1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Модни правила

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 6 јануари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.010
    Допаѓања:
    198.823
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене едно правило, кое гледам сте заборавиле да го спомнете, а јас го прочитав одамна во Cosmopolitan: голи рамена одат со голи нозе (голи во смисла, хулахопките да бидат што помалку забележливи)! Тоа не подразбира и деколте и минич истовремено, туку, кога носите фустан без ракави со пристојна должина, малку над колена, до колена или малку под колена - не се носат темни или пресјајни хулахопки! А видов дека многу од вас го прават тоа, во темата „Модни критики за храбри феминки“. А ако носите краток фустан, тогаш треба потемни хулахопки, за тоа се сложувам, сепак не е вкусно да се открива се. Ама ако се носи толку краток фустан, нема потреба да биде со голи рамена и деколте (барем јас така размислувам).
    Чевли со отворен прст може да се носат со хулахопки кои немаат задебелување на прстите напред, па скоро и не се забележуваат хулахопките. Има такви сега, лесно е да се најдат.
     
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.328
    Пол:
    Женски
    Со ова не се согласувам. Сум пробала комплет од обетки и ланче и премногу ми изгледа, исто и прстен со алка на една рака не ми изгледа убаво. Поубаво ми е кога комбинирам обетки или ланче со прстен или алка.
     
    На MarchelineAmaru, Hipster и Marence.D им се допаѓа ова.
  3. LifeLove

    LifeLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    141
    Црно + кафено = модна катастрофа,т.е.црното оди со се,освен со кафеното.
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    ^^
    Мене баш ми се допаѓа комбинацијата црно-кафено.Често знам да си искомбинирам и убаво ми стои :) Баш ко што кажа Старфиш ...

    *Инаку се почесто гледам тренерки со долг капут или пак тренерки со чизми.Пред некој ден уште кога одевме на школо едно девојче дојде со тренерки,капут и обетки со циркони-тотална утка.
    *Модно правило: Чевлите и ташната да се иста боја.Ова правило често знам да го прекршам и ич не ми е гајле.Препорачливо е ама не е задолжително и не се прават модни утки доколку целовкупното е добро искомбинирано.
    *Светол тексас во лето,темен во зима: Исто така ова правило не го сакам.И знам да си облечам светли фармерки зимно време и обратно :) Баш ми е убаво!
    *Хеланки со кратка маичка - е ова е одвратно.
    *Според мене не треба да се носи премногу накитено и џиџано или пак да се носи нешто што не е воопшто удобно.
     
  5. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Можеби и не е модно правило, ама сепак сметам дека треба да се земе во предвид.
    Облеката е сезонска! Постои летна и постои зимска гардероба!

    Не оди во сред зима да се облече летно фустанче, минич со проѕирни хулахопки, отворени штикли, маички на бретели и сл. И над сето тоа да се облече капут! И додека сите носат екста дебели хеланки, чизми и туники, некоја “рипка’’ да се шета со голи нозе . Грдо е! А градот е полн со такви.
    Истото важи обратно. Ама секако, никој нема да облече џемперче или маица со долги ракави во лето, затоа што е смешно. Епа смешно е и летна облека во зима!
     
    На MarchelineAmaru и Isidora-Veles им се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Eве една интересна статија што ја најдов на интернет

    7 Модни правила што треба да ги прекршите

    1. Не носете бело во зима.
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    2. Чевлите и чантата секогаш мора да се совпаѓаат.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Сите оние кои гледаат на Travel and living, What NOT to wear го потенцираат кршењето на ова правило.

    3. Никогаш не носи црна облека со кафена или тегет.
    [​IMG]
    [​IMG]

    4. Никогаш не носи црвено ако си црвенокоса.
    [​IMG]
    [​IMG]

    5. Не може да се носи кожа во летниот период.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    6. Никогаш не се меша метали во вашата гардероба.
    [​IMG]
    [​IMG]

    7. Никогаш не се носат хулахопки со отворени чевли.
    [​IMG]
    [​IMG]


    Не мора секое правило да се прекршува, ама не мора ни секое максимално да се почитува. Правилата се создадени од луѓе кои си имаат свој вкус. А тука се други луѓе да ги прекршат.
    Тоа е и модата експериментирање.
    Ако се држиш строго до непишани правила, монотон си ;)
     
    На Emma89, LittleDevil, annnni и 3 други им се допаѓа ова.
  7. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    434
    Да, тоа е многу јасно ама зошто мене многу ми одат тренерки и UGG чизми(некои еднобојни и обични) :?:

    п.с. тренерките да се плишани, ако и UGG чизмите се плишани и така натаму ...
     
