Не најдов ваква тема (барем на првите неколку страни ) Серијата е снимена како реалити шоу и интерсно изгледа, доста смешни моменти има, штотуку почнав да ја гледам 1та сезона(пред крај сум) а во тек е прикажувањето на 4тата сезона! Се работи за три фамилии и начинот на кој се справуваат со животните ситуации: Првата фамилија ја сочинуваат Jay Prichett (Ed O'Neill-попознат како Ал Банди) кој живее со својата многу помлада втора жена, колумбијка по потекло и со нејзиниот син од претходниот брак! Втората фамили ја сочинуваат ќерката на Џеј од првиот брак со сопругот и нивните три деца! Трета фамилија е синот на Џеј исто од првиот брак кој е геј и живее со својот партнер и посвоена ќеркичка-бебе од Виетнам