@joy1 Да, Олга е Многу ми се допаѓа како се облекува жената. А и на таа пара не се напука со силикони, природно и негувано изгледа.
Па и тој политички дрес код е дискутабилен во последно време. Особено после упадот пред некоја недела на пратеникот (не знам како се викаше) со фармерки и маичка на говорница во собрание. Некои го поздравија за смелоста да се спротистави на таквиот стереотип, на некои пак им сметаше таквата несериозност.
Кај неа ми делува малку несоодветно. Со оглед на тоа што во парламентарен систем премиер е поважна фигура од претседател, Боркица доаѓаше нешто како прва дама сите овие години, фактички, па сум за поголема внимателност, не како кога со голи колена влезе во Белата куќа. Ајде да е Кејт Мидлтон и редовно да се појавува со нешто пократко здолниште, таа оддава подевојчешки впечаток затоа што јавноста ја памети од кога била студентка, мислам. Плус и висината влијае. Ова е поинаку. But Whatever.
Олга Костовска ми е школски пример за префинета дама,како да и е вродено тоа,дури и искинати фармерки знае така дамски да ги носи.И не,не е се(и само) во парите што ги има,сведоци сме на кичерај "на кило" кај луѓе што можат се да си дозволат Татјана и мене ми е малку досадна во изгледот,на тие убави црти може да прави суптилни промени без притоа да и пречат во улогата на водител.Баба ми многу ја сака,секогаш се доближува пред тв и вика:-Види каква убава жена,ѓоа Богородица е.За Милена веќе се е кажано,ама приметив дека бременоста и годи,некако блеска Лила е одржана и негувана жена,но нејзините кежуал комбинации ми се допаѓаат многу повеќе отколку оние на квизот.Ја утепа од рекламирање Елена Лука,а фустаните сатенски што и ги дава се ко за матурска прослава 99та
На фејсбук некаде во коментари наидов на профилот на Бубе Јаневска, па оти нејзината комбинација ми беше најубава од сите што ги имате постирано тука, застанав да ѝ разгледам слики. Прекрасен стил има навистина... многу модерно, елегантно, а во исто време и пристојно и умерено. Еве уште некоја слика од неа, да ја активирам темата
Везе нема оваа, толкав невкус не сум видела одамна. Тешка селанка. Важно и лаjкнала другарка и Мелита
Ја вака не би се облекла, ама баш ми се свиѓа, интересно делува. Што е најбитно и стои на градбата. Само јас не би облекла сандали да имам такви прсти ко што има она, ко да ги згмечила и со сила да ги напикала во сандалите.