Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни критики за храбри феминки

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 12 декември 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    росонерче не е елече , колан е со прерамки само не се гледа...фала и на др критики го ценам тоа од тебе , затоа шти си во право :* позз
     
  2. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Oзи не ми се допаѓа плетеното црно џемперче врз бела ролка (мислам дека подобро би стоело врз црна ролка). Кенди и на оваа слика покажа дека се облекуваш супер :clap: ми се допаѓа твојот стил :)
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Јас мора само да надополнам оваа слика...
    [​IMG]
    Не е за новогодишна вечер, туку 2ри јануар, којшто за мене е една обична сабота за излегување :lol:

    А мојот стајлинг за нова година еве го...
    [​IMG]
    :rofl:

    Oва се стајлинзи на некој кој мрази новогодишни славења :wasntme:
     
    На Angelche, marama и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  4. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Жени, се лепотици сте бре! И сите на свој начин убаво си се облекувате...

    Пирамидче, Росонерка, Боа, Скај, Хипи, Ози, Багуфче, Мис, Марамче, Офи, ФБИ, Кенди, Гоу...

    Ма сите сте ми преубави на свој начин. Секоја си гаи свој стил и прекрасно изгледа!

    Алал да ви е!
     
    На Go-Girl, Angelche, UniqueCreature и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.808
    Еве уште нешто од мене :)
     

    Прикачени фајлови:

  6. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    На првата слика не ти треба каишот, барем не таму каде што си го ставила.
    На втората немам никакви замерки.
    А третата некако не ми се допаѓа, блузичката на точки многу одамна се носеше, другото може да помине...
     
  7. Sally

    Sally Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    15
    Вака изгледав за Нова Година :)
    Ајде феминки, пуцајте! :lol: . Бтв на сликиве не се гледа, но имав црвени нокти и црвен кармин во комбинација. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0582.jpg
      IMG_0582.jpg
      Големина на фајлот:
      163 KB
      Прегледи:
      268
    • Copy of IMG_0555.jpg
      Copy of IMG_0555.jpg
      Големина на фајлот:
      116 KB
      Прегледи:
      268
    На Angelche, Night.Star, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Салли, мене ми се допаѓа оваа комбинација. супер!
     
    На Sally му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Не е премногу кратко? мислам, малку да се наведнеш ќе ти се види задникот :worried:
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    [​IMG]
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  11. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Sally ти ставаш слики за од нас да добиваш критики(добри и лоши).Затоа и стави слики нели??
    Стварно е прекратко фустанчето и изгледа невкусно според мене.
    Но можеби стварно сега е мода такви миничи да се носат не знам :?:
    Оценка: 2
     
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Сали
    Јас не сум против кратко, секако ако се носи со стил и ако не е премногу нападно :) Конкретно фустанчето на Сали ми се допаѓа, убаво облечена ми е и на двете слики :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Сали, во право си за тој синдром. Така е. Сепак не се навредувај, не може на сите да им се допаѓа, мене ми се допадна, посебно првата слика!
    Значи дека штом тука си ставила слики биди спремна на секакви критики. мене стално ме критикуваат па не се лутам :):):)
     
    На Sally му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    време е да ви ги прокоментирам новогодишните аутфити :D
    (мојот само по ЛП можете да го коментирате зашто нема да го ставам овде :lol: )
    спиди - фустанот супер ти е, ама тоа со панталоните и чорапите некако си смешала работа....само горниот дел кога го гледам ми иде со долги класични панталони, а само долниот дел со некоја секси блуза или корсет....значи немам ништо против чорапите, и јас ги сакам како убаво и секси изгледаат, ама имаш хаос во комбинацијата
    секси лејди - забелешката моја е за ланчето....јас не би ставила, доволно е впечатлив фустанот + каиш, ланчето е вишок
    анастасија - мачко одлична комбинација, само чорапите јас би ги одбрала поштосни со некој дезен можеби...да не се клот црни за да биде попримамливо за око
    боа виста - немам забелешки и овојпат за новогодишниот стајлинг, и за вториот исто....не ги слушај не ти требаат потемни хулахопки и повисоки штикли се си е супер ;)
    росониерка - чуден крој ми е сукњата, незнам....можеби да беше припиена за тело поубава ќе беше комбинацијата
    благув4е - фустанот го имам коментирано, а за прошетка фина кежуал комбинација ;)
    штрумфета - комбинацијата ти ја имаме коментирано фина е, ама тогаш со црна маичка повеќе ми се допаѓаше отколку сега со оваа розева или лила незнам каква е :^)
    пуфи цуфи - интересни комбинации, освен тоа што мразам латекс хеланки друга забелешка немам
    дејзи - стварно личиш за 5 годишно девојче :lol: многу слатко палтенце имаш
    кенди - секојдневна опуштена комбинација, :clap: за ранецот ;)
    лавли - одлично, само се надевам си имала палтенце за да не замрзнеш
    докторке - со оглед дека дома си славела, фина комбинација....топла и удобна
    сали - стварно краткичко, ама убаво ти стои
     
