Дали би носеле кратки фармерски пантолончина,во комбинација со дебели хулахопки и некоја кошула ? Сега во овој период или срамота е ?
^ Aбре за срамота незнам дали е, ама не одоговара ич споед мене. Фармерски кратки панталончиња,мене ми се толку летни да се носат на боса нога. Посебно ако планираш со чизми да ги носиш, Џесика Сипсон ол овер аген, мојата омилена тема за хејтање. Ти ќе правиш како што си сакаш, најискрен одоговор, не идат ама ич. Одбери си некои дебелки зимски кратки панталончиња, имаше и во проданициве за ич пари. Со фармерски никако, лоша комбинација ми е ептен.
Зависи какви се пантолоните (со реси, искинати или класични) и колку дебели и каква боја се хулахопките?
Ташна окер боја, со кои други две бои најдобро би стоела? Ова ми е прво парче окер боја, дечко ми, ми ја поклони, и ја комбинирам со црно само. Предлог за бои и комбинации...
Светла розе, темна или светла сина, бела. Земи си и каиш со таква боја за да има повеќе согласност. Инаку, по интернетов има многу комбинации. Напиши си ја бојата и пребарај си. Сигурна сум дека тоа повеќе ќе ти помогне.
Ке носам црн фустан со мали бели коцки низ целиот фустан и црни штикли.Сега се мислам за кармин.Црвен или розев? Што е поубаво? И за ташна?! И бела сенка? Некои идеи?
Црвена чантичка за да се двои од целата комбинација и црвен кармин. Ноктите задолжително во црвено, можеш со бела нежна сенка да се нашминкаш или пак само туш на очите
Луѓе, на блиска свадба сакам да носам бел лелеав долг фустан. Што мислите за бел фустан на свадба, глупаво да не е? ПС. дилема ми е дали со црно или со златно да го комбинирам, што мислите и околу тоа?
Да, глупаво е.. скоро бев на свадба каде што јатрвата беше со долг бел лелеав фустан и многу неубаво изгледаше, како две невести да има, но секој со своите сфаќања, сепак изборот на тебе останува
Што мислите? (Модни совети) Што мислите..убаво ќе биде ако на моите штикли да им направам вака како на сликата?Бидејќи ми се широки малку,а сакам да ги носам.Нема да биде глупо?Траката ќе се гледа само малку,бидејќи ќе носам долги фармерки. Што велите вие?
Што мислите? (Модни совети) Вака убо ми изгледат.. штом ти се малце големи пробај напрај ги да не ти седат џабе а и ако испаднат убо не морат само со долги фармерки да ги носиш..позз
Во секој случај, немој, не ги прави вака. Мене премногу кичесто ми делуваат, врвки, машни, циркони... Плус, не сум баш сигурна колку ќе ти помогне ова за да не ти ,,шета'' ногата во нив. Купи си силиконски влошки, стави ги во штиклите, ем поудобно ќе ти биде - ем ќе го пополнат празниот простор, за да не ти клапаат. Немој за џабе да ги унаказуваш штиклите.
Незнам дали е ова надвор од темата, сепак за фармерките се работи Си купив кафеави пантолончиња, ама матријалот изгледа се погодил да се прават бубулици Пробав со жилет и со ножички ама не се тргаат убаво.. Дали знаете како можам да ги отстранам?
Се носат сега високи чизми? Низ град не сум видела некој да носи,но океј убаво беше времево па сите носеа патики.Но денес врни и се мислам дали да облечам чизми да не ми се смеат после?
^^ А ќе ти се смеат ако се разболиш од патиките кои ќе ти се наводенат? Чудни сте ми со вакви прашања...
Какви обувки се за ова време, за на фустан? Балетанки не ми е, оти многу дува ветар и од време-на време росе, а па чизми викам касно да не е?