Па јас не ја носам на јавни настапи Нека ме поправи некој ако грешам, ама мислам дека овој настап и е од антички театар во Охрид, и за такви настапи од отворен тип, сметам дека е прифатлив овој аутфит. @Summerlover и на естетиката мислев, немам фустан од Нана Патем, не знам од каде, ама се сум мислела дека тие фустани држат квалитет Ивона не памтам да сум ја видела во асална комбинација, каде нешто не боде очи. Ниту Шеќеринска нешто посебно не ми се допаѓа. Може многу подобро од тоа.
Извинете за прекршување на правилата, ама тука не можам да ги одвојам физичкиот изглед и модната комбинација. Многу почитувам девојки кои се самоуверени, Фросина е преубава во лик и супер си ги носи килограмите, НО ... Градите и се преспуштени и брадавиците кај и се гледаат, бар да беа "на повисоко место"... Материјалот на комбинизонот е ужасен и и го истакнува секој недостаток на телото. Палтото и ташната воопшто не одговараат. Ако дизајнер не може да најде соодветен крој за себе, како да се очекува дека добро ќе го "скоцка" клиентот.
За Елена, мислам дека малку треба да поработи на стилот. Убава е и зрачи со сексапил, но има некои модни утки, како на пример патичињата. Некако ми штрчат За Елена од Живот со утнат стил, немам зборови. Како уопште води емисија за мода, ако нема вкус. Ивончето очигледно ни милионите не ја оправаат. Тотална утка. Ноу комент. Катица би требало да се посоветува со некој моден стилист кој ќе ја посочи што и одговара на нејзината фигура, а при тоа да не личи ко теткица на свадба. Фатиме има одличен и префинет стил. Соодветен за нејзината функција, исто и со поскромиот стил на Ленче. Одличен избор. За Шеќеринска, имам впечаток дека знае како да се облече. Сепак нејзината функција бара класично и формално облекување и не преекспонирање. Не мислам дека личи на униформа. Јас обожавам такви комбинации. Лила ја живее својата втора младост, но искрено претерува со некои комбинации, како она со фустанчето.. Ми се допаѓаат овие: Димитар е поим како треба да изгледа еден маж. Топ комбинација! Каролина е со година на естрадата, зад неа има многу модни стилисти. Но, ме разочара со таквата сукњаи чизмите со отвор ка јпрстите. Не ми личи некако.. Јелена Јованова и покажа на Лила како се носи сако и пантолони. Врв! Бубе Јаневска, пак треба да и посочи за пример на Спенџаровска која ми е малку повеќе од кич. Маријана има убаво обликувано тело, фустаните се одлични. Но, би се согласила дека се ту мач за бинго-емисија.
Ej, a што е онаа мода со наметнување сакоа на рамена? Која е логиката, плиз? Учителката од прво одделение по тоа ќе ја паметам. Наметнато палто. Нит те топли ко што треба, нит можеш да ги движиш рацете ко човек, нит изгледа убаво и модерно. Зошто?
Да не ја здоболиле нозете Ивонче па си облекла топлинки?До толку да е отидена вака да се појави,па и фустанот шо и е,мм милина Ќе се сложам за Лила некогаш претерува во тин комбинации,ама подобро така отколку ко тетка. Елена Ристевска мое мислење е дека лута со стилот и често не знае да го носи тоа што го облекла. Од СЈО само Ленче ми е ко што треба за на таа позиција,со тоа што може малку свежина да додаде.Другиве кога како. Каролина е скоцкана по мерка за нејзе,е само оваа со чизмички,сандали што и да се, ја утнале. Дизајнеркава нема што да се кажи,не знам за други комбинации,ама оваа шок Димитар А за палтава наметнати,ако веќе си решил да се наметниш, бар делувај елегантно, а не ко да ти дува во грбот па си собрал нешто по пат.
Леле како можат така да се изнашетат бре со брадавиците ама ептен ми се грозни.. а што им е форава уствари со тоа навистина?
Не, знаеш ова можеби и беше периодов кога му има речено на Латас нема да се луксузира ќе преживее како мечка у пештера и си го одржа зборот
Дедо така во ВСВ. Се си мислам дека во тоа време така ги импровизирале оние capes, тие што немале пари да си купат/скројат.
Јелена Спенџарска Комбинацијата Пантолоните материјал никаков, ластикот како за тренерка. Па врз ластикот пак ластик од блузата Блузата некој ефтин газа материјал. Ај тоа настрана, ама бар да одговараше едно со друго. Овде боите навидум склопени, ама целиот впечаток е Мислам дека сукњата и каишот да ги замени со црна пантолона/фармека подобро ќе изгледа. Незнам зашто ама сите комбинации нејзини некако ефтино ми изгледаат. ОМГ. Материјалите веќе не ги коментирам, зашто се катастрофа. Комбинацијата реално знак прашалник е дали некој би ја облекол и за на плажа. А во комбинација со штикли?!? Никако. Комбинизонот трипати потенок од хулахопките.Како бе на вакви дебели хулахопки облекла најлон комбинизон?
Луѓе јас како да не сум од Мк, јас пола од фаците кои ги ставивте тука не ги знам Стварно до толку сум затупавеана...знам дека не пратам мк естрада, ниту слушам мк музика(освен стари музичари) модни настани и дизајнери ич не пратам и стварно поим неам кои се луѓево. Ама ќе кажам дека ниту една не ми падна во око, на сите им фали нешто помалку или повеќе, како за јавни личности не се доволно добри. Каролина обично ми е убаво скоцкана, супер за нејзини години и убаво се носи, ама има и забегани комбинации. Лила ми е ужасна отсекогаш, најпрво зошто не носи облека која и одговара на годините, па колку сака нека е убава. Марјана каде тргнала со тие балски фустани еве не знам. Убаво и стојат да, а и моделите не се лошо, ама за Бинго емисија?
Излеа само мене Ленче од СЈО не ми се допаѓа како се носи... некако сакоата како да и се прешироки, секогаш имам некој таков впечаток. Од политичка сцена многу згодна ми била Весна Бендевска. Не дека немаше утки, ама претежно носеше фини костумчиња. Е сеа на страна ексцесот со тангата Како жена ми е многу згодна. А за тотален фешн аут ми е дефинитивно Александра Пановска. Не можам да најдам слика, ама нема комбинација што ми се допаднала. А иначе Александра има многу весела природа и енергија, ама итно и треба стилист... советник.. уатевер.
Мене Весна Бендевска не ми оставила некој впечаток во однос на комбинации и мода. Секад ми била просек па и под просек. Што мислите за комбинациите на Боркица Груевска?
Е мене апсолутно ништо не ми се свиѓа што облача Боки. Добро да, марка е. Ама луѓе ужасно со еден збор е за мене.
Ивона да троши помалку на долен веш, повеќе на друга гардероба. Или можеби... ај да не искоментирам нема да биде културно Оваа Не ја познавам, и може е оффтопик со позава во движење ме потсети на филмов и сега ми заглави во глава Снежана Богдановска од време на време кога ќе ми се појави на фб какви сваштарии носи
Сликите горе од Борица се постари и матни. Мене ми е океј , секогаш е облечена складно со настанот. Е сега ретко е на високи штикли, ама тоа сигурно поради висината на Груевски. Негувана жена е пред се.