Може овде да прашуваме кратки прашања околу облеката, аксесоарите и се` што ја сочинува модата, а го нема низ другите теми. Да почнам јас: Дали несомнено сите фармерки `попуштаат` после носење???? Бендисав едни фармерки има само уште едно бројче, ама не можам да дишам во нив. Материјалот е без ликра и мислам дека тешко ќе попуштат со носење. Ваши искуства?
Обично сите се опуштаат без разлика дали има ликра или не. Оние што немаат бар за пола бројче стануваат покомотни за разлика од оние што имаат ликра па се повеќе опуштаат. Се зависи каков е текстилот. Оној квалитетниот не се баш опушта. А и зависи колку ти се тесни, дали можеш да го закопчаш патентот. Сепак не би препорачала ептен тесна облека, лоша е за гениталии
Јас така еднаш убаво се зезнав Ми се допаѓаа едни фармерки, малку ми беа тесни и велам ај ќе си ги земам ќе опуштат. Ги зедов и тешко ги облекував оно со тек на време попуштиа секаде освен во коланот и ич не ми беа удобни. Ептен се кааам што ги купив, а и не беа ефтини, а јас неможам да носам нешто што не ми е комотно. Јас не би ти препорачала да ги купиш, најдобро прошетај низ другите бутици сигурно ќе најдеш нешто што ќе ти е точно и што е најважно удобно
Јас пак никаде по бутиците немам видено тексас јакни оваа сезона А инаку за сандали е рано, а за балетанки не е барем според мене
За балетанки не е рано,за сандалки рано е. А,за тексас-јакнички немам видено по бутиците,ама имам видено некои типки што носат. Дали и оваа пролет или лето ќе биде ИН vintage style?
Јас вчера носев кондури со отворено прсте напред, боса. И не ми беше ладно. Според мене ако не ти е ладно можеш да носиш, ако ти е рано е. Имаше еден куп девојки низ град со чизми
Стилот не е мода. Ако си го носиш винтиџ стилот ќе си го носиш секогаш, а не само во лето или ако е ин во некоја сезона.
Па добро јас во зима не би облекла винтејџ затоа што некако ме потсетува на пролет,лето и поубаво ми изгледа некако разиграно,а во зима капути,ролки,џемперчиња со убав принт или во боја. Инаку фала за одговорот.
Винтејџ стил не се само цветчињата кои се популарни кај нас, обувки или соодветен аксесорис ќе ти дадат стил на винтејџ грл, иако на тебе нема цветчиња. Еве на пример девојкиве се облечени во тој стил, а немаат цветни бои, ниту цветичи. Спојлер
Винитиџ. Така се вика. А ако зборуваме за трендот од лани, нема да биде толку популарен оваа година. Ако тоа ти е стилот, тогаш не треба да те засега дали ќе се носи или не. Ќе си носиш тоа што ти е убаво. А за сандали со отворен прст ми е way to early. Ако си со боса нога на 23 степени, на 35 како ќе одиш? Малку ја исфорсиравте пролетта. Малку повеќе.
1 - Мрежастите холахопки не се во мода или мислите дека секогаш ќе останат во мода? 2 - Гледам многу девојки низ град само со хеланки и блучка одзгора и скроз дотерани. Дали можам да облечам хеланки во спортска варијанта (наместо тренерки) за низ град?
Мое мислење дека мрежестите хулахопки нема секогаш да бидат во мода (можда така мислам дека многу не ги обожавам ) подобра варијанта ми се хулахопки со нежен дезен но мора да се внимава како се комбинира, со нешто поедноставно фустанче или сукничка за да дојдат до израз. А за хеланки - да може во спортска варијанта со подолга поспортска блузичка Спојлер да го покрива газето значи да не е се оцртано
Мислам дека треба да знаеш и умееш како да ги искомбинираш хеланките и да одбереш прикладни хеланки. Јас имам едни подебели се, не оцртуваат и ги носам со гаќи без раб. (само за трчање, ама досега не сум била така низ град, затоа прашувам) Но, има девојки кои облекуваат скоро провидни, слаби хеланки, со оцртани рабови на гаќите, дури се гледа и бојата на гаќите и оцртан видлив целулит. Спојлер А, хеланките се мелем за машките очи. Повеќе привлекуваат тие внимание, отколку и најмодерните фармерки. Така сум приметила.
Незнам зошто постојано зборувате како ако носиш хеланки со кратка маичка си провокативна и не изгледаш пристојно?!Јас НОСАМ хеланки со кратки маички,дуксерки..И кога тебе ти стојат тие хеланки што ги носиш и кога те оцртуваат убаво и ти го обликуваат испупченото газе,носи ги слободно.Можеш слободно да си облечеш хеланки.Искомбинирај ги и уживкај си
Добро јас не се доизјаснив, мислев кога ќе речам оцртано мислам не само на г*зето тоа е ок, и на тесни фармерки се оцртува , но напред оцртано мене ми е многу невкусно едноставно боде очи. А да Грл23 може да ги носиш зошто не, тие што велиш провидни не се ни хеланки иако сега девојкиве ги користат како хеланки, порано ги викавме диско чорапи а сега ги прекрстија хеланки па си ги носат како такви....