И мене не ми одговара. Со извинение, ми делува страшно ефтино, некако безвкусно, да не кажам вулгарно и по малку к*рвински. Стои само ако си Џенифер Лопез и снимаш нов спот. Во други случаи не.
Јас да ви кажам право никогаш не се придружувам и не се водам според некои правила што се однесува на мода и комбинирање. Единствено нешто што не признавам е мешањее стилови, на пример спортска гардероба со нешто елегантно, патики и кошула/ капут и сл. или спортско фустанче со штикли. За све друго гледам да ми е комотно и пријатно, да се чуствувам убаво и да е адекватно со приликата. Носам бело во зима, штета што зимово се угоив, па белите фармерки ми пукаат, но убаво се чуствував кога ќе се овлечев цела во бело, ќе го наметнев омиленото розево плетено пончо и розевите чизми, едноставно дречев помеѓу сите црнила и сивила, ама убаво ми беше.
И јас сакам бои во зима. Не знам зошто сите се затвараат во црни капути и црни чизми. Опни бе, црвен капут, зелено шалче, весела чанта, да се разбие монотонија. Баш сега во Солун, натерав една другарка да си купи син капут, ама онака убава сина , наместо црн. До вчера ми се заблагодаруваше, што сум ја натерала да избере таков. Многу сме шаблонски облечени ние. Немаме смелост.
^^Па и јас тоа викам, зимно време прошетај низ плоштад и се што гледаш се темни бои, црна, сива, кафена. Оваа зима можда и малце се подосвежи со онаа сенф нијанса, како и со портокаловата, ама до лани реткост беше да видиш девојка облечена во посветли бои. Јас кога ќе се облечев дали во бело, розево, зелено...небитно ме гледаа ко чудак, и имав чувство дека и од хилихоптер некој може да ме забележи. Ама па гајле ми беше, мене ми беше убаво. И не, за мене не постојат зимни и летни бои, боја е боја, комбинација е комбинација, е сега не летна лелеава проѕирна сукња во зима, ама па дречави хулахопки, светли џемпери и фармерки, светол капут, светли аксесоари, зашто да не?
Не знам кој го измислил правилото дека ако имаш отворено деколте, мора да ти се покриени нозете и обратно, ама јас редовно го прекршувам Кога е комбинирано складно и со вкус, не знам зошто би давал ефтин изглед, барем спорем мене не дава
Единственото правило е ДЕКА НЕМА ПРАВИЛА !!!! Постојат трендови кои се следат или не , и постои стил но ретко кој го има .
Не се согласувам дека нема правила, има но има 2-3 или се бројат на прсти, кои ги знам ги применувам и никогаш не сум ги погрешила! Зa другите да не речам се добро модифицираат и комбинираат. Хулахопка со сандала, е класичен фаил за мене, или уште полошо со чорапа Ај да не речам како ми изгледа тоа.... Ич не ми е гајле ако Блер ги комбинирала и јас дека можам! Епа греши и Блер некогаш! Посељачки од тоа АМИН! Неможам да го смислам. И никогаш нема ни да го носам! Мешање на спортска со елегантна гардероба. Имам напревено таква грешка несвесно еднаш во брзање, ги натнав патиките и наместо јакната го земав капутот. Не ми текна одма дека сум највечи фаил на свет, туку ме гледаат само колешкиве збунети, што ти е! Ама ептен бев поспана и доцнев како и секогаш И едно правило кое не сметам дека не е за прекршување, т.е кое не сметам дека е правило! Прстен не оди со ланче мора само со алка, или пак ланче+обетки, прстен+алка! Не точно. Колку комбинации знам и носам секојдневно тотално распар. Обетки со прстен само, или ланче со алка. И не дека не се мешаат материјали и бои за накит, погрешно. Јас сум тука многу либерте, само разграничувам денски и ноќен накит, со поспортски(пообичен) и посвечен. Бисери се носат повеќе со свечени комбинации, и повеќе им прилигаат на дамите, не дека и нас помаладите не ни стојат, ама сепак дама знае како да ги носи. Едино што не мешам злато со сребро, ама тоа не ни носам. Бежутерија си мешам умешно! Но правам вака ако имам повпечатливи алки тогаш ланчето и престенот ми се поневпечатливи. Обетки кога носам големи и украсни ланчето ми е помало или прстенот. Многу сум чула сметаат ако носиш саат на таа рака не се носат алки. Мене баш ми е слатко алка до саат која одоговара со саатот. Јас не ми ја носела со 5 алки но со 1-2 зашто не Не сметам дека е морално ако алкта ти е бела мора и ланчето да ти е бело! Јас никогаш тоа не го носам така, или ептен ако се од ист комплет! Ама тоа ретко! И никогаш голи нозе со диколте-евтино е делува и ќе делува! Пoaрно цела голе биди, исто ти е ова последново е најлошо уште и диколтиран од напред да е
