-Ако некогаш почнете да се двоумите да не сте малку престари за тој тренд..тогаш веројатно сте,освен ако не се викате Мадона... Е ова правило не е лошо малце да го прочитаат нашите теткици кои се во се поголем број.. џемпер до задник и хеланки на 60 е не оди -На работа, односно службен кодекс не дозволува.. маички на рамки,маички со провокативни натписи,латекс,тешка шминка,излупен лак,танги на видик, и по службен бон тон вели,никако не цели во бело (освен ако не сте пекар)
Пред некое време слушнав уште едно модно правило. Шпиц чевли треба да носат само високи,а ниските заоблени чевли.
Денес помина покрај мене една девојка со златни, ниски кондурчиња,црни тренерки, кратко кафеаво јакниче и еден тон шминка. Мислам дека прекрши едно добри петнаес правила Ама стварно, не знаев дали да се смеам или да плачам. Требаше само да и дадам линк од темава
Кај мене на факултет не сте свесни какви доаѓаат. А бе што нема да видиш. Ај ќе ви опишам еден стајлинг од една моја колешка што ја сметаме за моден гуру Дреч зелена скај јакна, со синџирчиња сребрени. Црни топуци. Црни панталони џвонарки.Црвен џемпер и тигреста мајчка. Накит со плави циркончиња. + фризура како што имаше тања савич кога почна да пее. За шминката нема да коментирам пошо е океј во споредба со другиот нејзин надворешен изглед Ај ако може да пресмета некој колку модни правила прекршила Ако имам некоја колешка сигурно знае за кој станува збор
Повторно налетав на статија. Овојпат за забранети модни трендови. Превземено од http://www.crnobelo.com/zivot/moda-i-ub ... i-trendovi 1. Видливи прерамки од градникот. Пред неколку сезони станаа прифатливи, а минатото лето и модерни. Сепак, тие можат потполно да го упропастат добриот изглед. 2. Сало на стомакот и т.н. спојлери. Никогаш и не било во мода, но затоа тука се тесните фармерки да го истакнат. Ако носите премногу тесни фармерки можеби и ќе успеете да ги закопчате, но вашиот стомак ќе изгледа преголем и нема да личите на ништо. Не се обидувајте да влезете во фармерки број 27 ако носите 28. 3. Фармерки со низок струк. Задникот надвор не е убава слика за околината и за вас. 4. Чизмите УГГ во комбинација со тренерки. Сите сакаме удобност, но мислете малку и на визуелниот впечаток. 5. Детинеста облека и фризура. Повеќето жени сакаат младолик изглед, но постојан нешта кои едноставно ги надраснуваме. На 30 и 40 години сигурно дека не личи да носите кики или машнички во коса без да изгледате смешно. 6. Носите хеланки како панталони. Хеланките ниту се фармерки ниту панталони. Тие бараат горен дел на подрачјето на колковите и задникот. Може да ги носите во комбинација со кратки сукњички, подолги џемпери и фустанчиња. Што мислите за овие? Јас лично се согласувам со речиси сите.
UGG чизми и тренарка - топ. Нормално сега, не за излегување, може за онака прошетка не кеј, или кога треба да отидам до кај другарка што е на 5-10 мин оддалечена Јас цело лето го прекршував ова кратки палатони и чизми, цело лето навечер бев во кратки патолончиња и ugg (не оние со крзно, јасно). Ладно ми беше на нозете коа по цели вечери дремевме на плажа, и мене одлично ми изгледа, од страна незнам како изгледало Не е некое правило што сум го прочитала некаде ама мене многу ми е за никаде коа ќе видам штикла шпиц со тесна фармерка. Шпицот и онака не ми се свиѓа, ама со широки патолони ми е убава комбинаци, али со тесна фармерка никако не ми иде. Ама повеќето правила се дефинитивно на прекршување. Има девојки кога ќе видам, облечени онака нормално, без утки, ускладена чанта со каиш и чизми, се на место.....ама некако како да ми фали нешто, ептен ми е обично, веќе видено и монотон. Затоа перферирам да има нешто што отскокнува.
Хехехех епа јас би прекршила повеќе правила од претходните 1. Зошто да не бели пантолони во зима. Си имам едни баш се и во материјалот и во се за во зима. 2. Патики со фармерки и некое блузиче(не преелегантно и кинџурено), како комбинација за денско излегување,па и некогаш вечерно - зошто да не. Не ми се сака штикли нон-стоп да носам 3. И хеланки со кратка блуза ми се допаѓа. Само не е за нашава земја(се поинакви сфаѓања имаме ние ццц) инаку прошетајте на север од нас и ќе видите.. . А овде носам така понекогаш за трчање и за на аеробик..за шетање не.
Гумени чизми со поелегантна облека Пред некој ден видов вака облечена девојка и си помислив кај и се очите, дали се погледнала?
Ич не ми се дпопаѓа а многу девојки носат: - капут и патики ( црн капут бели патики ) - лакована ташна и патики - хеланки наместо панталони - тренерки и јака шминка - деколте и голи нозе
Ауу и мене ова многу ми боде очи. Кога ќе видам елегантен, црн капут, со бели патики, или било каков спортски модел на патика, ми се крева коса. Капутот сам по себе налага носење на нешто поразлично, чизма, штикла, балетанка дури, само да е убава елегантна чевла. Не може никој да ме разубеди во спротивното, зошто премногу нестилски и неубаво за очи делува ова. Исто и лакованата ташна. Толку не естетски и селски, што ми иде да вриштам.
10 модни совети од Коко Шанел ~Луксузното мора да е удобно, инаку не е луксузно. ~Пантолоните ги ослободуваат жените. ~Совршеното здолниште треба да ги покрива колената. ~Обожавајте ги кратките црни фустани. ~Совршениот костим треба да биде комбинација од женствени и мажествени елементи. ~Јакните треба да се меки. ~Колку повеќе додатоци, толку подобро. ~Стилските чевли може да се во две бои. ~Чантата со рачка која се префрла преку рамото е најдобра бидејќи ги остава рацете слободни. ~Парфемот е исто толку важен колку и облеката. За некои правила се сложувам комплетно со Коко, а има тука и некои кои баш и не ми се допаѓаат. Но, со обзир на времето во кое живеела, сосема се разбирливи .
Девојки баш пред некој ден читав, забранети "модни трендови" оваа година. 1.Видливи прерамки од градникот 2.Фармерки со многу низок струк 3.УГГ со тренерки 4.Детинест стил и фризура 5.Носење на хеланки како панталони Исто така мислам дека едно од важните модни правила се средените нокти. А тоа дали чантата и чевлите треба да се во иста боја, мислам дека не. Многу холивудски ѕвезди го прекршија тоа правило, но треба да бидат од ист материјал
Еве денес што видов: Преубава девојка, висока , тенка ама хеланка сива, чизми над колена темно сиви, бела пократка маичка, бундичка црна и црни ракавици и капак на се кафена чанта и машна во косата.
Важно правило според мене: - Црвена и розева не одат заедно во комбинација или зелено во комбинација со црвено. (некој можеби вака му се допаѓа, но лично мене не ми е убаво)