А мене ми е глупо коа ќе облече некоја пример црвен фустан, црвени штикли и црвена чанта Или пак пример кремаст фустан, кремаста чанта и кремасти штикли и ниту еден различен детал. И можеби не е баш модно правило ама дефинитивно многу е грдо кога ќе видам некоја со несредени испукани и грапави петици а носи некои прекрасни штикли. Греота ми е за штиклите, да имаат таква газдарица не за друго Шала на страна колку и да се убави чевлите грозно изгледа.
црн градник на бела маичка како семафор да се изнамешам со бои а една со друга никаква допирна точка од глава до пете црно 2 различни цветни дезени или од глава до пети цветен дезен или анимал принт не доага во предвид ! ширкои пантолони и широка маица/кошула како вреќе неее !
Да,ке бидам офф топик бидејки со некои мислења не се согласувам т.е. не се за во оваа тема.... темата гласи МОДНИ ПРАВИЛА а не како нас ни се допаѓа кога ке видиме некој како е облечен или не ни се допаѓа,поконкретно за пред последното над мене мислење дека во иста боја не треба или не изгледа убаво да се носи без разлика која боја,црвена, кремова или каква и да е, ако тоа се искомбинира убаво и се износи како треба,правилно,ке изгледа убаво на нас. Секоја боја има повеке нијанси така што ако се искомбинираат ке изгледа убаво,пример за црвената боја можат чевлите и чантата во една нијанса,можи некој добар фустан во друга нијанса а накитот во друга значи да се знае да се искомбинира ке изгледа убаво и идеално. И да, пренатрупаниот накит на личноста е дефинитивно аут ... За секоја пригода постојат модни правила кои треба да се знаат,темава е ОДЛИЧНА за да се научи нешто +во врска со модата и нејзините правила,секоја чест за феминката која ја отвори
Сфаќам дека немаме сите средства да сме тип-топ за секоја пригода. Ама маичка без прерамки (од тие што од градите надоле се широки), морнарски стил, под тоа ролка, над тоа кожна јакна со нитни! WTF?! Еј да, и косата и беше пола фатена (не знам како поинаку да се изразам), шишките (да беа густи барем) ццц
http://www.youtube.com/watch?v=HdBLOw5JJoY Секоја чест за Criselle. Девојкава стварно знае што е , како е
многу убаво кажано, едноставно секој ден различна идеа, различно расположена...самите некои други фактори x y си носат идеи и комбинации.
Е за ова си во право и мене ми е многу грдо некој во бело да се облече за туѓа венчавка. Не би сакала на мојата да имам такви гости. На поканата место "поклон во плико" ќе напишам "не доаѓај во бело" Инаку според мене не треба да се носи - хулахопки на сандали - тренерки со ципела, сандала или чизма - да не имаш повеќе од три бои на себе - да не се комбинираат коцки и туфни или цветиќи и туфни, линии и коцки итн. еве сега за сега тоа ми текнува, ако ми текне уште ќе допишам...
Многу ме интересира што има сељачко во бела кошула и пантолони. Не ретко сум во кошула и пантолони (не ѕвонарки како на сликата) облечена. Ги имам во најразлични бои и дезени, па носам и за низ град, и факултет, па и во диско сум излегла така. Јас со кошулата сум сељанка, али евтини деколтеа и допичњаци се кул. Ја не го глеам сељачкото во сликава.
Црно со тегет? Да или не? Јас не можам да ја сварам комбинацијава, никако не ми оди.... Ама имам неколку тегет парчиња и приморана сум да ги комбинирам со црно.... Што мислите...? Иначе, јас комбинирам црно со кафеава, и е една од моите најомилени комбинации...
И јас не ја практикувам таа комбинација на бои (тегет со црно). И не ја препорачувам. Добро е некој контраст да се употреби - кремава боја, таа црвено-портокалева боја, ќерамидна..
Јас па ич неќам кафено црно, многу досадни бои две, никогаш не ги комбинирам зашто не ми се допаѓа таа комбинација. А тегет и црно ми одат, посебно ако тегетот е не многу темна нијанса, па и темна да е супер е. Teгет чорапа на све иде бре тегет-црно и кафено-сиво ми се најјаки зимски комбинации
Всушност, расоњерка во право си - зависи колку е тегет (чорапата ). Ете си постирала прекрасни комбинации иии... црно и кафеаво - да, зошто да не, особено кога има повеќе нијасни на кафеаво
Некои модни правила кои сте ги пишале се ок, ама има некои кое сте ги пишале врз основа на ваше видување и вкус. Така на пример црно и тегет делува многу убаво, едноставно, а сепак овие комбинации имаат некој шмек. Кафеаво и црно оде, ама на мене ми е најлошата комбинација на бои, но ако се додаде некоја 3 или 4 боја зошто да не. Патки и капут апсолутно не, ама јака шминка како на сликите што ги постирал Старфиш да. Не мора да значи ако ставеш јак кармин, сенката треба да е минимална. Се зависи од комбинацијата на бои. Ташната и чевлите да бидат исти, оддамна не е модно правило. Поинтересна е комбинацијата кога ташната е во сосема различна боја, ама треба да се внимава при комбинирањето. Розава и црвена одат, исто и црвена со лилјакова, како фустанот на Блер со сандалите, кои толку многу го критикувавте, а комбинацијата беше сон. Не мора 3 бои да имаш на себе, можеш и 5, и 5 различни ниајнси. Јас никогаш не носам 3 бои, секогаш повеќе. Зависи од пригодата најмногу. Ги почитувам некои основни модни правила, припазувам на комбинацијата со видот на материјалите, внимавам дали облеката е зимска или летна, а сите други ги прекршувам, ако воопшто се тие и модни правила. Јас би рекла дека кога е во прашање стил, правила нема. Стилот е индивидуален, па според тоа индивидуални ќе бидат и правилата. Како што читам овде и така е, секој зборува онака како што тој се носи. Почитувам девојки со стил, кои ги прекршуваат правилата. Девојки кои ги следат правилата, а изгледаат монотоно и досадно, се незабелжливи. Се знае што привлекува внимание.
Четири златни правила за деколте до папок (ако некој некогаш носи ) 1. Не покажувајте премногу кожа-одберете долг фустан или комбинезон како Хајди Клум, а не како Анистон 2. Фустанот нека биде што поедноставен, без светки и од што поедноставен материјал, не како оној на Гвинет Палтроу. 3. Не го прикривајте бледиот тен. 4. Ако деколтето го открива папокот, шлицот нека не биде до меѓуножје за да не изгледате како Лејди Гага
femina90 се согласувам.. не треба премногу да биде откриено целото тело АКО Е ОТВОРЕНО ДЕКОЛТЕТО..ДА БИДАТ ПОКРИЕНИ НОЗЕТЕ ИЛИ ОБРАТНО или.. да не биде нешто премногу накитено или светкаво Ако блузата или фустанот има декорација..нема потреба од накит..Може само дискретни обетки.. исто така со облеката која ја избираме..треба да гледаме да ги ИСТАКНУВАМЕ УБАВИТЕ ДЕЛОВИ , А ДА ГИ ПРИКРИВАМЕ НЕДОСТАТОЦИТЕ.
Секој си има свое мислење и вкус, ама чисто онака, да прашам. Висока чизма до колена, над колена и тесно фустанче, кусо, свечано НЕ ОДИ? ТАКА? Гледам и гледам и упорно гледам така дека носат и пак никако не ми оди. Се знае свечано и салонка или чизмичка до глужд тоа е ОК, ама ова ми е