Прашањето треба да биде ,, Што мислите за белата ролка испод цветен летен фустан, на свадба ? ,,. Фустанот е убав, ми иде со палтото и фризурата. Ако не е мој стил, не значи дека не ми се свиѓа.
Вака и мене ми е ептен симпатична. Фина комбинација која изгледа пристојно за утринска емисија. Апропо венчаницата, без негативна енергија - ќе ве молам. Прашање на вкус е, јас не би облекла таков фустан ни како венчаница ниту за некоја друга пригода. Тулот како материјал не ми се допаѓа, ја сакам материјали и кроеви што ги истакнуваат облините на женското тело.
Убаво изгледа како трудница. Ама стајлингот бре. Вришти. Штикла, хеланки,спортска капа и маица. Од се по нешто. Едит: Хелена Роза е.
Таа со ролката до Милена, е Ведрана, креаторка мислам. Има нејзина "Мали" колекција. И јас се почудив за ролката, не дека боите не одговараат, али за на свадба.. Арно си реков да поќутам, кај отворив.
Јана ми е ептен прекрасна на црвениот тепих, голема пофалба за стајлингот (Мислам дека тука е најсоодветно место за сликава )
Добро, како не им е гадно на „голо“ да натегнат хулахопки, па гаќи, т.е. купачи. Ова не би го нарекла ни комбинација, апла се гледа дека е за слика и најверојатно „реклама“ на брендовите. Сибел векот ваквиот стајлинг не-стајлинг. За Јана немам коментар - многу ми се допаѓа како изгледа, прекрасна е. Бојата на фустанот многу и' одговара со тенот, ко нежна принцес верзија од Poison Ivy ми е. Не ми се допаѓа само косата, не се познава на слики, ама на видеото изгледа малку неуредно и наелектризирано. Сепак супер како целина. И машала, си врти деколте.
Девојчево за евровизија е без никаква замерка. Шминката нежна, фустанот впечатлив а ненападен, она природна... Сликана на Хелена ја гледав скролајќи нагоре. Кога мислев дека штиклата со тие хеланки е врвот, е не , возрасна жена, во комбинација со предходно споменатата штикла, ставила таква капа. Инаку преубава трудница. Само стајлингот и вришти. Комбинацијата со жолтиот фустан е многу убава. И она, некако ми зрачи
Прво само горниот дел од сликата го видов на телефон, си викам што се бунат овде, за по дома комбинација. Кога скролам и гледам долу штикли
Катастрофа баш ја видов на една интернет страница.Неможев да се изначудам ај штиклите се ок али со хеланки???и хелнаките со капа па и нешто како чемпер. Оовој пат ептен утнала
Покич од Мелита ми е само газдарицата на Anti aging center Promoitalia, Олгица. Толку напукана со силикони и ботокси, толку евтин стил на облекување... Многу лошо!