1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни правила

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 6 јануари 2011.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаме ваква тема и би било добро да се има, ако не канта. :)

    Често наидувам на размислувања дека чантата и чевлите треба да се иста боја. Тоа било непишано правило. Колку вие се согласувате со тоа и се придржувате?

    Бидејќи почесто носам црно, практикувам чевлите или чантата да отскокнуваат со некоја друга боја , но одбирам накит кој ми одговара со нив.
     
  2. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Мое мислење конкретно за твојот случај, ако си се во црно, тогаш ако ставиш и црна ташна ко на погреб да одеш. Во таквите случаи подобро е ташна со јака, впечатлива боја (циклама, црвена, лилјакова, кафеава и сл.) и накит кој ќе одговара со истото.

    Јас исто ко тебе, почесто бев во црно порано и земав ташна која прва ќе ми дојдеше при рака :)
    Сега се ориентирав кон сиво, кафеаво, тегет, ама што и да носам, ташната(сива) не си ја менувам додека не си најдам иста таква тооооолку голема во друга боја.
     
    На marama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Сум чула за следниве:
    -ленено се носи во лето, плишано,сомот,кашмир во зима
    -ако ташната, чевлите и каишот се ускладени, се изгледа многу подобро
    -накитот треба да е едноличен(иста боја, да не се меша злато и сребро и сл)
    -спортска гардероба не иде со многу шминка
    -со шарени блузи се носат еднобојни фармерки, сукњи и обратно
    -бисери се носат на гола кожа
    -кога се носи тексас или анимал принт, доволно е само една парче гардероба од нив
    -се носат обетки и ланче или прстен и алка
    -ако горе е широко, долу е тесно и обратно
    и најважното:или деколте или голи нозе!
     
    На A.bloom, Twinkles, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Убаво изгледа чевли и чанта во иста боја. Јас практикувам тоа често, ама не е златно правило.
    Некогаш комбинирам иста блуза и ташна, чевли со панталони.
    Или пак цело лето фурав една тиркизна чанта на страна која ја носев со пола летни алишта. Толку е летна ташната, разиграна боја, да ја носев со пастелни бои со бело, со крем, со сиво, е сега нормално со црвено и лилјаково нема да ја носам :lol: Ама само таа дречи друго ништо тиркизно на мене.
    А некогаш на излегување носам пример црни чевли/чизми а ташна со акцесорис која одговара.
    Јас стално велам акцесорисот треба внимание да привлече, не мора да е иста боја , доволно е да го привлече вниманието. А внимание привлекува нешто што се разликува од се друго. Црна комбинација и само црвена ташна пример е ТОП.


    Иначе темава е само за ова модно правило или може да дискутираме и други модни правила? :)
     
    На LivingGlam и blond им се допаѓа ова.
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Еве 10 модни правила кои смееме да ги прекршиме (превеземено од кафепауза.мк)
    Конкретно има и за правилото за чанта и чевли. :)



    1. Никогаш не носете бело во зима.
    Глупости! Зошто да не носиме бело во зима? Дали треба во зима да се зацрнуваме и се црно да носиме? Напротив, белата боја е многу убава, не е важно дали носите бел џемпер, капут или бело капче или шалче, белата боја секогаш ќе го освежи вашиот изглед.

    2. Чевлите мора да одговараат на чантата.
    Зошто да мора? Колку само на светски познатите личности им се случувало да направат легендарни модни утки, носејќи сосема различна чанта и чевли! Секако дека чевлите и чантата треба да одговараат со останатите делови од вашата облека, но не мора да одговараат едно со друго.

    3. Никогаш не носете црно со тегет или кафено.
    Половина од денешната младина не сака ниту да чуе за комбинација црно-кафено. Еве признавам, и јас сум една од оние кои што се против оваа комбинација. Но никогаш не сум имала разумни убедувања зошто не треба да се носи оваа комбинација. Мајка ми одсекогаш ме убедувала дека кафено и црно убаво стои и навистина е така. Но немојте да претерувате, облечете повеќе кафени а помалку црни работи, сепак сме тинејџери и не треба да се зацрнуваме.

