Во ред е. Секому му случува да згреши. Затоа ќе си размислам за друг пат. А тогаш тоа и ми текнуваше да напишам. Ама ако, се прифаќаат критики
Според мене Шеќеринска како баба се облекува...Мислам дека може малку поопуштено, на пр. со некој минимален принт, или во 2-3 различни бои. Монотона е и старински делува. Боркица нема вкус изгледа, не ми се допаѓа, баш на таа пара може многу подобро да се облекува
Од сите комбинации, оваа најодвратно ми изгледа.Океј, не е жената виновна што градите и се спуштени до пупак, али и за тоа си има лек.Соодветен градник и соодветна облека, не онака и слегле до стомак брадавиците.Фуј.
Јас ќе пробам од почеток до сега да ги искоментирам и да бидам у тек Каролина мене во главно ми е океј, имала и преубави комбинации, имала и утки. Пример во таа со purple капутот ми е топ, освен ташничката, ми се избацува малце. Од секогаш била негувана девојка, и мислам дека си има classy стил. Нешто друго што ми падна во око е комбинацијата кај што седи и пее, носи некоја плава кошула со огромен пердув на рамото. No me gusta, too much ми е. Мелита.. панталониве со шарен војнички принт ми се страшно одвратни, и не ми одговараат со високите чизми. Лила мене океј ми се облака. Јас искрено не би да ги коментирам комбинациите во фустаните од Нана бидејќи е средена од стилист за во емисија, и не е нејзин личен стил. А и не ми се ништо посебно фустаните. Во комбинацијата со кратки панталони и високи чизми мене ми е океј, на запад тој стил со години се негува, така да не гледам ништо лошо. Комбинацијата со црвениот џемпер искрено би ја носела лично јас, ептен ми се допаѓа. Во долгиот црн фустан нешто не ми се вклопува со накитот кој што е свечен, а материјалов на фустанов изгледа како jersey(незз како е на нашки). Можда е до ефектот на сликата. И во долгата блузичка со кратки панталони и сандалки ми е супер, слична комбинација имам гледано кај многу модни блогерки. Лежерната комбинација со кожна јакна и тренерки ми е топ, лабаво е а изгледа скоцкано. Во црното сако и црните панталони ми е ептен срцка, таква малечка Ама да, прекраток е кројот на панталоните, да беа подолги ќе ми беше полн погодок! Милена - комбинацијава морнарска без белото палто би била многу поубава според мене, или пак со друг модел на бело палто. Марамата ми е океј како моден детал. Маријана - не гледам што да коментирам, фустаниве и се одбрани од стилист и тоа е тоа... Шеќеринска - мене ми изгледа океј за деловна комбинација, не гледам ништо лошо во класиката на црна сукња и бела кошула. Симона Николовска - типкава прв пат ја гледам, од приложените слики првите две комбинации ми се целосно супер, третата не ми се допаѓа, топот многу невкусно и стои. Катица утка до утка, језда е крупна ама има начини да изгледа средено, многу ми изгледа старинско облечена некако. А Фетаи ми е права дама, јас да бев деловна жена би сакала да се облекувам така. Боки 13 првава комбинација не се гледа нешо баш посебно, освен Лоуботинскиве чевли Во втората комбинација е супер скоцкан. Бубе Јаневска и оваа девојка прв пат ја гледам ама изгледа навистина classy и средено како за во емисија. Браво од мене. Таа водителката од живот со стил - јаоо оваа ми е мачкице тигрице прва комбинација е ту мач разголеност, одбрала блуза со чипка, кроп топ, со сукња со низок струк со проѕирен дел = вулгарно. Другиве не знам ни како да ги искоментирам, без зборови сум Елена Ристевска- мене многу ми се допаѓа како се облака, посебно последниве неколку години. Приватно си носи некој лежерен стил и мене ми изгледа супер така. Посебно ми се допадна првата комбинација кај што е all black со крем ташничка Ама на пример во оваа комбинација: Спојлер не ми се допаѓа воопшто, ова материјалов на миленце личи. Ивона Талевска - добро бе озбилно вака оди?! А да, случајно да не