Не би се ограничувала со боите во зима освен нели поради практичност...не бива бели панталони да се носат на дождливо време, калови и сл. Повеќе би се ограничила на материјалот. Како што не оди џемпер во лето така не ми оди ни материјал како ленот на пример во зима. Или платнени ташни и сл. Модните правила секогаш се менуваат, ама па ги прифаќам само оние што ми се свиѓаат. Неверојатно е како модната индустрија влијае на тотално менување на мислењето на луѓето. Порано сите беа поконзервативни во начинот на облекување. Иста боја чевли и ташна, складни бои не повеќе од 3 во моментот. Еве конкретно пример од кога излезе трендот на колор блокинг почнаа да се мешаат некои бои и принтови што порано беа незамисливи. Пред некоја година ако се облечел некој така сите ќе го гледале како чудак, а сега си е најнормална работа. До некаде е добро затоа што не сакам премногу ограничувања и сакам да си го градам стилот како на мене ми одговара, ама до некаде ме нервира онаа униформираност и сите оние без'рбетници што до вчера се ужаснуваа на вакви моменти, а сега први шетаат во такви комбинации само затоа што е некој моден тренд. Може утре ќе биде модерно и тренерката горна да е бутната у фармерка па сите ќе се шетаат така
Девојки...ми треба ваша помош! Вчера си купив ташна ...1100 ден. големка е розова, со кафени прерамки.Сеуште не сум ја извадила етикетата, ама...се мислам да ја вратам или не ? дали знаете некој линк со ташни кои ќе бидат модерни оваа пролет/ лето и ваше мислење еве и слика слична на неа, иста големина, само розова а рачките и прерамката кафени
Потполно се согласувам. Панталони и бела кошула-класика. Никогаш не излегува од мода. Комбинација за секоја прилика. Дава впечаток дека девојката има вкус, елеганција, пристојност.
-Ужас ми е кога ќе видам девојка со патики (ама баш спортски), а на рамо носи модерна, голема кожна чанта, висечки обетки, и еден тон шминка. Па стави балетанки барем! -Втора варијанта - облечена во тренерки и патики, а шминка како за на бал + модерна ташна + гломазни обетки. -Капут и патики - се изнагледав вакви комбинации. -Холахопки/чорапи и отворени чевли/сандали - сите знаеме колкава утка е, ама за жал често гледам девојки така облечени. -Некои луѓе едноставно се пренатрупуваат! Кошула, па блуза, па џемпер, па наметка, па шал, па палто...итн... Тоа што е премногу не е убаво за очи. Треба поедноставно, ама со вкус. Продолжува...
За другите се согласувам но за овие ке искоментирам. - Хулахопки или чорапи ако добро се искомбинира знае да изгледа многу слатко покрај сите стереотипи. Доказ беше ако добро ме служи памтењето есен/зима 2010 ко ке пуштев FTV на скоро секоја ревија беше ова застапено. Нормално, може да изгледа невкусно да акнеш бела салонка напред отворена и месо боја хулахопки и да ти се гледа работ на хулахопката ама еве примери каде што изгледа сосема во ред: И да не заборавам, чорапчиња во пастелни бои со штиклички (отворени, затворени како ви одговара) се апсолутен хит оваа пролет, ви се допаѓало тоа вам или не. А за второто, не минатата, не 2010 туку баш годинава, оваа зима беше многу популарно слоевитото облекување. Не само сега, било кога ако е со вкус е баш симпатично. Никогаш не сум сретнала некој да се пренатрупа со блуза, џемпер, кошула, наметка, палто, јакна во едно освен некоја бабичка со проблеми околу одржување на телесната температура или човек што се враќа од скијање. Слоевитото облекување е супер ако кроевите и дизнајните одговараат. Не секогаш само едноставното е убаво.
Хеланки никако со кратка маичка за вечерно излегување, премногу изгледа евтино и невкусно.. единствено може за вежбање со патики и рамбовка. ВО друг случај никако!
И ја бев против кондура со отворен прст и хулахопки, се додека не си купив кондури такви и без хулахопки неможам да ги носам. Добро да сандала и хулахопки стварно ми е гупавo.
Стварно кафено и црно не одело заедно,модно правило било тоа? Прв пат прочитав за тоа сега во темава,а јас многу често си носам кафено и црно,посебно зимно време,веќе 4-5 години наназад,една од омилените комбинации во зима ми е кафено со црно.
Ете на пример ја сметам дека не секогаш тесното и краткото е секси. Посебно сеа летото кога ќе видам некои по полнички да носат тесни маички или фустанчиња се да им се оцртува,одма ми се стемнува ќе си носиш облека според телото,дури и да си по полничка има милион начини за да изгледаш секси,стилно и средено. Не ми се допаѓа комбинација на посветла и потемна нијанса на една боја. Да кажеме темно зелено,она војничкото и некое драч зелено. Значи не ми оди. Некоја светкава или натрупена блуза,маичка со ланче или други аксесоари плус. Изгледа пренатрупено и без стил Ако ми текне на уште нешто ќе пишам Сепак во модата,најголем впечаток ми оставиле оние кои ги кршат сите модни правила