    4. Никогаш не носете црвено ако сте црвенокоси.
    Зошто да не?! Можеби црвенокосите навистина треба да одвојат повеќе време при изборот на облека, но не значи дека воопшто не смеат да носат црвена облека. На некои црвенокоси, црвената облека им стои преубаво.

    5. Не комбинирајте накит од различни метали.
    Можеби повеќето од вас не слушнале за ова модно правило, но ете јас сум тука за да ви го покажам и ова модно „правило“. Зошто да се ограничуваме и да носиме само злато или само сребро кога можеме да направиме совршени комбинации од повеќе метали па и со други материјали. Доколку имаме вкус и знаење, можеме златниот накит совршено да го искомбинираме со накит од други материјали (дрво, метал, бижутерија) и притоа прекрасно да изгледа.

    6. Никогаш не носете хулахопки со чевли со отворени прсти.
    Претпоставувам дека повеќето од вас кога ќе видат некоја девојка или жена дека облекла чевли со отворени прсти и облекла хулахопки ви изгледа смешно. Секако, и мене порано ми изгледаше смешно и се чудев како можеле да се облечат на тој начин. Но кога требаше и јас да се облечам на тој начин воопшто не ми беше чудно, тогаш се чудев како сум можела на тој начин да размислувам. Но сепак, при прекршување на ова правило, мора внимателно да ги изберете хулахопките или пак чорапите кои треба да одговараат со чевлите.

    7. Не носете превртена кожа или кожа во лето.
    Претпоставувам дека повеќето од вас немаат слушнато ниту за ова модно „правило“. Штета е да не ги носиме нашите кожни чанти во комбинација со убави летни фустанчиња. Но не само чантите, зошто да не носиме и кожна јакна или пак кожни чизми во постудените летни вечери?!

    8. Никогаш не комбинирајте различни шари.
    Баш глупаво правило! Токму затоа се почесто се прекршува. Да, навистина некои шари не одговараат една со друга, но зошто да не ги комбинирате остантите шари.

    9. Никогаш не комбинирајте тексас со тексас.
    Сигурно некогаш сте слушнале дека не треба да комбинирате тексас панталони со тексас јакна. Оваа сезона во мода се тексас кошулите кои најчесто се комбинирани со тексас панталони. Но сепак при комбинирањето мора да пазите само на една работа. Не секоја тексас боја одговара со друга тексас боја.

    10. Секоја боја во вашата комбинација мора да одговара една со друга.
    Нема што да се коментира. Се знае дека не треба да направите некоја комбинација со сите можни бои што постојат, но сепак не значи дека не можете да искомбинирате три - четири бои во една комбинација.
     
    На ColoursOfTheRainbow, Hipster, MarchelineAmaru и 11 други им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Фемина и Старфиш благодарам за другите правила :)
    Росоњерка може да се дискутира и за други. Ова ми беше почетно бидејќи во моментот за тоа дискутирав.
     
  7. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Јас напишав едно правило во друга тема ќе го пишам и тука, многу се греши со него.

    Leggings are NOT pants!!!

    Еве зашто не се
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На chocolate.chick, sesilija, Whatsername и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Мислам Фемина дека не си ги прочитала целосно правилата Старфиш што ги постирала ;)
    Росоњерка да, хеланки како панталона се најгрдото нешто. Па мислам дека и на деца не им ги облекуваат така, секогаш газињата им се покриени. Па уште ако се толку проѕирни се :puke:
     
  9. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Ама и tights are not leggings :lol: :lol:
    [​IMG]
     
    На Twinkles, rossonerka и marama им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Хеланки со откриен задник па дури ни во теретана не би носела.Мизерно ми е.
     
    На Mikica_89, Twinkles, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Ниту пак туниките не се фустани.