  8. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Често се прекршува правилото ташната и чевлите да се во иста боја.И јас го прекршувам,НО се задржувам до тоа да бидат од ист материјал.Не ми иде чевлите да ми се на пример кожа,а ташната светкава,свечена..
    И сум за тоа да не се прекршува правилото отворени чевли и хулахопки!Едноставно не ми иде!Ме вади од такт кога ќе ја видам таа линијата,спојката напред кај прстите излезена од чевлата напред! :x
     
  9. Isidora-Veles

    Isidora-Veles Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    124
    Искрено јас немам никогаш носено таква комбинација,но мислам дека би изгледала супер би изгледало уште подобро ако чизмити ти се иста боја или ист материјал на пр. со некое мало спортско ташниче( ако практикуваш да носиш) :* Позз!
     
  10. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Ова не го видов
    Чизми со патент не се носат над фармерки :?:
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Зашто????
    Oва ми е тотално без везе нема никаква логика |(
    Oва твое модено правило е тотално за прекршување!

    [​IMG][​IMG]

    [​IMG][​IMG]

    [​IMG][​IMG]
     
    На Twinkles, blosson, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    ^^^A што кога повеќето чизми се со патент :?: Јас си носам, нема врска патентот :)
    Инаку, јас често го прекршувам правилото црвен кармин-неутрални очи :$ :lol: Мене за невечер ми е ко да сум без очи, знам и да ги направам поизразени, и така ми стои :wasntme:
     
    На MarchelineAmaru и annnni им се допаѓа ова.
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.131
    Допаѓања:
    88.389
    Пол:
    Женски
    За чизмите не се согласувам. Па баш со патент не се толку елегантни чизмите, па супер изгледаат со фармерки.

    Се согласувам со Кате21 и јас носам црвен кармин со изразени очи. Смоки ајс супер ми стојат со црвен кармин мх, мх :lol:
     
  14. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Се мисли на оние чизми со патент од внатрешната страна на ногата и до горе. Не знам јас од кога го слушнав си се држам до него, ни сама не знам зошто :?:
    А за ташна и чевли во иста боја нема шанси да ме видите во таква комбинација
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    - Teмно нашминкани очи, бледи усни, и обратно.
    Никогаш не комбинирај темна шминка со црвен кармин.

    - И да, потполно се согласувам со правилото или голи нозе или деколте, двете не ми идат некако во пар.

    - Летната гардероба си е летна, зимската зимска.
    Не може летен фустан (летно материјалче) да се комбинира со капути и чизми :x
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.328
    Пол:
    Женски
    Правилото црвени усни со неутрални очи може да се прекршува и пак шминката да биде успешна, само треба мноооогу да се внимава. Сепак таква шминка е за посвечени пригоди, инаку може да изгледа претерано.
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    Ако се нашминкаш со црвени усни и неутрални очи не можеш да утнеш (ако ти одговара нијансата на карминот, секако). Но ако имаш совршено прецизно нашминкани очи, совршено издефинирани образи, и совршени црвени усни - се добива претерано извештачен изглед, добар само за фото сесии.
    [​IMG]
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Ливинг, само да те надополнам, се зависи и од големината на очите и усните- секако дека ако имате мали усни или помали очи нема да биде многу нападно, ама ако имате поголема уста и крупни очи, сепак мислам дека делува многу нападно таквата шминка.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Апсолутно точно.
    Јас имам многу крупни очи, и средно голема уста. Кога ставам црвен кармин, очите ми се само исцртани со линија туш и имам малку руменило на розево.
    А кога носам некој неутрален кармин, очите ги правам затемнети со црна сенка.
    Вчера се шминкав со кафеаво-бронзено-зелено на очите и ставив кафеав кармин. Изгледаше супер.

    И уште едно правило што се однесува на шминката. Меѓутоа и ова правило има свои варијации.
    Бојата на ружот, приспособете ја на бојата на карминот.
    Не оди со црвен кармин, портокалови нијанси на руж. Или пак со кафеави тонови на кармин, црвенкаст или розев руж.
     
    На budala.sum-pa.sto и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    а дали важи правилово:
    бојата на шминката (сенките) да ти одговараат со бојата на облеката?? :^) :o
    јас мислам дека е безврска правилово..
    :|
     
  20. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Сега тоа јас ќе го кажев мислев дека никој не го потенцирал...
    А најгрдо ми е чизми за во лето и отворени сандали во зима, исто така и холохопки на отворени сандали.
    Заборавив: сомот и плиш никако во лето, и лен во зима.
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.