тие секое утро губат час и половина на дотерување? Никогаш, па не дури и на денот на својата свадба!
    Обожаваат свила и тантели, кратки, струкирани палта, гардероба и форми што го обвиткуваат нивното тело.
    Не ја сакаат розовата боја и романтиката.
    Кога се во друштво тие сакаат да го свртат вниманието на себе, во што секогаш успеваат. Што се однесува до боите кои што ги сакаат тоа се – црната и црвената!
    Нивен заштитен знак - високи потпетици, maxi чанти и одлучен look!


    ~Дали тие секое утро губат час и половина на дотерување? Никогаш, па не дури и на денот на својата свадба! - само со ова не се сложувам, друго се е точно :)
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Шкорпија

    Сензуална и провокативна. Овие се двата збора кои можат најдобро да ве опишат. Но вие никогаш не претерувате, бидејќи го презирате сето она што е премногу вулгарно.
    Ги сакате чизмите со високи потпетици и следбеничка сте на новитетите и оригиналните идеи.
    Омилени бои ви се црната со црвени или бели детали, потоа силните тонови на сивата боја, бојата на златото. Ваш заштитен знак- слип гаќички, чизми со големи потпетици.

    Ок, погодено е до некаде. Сакам да се облекувам провокативно, но се во границите на нормалното.
    Ама боите ми ги погодиле 100% :)
     
    На mateatodorovska му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Рак

    Го сакате сето она што е елегантно и згодно за носење. Ваша омилена комбинација - фармерки и патики, но секако тие треба се шминкерски, шик, во тренд со последните текови во модата.
    Ваши омилени бои се црно-белата комбинација, потоа пастелните бои, сивата, беж, плавата.
    Ваш заштитен знак се удобни и квалитетни чорапи, чевли и секако – ракавици.

    Пола ми погодиле, пола не.Не сакам пастелни бои и заштитниот знак е тотално промашен.Попрво, тоа би биле нараквици, обетки или ташни.Се друго е точно :)
     
  17. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    Нешто е погодено... :)
     
  18. mateatodorovska

    mateatodorovska Активен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    mene boite samo crvena mi ja pogodile, a za toa so cizmi so potpetici voopshto!
     
  19. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Погодено скоро се. Дури и тоа дека сакам одредена доза на провокативност ама презирам вулгарност. А чизми (и општо обувки) на штикла, ги обожавам, секој денар скоро го давам на нив. :)

    Црна и црвена се мои бои, ама тоа со златната :x
     
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Не да не е точно ништо за мене :^) Ама баш ништо не ми погодиле.