    Но, не се согласувам со тоа дека светол тексас не се носи во зима. Тоа би значело темен не во лето, не , не , неможе така. :lol:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    1. Не го менувајте својот стил според модата
    На прсти се бројат луѓето во светот кои можат да си дозволат постојано да ја менуваат својата гардероба според моменталниот тренд. Тоа е една работа, но не и најважна зашто не треба слепо да го следиме секој моден тренд. Секој од нас има сопствен, препознатлив стил кој е само негов. Тој стил треба да се освежува, но да се задржи. Ако некое парче е модерно, не значи дека мора да ви се допаѓа и да се вклопува во вашата гардероба!

    2. Инвестирајте во класични парчиња кои никогаш нема да излезат од мода
    Ова и минатото правило никогаш не одат едно без друго. Правилото е многу едноставно и секој од нас треба да го почитува – не инвестирајте во нешто што планирате да го носите само една сезона. Доколку сакате да имате некое повредно и поскапо парче, нека биде тоа парчето кое никогаш нема да излезе од мода – бела кошула, црни потпетици, фармерки…

    3. Секоја девојка треба да поседува бар едно црно здолниште, секое момче – црно сако
    Едноставното црно здолниште е парчето кое може да се искомбинира на милион начини и е неопходно да го има секоја девојка. Тоа е лесно за комбинирање, без разлика дали треба да се направи посвечена комбинација, комбинација за вечерно излегување или за дневна шема (искомбинирано со рамни чевли и џемперче). Тоа што ова здолниште е во гардеробата на девојките, кај момчињата е црното сако. Сакото е прекрасно парче, без разлика дали е искомбинирано со кошула и кравата или пак со фармерки и интересна маичка со кратки ракави.

    4. Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка
    Едно од најстарите модни правила кое секој од нас го знае. Постојат повеќе причини зашто ова правило се почитува толку време. Носењето бела облека на туѓа венчавка ќе направи невестата да се чувствува неубаво – тоа е нејзиниот посебен ден! Бидете добар пријател и гостин. Колку добро и да ви прилега белата боја, не е неопходно да ја носите баш тој ден од годината.

    5. Пижамите никогаш, никогаш не треба да бидат видени во јавност
    Доколку на светот сакате да му дадете до знаење дека комбинирањето облека не е вашата главна преокупација, ова не е начинот да го направите тоа! Кога е еден од тие денови кога едноставно сакате да носите нешто удобно и немате време и нерви да смислите што, посегнете по вашиот омилен пар фармерки и некоја едноставна маичка, не по вашите пижами или стари, истегнати тренерки!

    6. Патиките за трчање никогаш, никогаш не ги комбинирајте со фармерки!
    Можеби едно од најчесто прекршуваните модни правила. Патиките за трчање има зашто се наречени така – наменети се за трчање! Иако удобни, тие не треба да бидат нашите секојдневни, удобни чевли кои ќе ги носиме секаде. Има толку други удобни, едноставни чевли кои можете да ги носите, не мора да се токму овие патики.

    7. На работа е секогаш подобро да сте подотерани одошто треба, отколку помалку
    Иако премногу дотерување за на работното место може понекогаш да направи да се чувствувате неудобно, секогаш е подобра опција отколку одењето на работа несредени. Вашата грижа за изгледот и среденоста кажува многу за вас и вашиот однос и кон други работи во животот. Што е најлошото што може да се случи? – Да изгледате премногу добро, а тоа секој ќе се сложи дека не е некој проблем.

    8. Доколку не се чувствувате удобно во нешто – не го носете!
    Целта на облеката која ја избирате и вашиот стил е да направат да се чувствувате убаво и удобно. Под удобно, покрај физички удобно, се мисли и на тоа дека некое парче треба да ви е и психички удобно за да изгледате одлично во него. Ако облеката која ја носите не ја сакате и не ви се допаѓа, тогаш не ја носете! За да изгледате убаво во очите на другите, треба да бидете сигурни во комбинацијата која сте ја направиле. Доколку не ви се допаѓа тоа што го носите дента – изразот на вашиот лик ќе се промени, начинот на кој се движите, вашиот од, вашата самодоверба ќе биде на пониско ниво и постојано ќе мислите на облеката.

