Боркица ми е overrated. Единствено што ми се видело интересно кај неа е едно жолто фустанче кое го носеше на партискиот роденден во 2014. Таа сезона, ми се чини жолто беше ин. Дали ради СП во Бразил, или што знам.
Кај Маријана, исто ми се допаднало само едно жолто фустанче на реклама за Гуте Фрухте, истата година И некои кежуал зимски комбинации за низ град. Инаку, meh. Теткински, нема младешка нежност, а не е стара да речеш.
Каролина - вистина убав стил, ама понекогаш знае онаа Цаци што се нарекува стилист да и’ ги утне комбинациите со некои работи како на пример чизмите со отворен прст, здолништето што изгледа како од најлончиња. Елена Ристеска - ми штрчат само патиките. Се’ друго е добро. Радмила Шеќеринска е безвременски облечена. Нема никаква утка во нејзината комбинација и кошулата изгледа интересно. Со црно - бела комбинација никогаш не може да се погреши. Катица Јанева - треба не малку, туку многу да поработи на стилот. И за крупни жени има елегантни и модерни парчиња. Посебно ми падна во очи таа комбинација со чипката кај деколтето што е премногу несоодветна за нејзиното работно место. Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи - супер комбинации во склад работното место и функцијата која ја извршуваат. Ивона Талевска - што е со комбинацијава? Јас со ваква комбинација не би ја пуштила низ врата да влезе ,а не пак да ја примам на прослава и да се слика. Тоа што не сакала да се луксузира не е оправдување за да обуе такви чизми. Има убави чевли што се купуваат за евтини пари. Елена Стефановска- сериозно води емисија „Живот со стил“? Мене нејзиново ми личи на се’, само на стил НЕ. Сите комбинации и’ се КИЧ. Јелена Јованова -двете поставени комбинации и’ се прекрасни. Милена Антовска - убав е моделот на панталоните, само материјалот ми е некако за хеланки, па ја оцртуваат таму каде што не треба. И доволно беше само едно парче во црвена боја за да разбие монотонија. Димитар Атанасовски - еден од ретките машки што има вкус за мода. Лила - некои комбинации од овие тука што се прикачени ми се допаѓаат, ама некои фустани што ги има таа се посоодветни за помлади личности. Најмногу ми бодат очи таа со црниот фустан и таа со костумот. Црниот фустан повеќе личи на ноќница, а што се однесува до костумот, сакото треба да биде пократко зашто има кратки нозе. Мелита и Боки13 - секој коментар е сувишен. Јелена Спенџарска - добро, знае ли девојкава дека постои нешто што се вика СТИЛИСТ? Комбинацијава можеби ќе беше поубава со хулахопки во месо боја. И плус поссодветна ми е за во лето. Фросина Фран - со кое право се нарекува стилист кога не знае како да се облече? Дури о со широка облека и’ се гледа целулитот и јаготката на шлагот е тоа што е без градник. Знам дека гордо си ги носи килограмите, но нека си облече нешто што и’ прилега. И таа до неа е крупничка, ама има повеќе вкус од неа. Боркица - дама во вистинска смисла на зборот. Иако првата и третата се матни, сепак може да се види комбинацијата. Сите три нејзини комбинации имаат чиста 10ка од мене. Марјана Станојковска - фустаниве се поссодветни за некоја посвечена манифестација, а не за емисии како ЛОТО. Тоа со Гуте Фрухте е повеќе за ЛОТО, отколку тие фустани.
А која е женава? Очилата, часовникот и фризурата ми се ептен кежуал и не ми одговараат со фустанчето и чевлите.
Јас би ја коментирала Вера од Љубојна. Стилот и е многу подобрен во последните години. Во зависност од приликата знае убаво да се облече, особено кога праве некои поголеми концерти носи многу убави фустани кои и ги истакнуваат облините, понекогаш знае да ги избаце тоа градите малку повеќе. Приватно и нема некој посебен стил, според сликите што и ги гледам на фб. Многу експериментира со косата, едно време и беше бричена и фарбана во некоја дреч боја, баш тинејџерски изгледаше. Имаше дури и критики од Наде Талевска за нејзината фризура. Ама сега се поправи, убава и е, краткичка.
Што мислите за стајлингот на Калиопи мене почесто ми е некако кич не ми се допаѓа премногу озбилно делува незнам како да кажам да бидам блага некаке ама нема никаков вкус има онака некои добри комбинации некогаш, Како на пример оваа е нешто подобра по мое мислење.
Јас мислев дека ми се присторува целулитот нејзин ја зјапав 5-6 минути. И јас сметам дека ако дизејнер не знае себе да си го погоди кројот на клиентите уште помалце... Да не ме сфатите погрешно и јас си имам целулит ама успешно го затскривам не го истакнувам дополнително...
Elena Risteska Мене ми се дoпaѓa кaкo и се искoмбинирaнo пaрчињaтa oблекa и прoвoкaтивнoтo ми се дoпaѓa. Дaли е тoa зaштo сум и фaн пa ми е нежнa убaвa. Сепaк не е некoјa прoвoкaтивнa штo бoде вo oчи, oбaкa убaвo скoцкaнo.
Јасминка Ангелова, сопругата на Стојанче Ангелов, не е некоја многу позната јавна фаца, ама мене ми се допаѓа, ја имам видено и во живо и ми остави убав впечаток. Негувана жена е има држење и став.
Малце оф-топик, али мислам дека ги спомна сите претхоодни мислења. Па, малку ми личи на повторување... Без љутиш!
Мислам дефинитво каролина го ина најубавиоѕ стил во нашата земја но елена е онаа поубавата според мене има и поубаво тело и лице
А никој нема да го коментира Миленко позади лево, со маица за по дома у панталоните, со мевот напред ко трудна жена? Каде е кошулата, каде е палтото? Барем да се исчешлал.
Јас мислев дека ги читам мислењата од другите членки. Не си морала copy- paste да правиш си можела нешто да измениш.