не може да си дозволи градник кој нема вака да ја оцртува... Дизајнерката и сопственичката на Диоптра- за дизајнеркава не би да коментирам, али постарава женичка мене ми е супер средена, одлично изгледа, и стои на нејзиниот облик на тело. Јелена Спанџарска - прво светкавиве панталониве воопшто не ми одат со тој тип на чизми, второ ужасни се вторава комбинација исто ми е благо ужасна, каишот е дефинитивно вишок. Единствено што не ми беше лошо беше комбинизонот. Се уморив! Него сега ќе ви избацам една наша јавна фаца. Андријана Јаневска. Што мислите за нејзиниот стил? Иначе малце офф ама сум се пресмеала сеа, на една од сликите во дескрипшн си ставила сама: Мортиша
Имам впечаток дека брадавиците на Фросина Фран ме набљудуваат. Апропо комбинацијата: ужас е нежен опис на она што јас го гледам. Почнувајќи од спуштените гради, стомачето и целулитот, па се до наметнатото палто. Од кај ли го извади палтото со тие потполнувачи на рамениците? Тоа косичето сплескано, па можела да се измие во глаата, да ја испегла и ајт, вака дури и непочитување ми е со толку лоша фризура да одиш на ваква "манифестација". Најди материјал кој не оцртува, клај прслук, облечи мидер, пристегни се, не е нуклеарна физика тоа. Пред да одиш на шопинг, викни со тебе некој сурово искрен и на коњ си. Па и оквирите не и прилегаат баш на обликот на лицето. Не знам дали уопште да ги спомнувам пре-пре-прецртаната усни? Инаку ташната е ептен добра, ама не и за оваа комбинација.
Не ја знам типкава, ама ич не ми се сфиѓа комбинацијава. Каишот, ташната, накитот - ептен ми изгледаат ко пазарска пластика. Добива изглед на ефтино. едит, ми текна која е. Фацата сум ја знаела, името не.
И мене деталите никако не ми се допаѓаат. Кошулата и сукњата со други детали можат да поминат. Ја памтам како што спомнав во фини костумчиња со убави кошули. Целосна слика не можев да најдам. Најдов комбинација на Милена која многу ми се допадна. И комбинација од сабајлево: Почнав да коментирам, па реков ќе се воздржам.
Според мене Андријана Јаневска многу досадно се облекува. Еве ја и Тамара, она мислам порано многу подобро се облекуваше, а сега според сликиве не ми се свиѓаат комбинацииве, освен можеби првата за на кафе преку ден. Дефинитивно не. Никако широко со широко.
Секој си има свое мислење. Стилот на Каролина е секако подобар ама со оглед на тоа дека за нејзе се грижи стилист, нормално е. А телото и лицето на Каролина (барем според мене) се класи над оние на Еленче. Немам против Елена ништо, мислам дека е пофина од Каролина, дури малку ми е безвезе што ги споредуваме, различно пеат тотално, различен тип на музика сакаат и нормално е да изгледаат различно. И добро е тоа. Каролина е манакенски тип, висока, згодна, се убаво и стои. Нема сексипил, али тоа или го имаш или го немаш. Еленче, треба повеќе да внимава, пошто е ниска... Life's not fair, I know...
Јас прв пат ја гледам женава и не можам да забележам како ја искомбинирала облеката, од што погледот постојано ми се враќа на „фризурата“. Како крави да и ја лижеле косата и се една те иста фризура
Жива катастрофа Гордана видете и го прстенот во палецот во ваква елегантна облека и пригодба зарем се оди така
Во право си, за жал ги користат гледание емисии за промоција на НАНА и слични скапи продавници. Ама им се може.
јас органски не можам да ја поднесам онаа Елена Стефановска - што води емисија Со стил мислам се викаше... Ок, девојчето се снајде итрица...ја шминкаат и купуваат чанти и чизми за промоција...и плаќаат патувања Дубаи... но толку ми е неподнослива со нејзиниот акцент. со нејзинот начин на зборување...лигава лелелелее
Дефинитвно голем кикс Но сигурно пред неколку години е оваа слика во последен период ретко да прави мал промашај на облекување. Само што е излезена од бања ми доаѓа со фустанов и косата