    9. Бидете сигурни и реални во изборот на нови парчиња
    Кога ќе посегнете по некое парче во продавницата, секогаш, секогаш пред да го купите истото, прашајте се себеси дали имате со што да го носите и дали добро ќе се вклопи во вашата гардероба? При купувањето облека следете го „правилото на тројката“ – доколку немате 3 различни комбинации на ум кои можете да ги направите со тоа парче, бидете реални и не ги давајте своите пари за џабе!

    10. Важно е како го носите, не што носите
    Најважното и најповторуваното правило од сите – облеката што ја носите, носете ја со сигурност и гордост. Како што веќе спомнавме, вашата самодоверба и начинот на кој се гледате себеси, ќе диктира како луѓето ќе гледаат на вас. Доколку многу ви се допаѓа некое невообичаено парче (накит, чевли, јакна…) заради кое мислите дека луѓето чудно ќе ве гледаат и никој друг околу вас нема слично, носете го! Сè додека тоа го правите со гордост и исполнети со самодоверба, тоа ќе ве обележи како личност со стил и ќе ве направи да се чувствувате и изгледате посебно!
     
    На mims-89 и sesilija им се допаѓа ова.
  13. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Никогаш не носете бела облека на туѓа венчавка !!!

    Ме потсети на една дамнешна свадба.Една девојка носеше долг бел фустан, другарка ми кажа дека го шиела.Фустанот беше убав ама луѓето беа збунети која е невестата.Буквално на невеста личеше, дека бел фустанот и долг |( Па и фризурата некако невестинска, од тие како полжави да имаш на глава што јас лично ама ич не ги сакам :tmi: Требало во друга боја да го шие .Две невести имаше да се збуниш кому да честиташ.
    Затоа од искуство ве советувам и јас, немојте со бели долги фустани на свадба да не дојде некој да ви честита брак :lol:
     
    На Twinkles, MarchelineAmaru, Name и 2 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Уште едно: чизми и тренерки-Не!

    Девојки не ми беше замислата само да постирате слики или текстови(иако се супер),но би можеле да коментирате што сметате за модно правило, што не, кое го практикувате, кое не.
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Ми дојде ли некоја таква, на клоци ќе ја избркам :)
    Да се надоврзам на марама-и тренерки и елегантна ташна не!
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Додека сме кај тренерките, тренерки и капут - никако. А доста често го гледам ова :tmi:
     
    На MarchelineAmaru, Angelche и marama им се допаѓа ова.
  17. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    301
    Од она што го имам јас заприметено јас, ме нервира палто со ранец , едноставно не ми одговара.
    Палтото е елегантно , ранецот е спортски.
     
    На Twinkles, b.monroe и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Чизми и тренерки нема потреба да се спомнува, повеќе од јасно е дека никако не оди .Баш пред некој ден видов една низ град со црвени тренерки и бели шпиц чизми |( а кулминацијата беше тоа што тренерките и беа ставени внатре во чизмите :| :rofl: Во животов и такво чудо не бев видела, првпат по женско да се свртам и да се чудам како изгубена гуска неколку минути :D

    Што нема да се види и чуе уште ..ај некако ги сфаќам кога ќе видам со капут и тренерки, или тренерки и посвечена ташна..Иако ич не ми иде некако се обидувам да разберам.Ама тренерки и шпиц чизми..плус бели..плус ставени тренерките во чизмите, е не модна утка туку некоја психичка утка ќе е :tmi:
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.560
    Пол:
    Женски
    Летна гардероба со чизми и капут и зимска гардероба со сандали -Не!
     
  20. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Ќе кажам уште само дека потполно се сложувам со правилото Или деколте или голи нозе!
     
    На endlesslove, Twinkles, MarchelineAmaru и 5 други им се допаѓа ова.