    На x.Daisy.x, Strumfeta93, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Не се лути на советите, иако те разбирам доаѓаш на форум ставаш слика и сите ооооооо одма критики. Ама треба и да си спремна на тоа и без лутење, добронамерни се ако сватиш.
    За мене е прееееееекусо фустанчево посебно кога се носи на светкави проѕирни хулахопки. Подруго би било да имаше кафени дизајнирани хулахопки, поубаво би било, ем ти е еднобоен фустанот и дизајнираните хулахопки би дале поубав ефект и немало да се пазиш за да не ти се види нешто ...
    Колку само она што го болдирав да си се изјаснам.
    Не е се што е кратко модерно!!!
    Сите кратки фустанчиња не се модерни.
    Си има кратко модерно убаво и ултра кратко како твоето кое не е по мој вкус. Погледни ја пример БоаВиста кратки фустани ама со усул и баш убаво и стојат, може само 5 до 7 цм е подолг нејзиниот фустан ама изгледа попривлечно и невулгарно.
    И она што рече да не те интересира како одиме седиме.... бла бла и тоа како треба зашто има облека која се вика долна интимна облека, а таа треба само за тебе да е и интимниот партнер, а не да ја види цела кафана, дискотека кога ќе седнеш, станеш, малку наведнеш.
    Внимавај друг пат зашто стварно од далеку не изгледа убаво кога ти ќе се наведнеш сите да навалуваат глава и да ти ја гледаат долната облека. Ако носиш прекусо темна хулахопка обавезно! ;)
     
    На Stam, Angelche и BoaVista им се допаѓа ова.
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Сали, ноу хард филингс, ееее одма на лошо си ја почнала ;)

    Офи, Сеси и уште неколку „дрски“ форумџики овде :lol: ќе ти кажат директно кога нешто нема да им се допадне и ти треба да го испочитуваш нивното мислење, а не одма да се лутиш!

    Не им се допаѓа, не им се допаѓа, што па ти толку се потресе :?:

    Мене си ми супер згодна (ако веќе го коментирам телото) и фустанчињата ти стојат супер баш заради тоа. И Боа ни е згодна цурица и кратко и стои фантастично.

    Само, една забелешка моја добронамерна е да ги носиш овие фустанчиња следниот пат со дебели хулахопки (сега бар се многу модерни ваквите хулахопки) и ќе изгледаш совршено (според мене).

    Младичка си, згодна, сигурно и убава и нормално дека се ти стои, само кога премногу откриваш, не е интересно...

    Остави малку мистерија позади тебе, па нека мечтаат малце муживе ;)
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    :o :o Сали сега гледам дека си се навредила од мојот коментар, да ти кажам наискрено, не се однесуваше само за тебе туку за сите кои носат кратко, жими се баш ме интересира како се движите без да ви се видат интимните делови.

    И јас носам кратко, ама ова е претеризам.

    И штом почна со дрскост да ти вратам- ова девојко што го носиш воопшто не е модерно, отвори било кој светски сајт за мода- вакво фустанче нема да најдеш во модерните фустани ;)


    И извини, не гледам кој е нов, а кој стар член си пишувам што ми лежи во моментот.
    Имаше повеќе кои ставаа такви слики, ама на тебе се “падна“ мојот коментар ;) .
     
    На Stam, mila89 и rossonerka им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.434
    Допаѓања:
    91.661
    Пол:
    Женски
    Сали не ми се допаѓа како фустан, убаво е за туника со хеланки. Ама вака не. Јас носам кратко ама одоздола секогаш носам кратки панталончиња, ете и одговор и на Сеси ;) ама ти и да си облечела кратки панталони пак немало да ја средиш работава.
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Добро де полека, што му се нафрливте на девојчето, не ви се допаѓа како е облечена и толку.
    A за тоа дека не е модерна, не би се согласила, но сепак тоа е субјективно.
     
    На Angelche и OzzyAngel им се допаѓа ова.
  20. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Сачи многу си убава и продолжи да си носиш кратко па имаш прекрасни нозе. И јас обожавам кратко и си носам само сег почесто со темни хулахопки (морам веке годините ми тропна ха ха ха се шалам ). Сепак се си има одредени граници доколку си во миниџ е тогаш нема деколте што е многу многу е . И женски носете си кратко ако сега не носиш кога?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.